Масони

zok

Член од
27 октомври 2008
Мислења
36
Поени од реакции
16
Познато е, секако. Aко оваа библиска реченица се вергла на форум ad nauseam (или ако се става у потпис) дали е тоа крунски доказ дека масонеријата директно комуницира со Авторот на оваа реченица кого го цитираше?
Не, но дава сосема доволен одговор на небулозите наведени во постот што го цитирав, а ако треба ќе болдирам на што реплицирав:
...
Нека биде светлина.Светлината е Луцифер а Луцифер спрема нашата вера е самиот ѓавол а спрема некои други не е ѓаволот туку друго битие
...
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545

Во ред, фала zok.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
`Нека биде светлина`
Спрема која библија ??Има повеќе завети запишано.А една има вистина која појма немаме која е историјата.Пак ќе напишам дека Масонеријата и паганството се многу блиску.Ритуалите се одвивеле и ќе се одвиваат со жртви.Е сега кој присуствувал на овие обреди знае како е тоа.
А повеќето Готски цркви се изградени на оние места каде што се одвивале ритуалите пагански а некој финансирал за да се изградат овие цркви така наречени господови.Абре луѓе они постоеле и пред многу векови пред Исусовото раѓање воскреснување и пред сите.Само што пред тоа биле нешто друго и секогаш било тајно.Благодарение на нетов сега па може да се прочита многу работи од кој,некои веродостојни а некои не.
НЕКА БИДЕ СВЕТЛИНА
Да ви запалам еден Фар ЈАК ПА ДА ВИДИТЕ СЕ
 
Корка брат, шо е многу -- многу е. Немој вака со „кому иде“ постови. Читни малце, обмисли, па пиши. За твое добро.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Брат ништо не е многу секогаш е малку.Имам прочитнато малку повеќе па пишувам.А за добро или лошо тука е за да коментираме и да даваме свои мислења.Лошо што би било.???Некој ќе ме најде ќе ми наштети???
 
Извини што ти се обратив, намерата беше добра, ама толку се разбираме. Никој не може да ти наштети повеќе отколку ти самиот. Терај си, Корка, мене не ми пречиш ни ти ниту било кој друг на форумов.
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Извини што ти се обратив, намерата беше добра, ама толку се разбираме. Никој не може да ти наштети повеќе отколку ти самиот. Терај си, Корка, мене не ми пречиш ни ти ниту било кој друг на форумов.
Намерата ја разбрав таман работа.Не се лути одма ееееееее знам дека просерувам ама таков сум јеби га.Само можеби се едуцираме на погрешни места.Јас на едно а ти на друго.
Дај некоја страна да читнам нешто,да се проедуцирам
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Намерата ја разбрав таман работа.Не се лути одма ееееееее знам дека просерувам ама таков сум јеби га.Само можеби се едуцираме на погрешни места.Јас на едно а ти на друго.
Дај некоја страна да читнам нешто,да се проедуцирам
Повели линк: http://www.erepublik.com/en/article/-1-1853248/1/20

P.S. После точка или запирка се прави празно место, па после се почнува со нов збор. ;)
Другар ти верувам дека гори од желба да ти каже, ама несака да ти ги навреди чувствата.:)
 
/МIRЧ3_МкД\

Временски патник
Член од
7 март 2012
Мислења
380
Поени од реакции
102
Еии бајаги се изнапишало за масонеријата , а алал да му е на тој шо ќе може да ги исчита сите 200 + страни.

Еве и јас да се умешам и да кажам дека ова со масониве посебно во денешно време ептен се искомерцијализира. Друштва на секој чекор никнуваат и згора на тоа се тепаат кој подобро ќе се изрекламира дека е дел од големата масонска ложа.

Значи за нивните вистински корени и сегашни постоења има милион книги и извори со најразлични теории ама неколку основи остануваат исти. Во Кодот на Да Винчи се вели дека наводно имаат потекло и од темпларите , кој пак ги основал некој си француски војвода ( го заборавив името ) со цел да ги заштитуваат пронајдените документи, докази , предмети од времето на Исус дека тој имал интимни односи со Марија Магдалена која подоцна родила негово дете. Тие ги заштитувале овие докази најмногу од црквата на која и пречеле и ги користеле за уцена и пари. Се придржувале и кон некои пагански обичаи кои ги изведувале во готските катедрали. Во овие катедрали започнале и првите основи на банкарството оти масоните на трговците и богаташите кои тргнале на долг пат им нуделе услуга од чување на парите за провизија. Подоцна нивната моќ се повеќе растела и денес оние правите масони се најбогатите и највлијателните луѓе или банкари во светот. Пишете листа на масони на гугл , ќе ви излезат огромен број на имиња за кои немора да значи дека имаат најдено цврсти докази.

За овој нашиот шо издаде книга и го имаше во емисија на чомовски , не верувам дека има многу контакти со некои од поголемиве риби. Можеби се прават некои бизнис зделки со слични друштва од други држави ама кој знае , ова е само моја претпоставка , искрено и неможам ништо да тврдам дека не сум премногу упатен во тоа.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
`Нека биде светлина`
Спрема која библија ??Има повеќе завети запишано.
Христијанската Библија се состои од два Завети - Стар и Нов. И двата се дел од Библијата, и двата се важни. Стариот е "договорот" кој Бог го прави со народот на Јаков (Израел), од кој народ произлегува човечката природа на Исус Христос (мајка му е Еврејка - а Божјата негова природа произлегува од Отецот, за да се формира на тој начин Тројството). Новиот Завет е "договорот" или "аманетот" што Исус го остава на целото човештво, а кој произлегува од Стариот. Разликата е во законите - Стариот има едни закони, кои Исус ги исполнува и со тоа го носи новиот Закон, Законот на Љубовта, Законот на Добродетелта. Сепак - во ниеден момент Исус не ги негира старите закони, особено не 10-те Заповеди, и потекнува директно од линијата на Давид, односно, со самото тоа од Авраам.
Ова за да се дознае и проучи, не треба некоја голема филозофија, ниту пак треба да се читаат којзнае какви тајни книги или специфична литература. Има само една Книга која го содржи сево ова - се вика Библија и ја има во секоја Православна Црква. Доста голема е и бара доста посветеност при читањето.
Што се однесува до цитатот - со тој текст почнува Библијата, книга Битие, прво поглавје, трет стих.
Ако ја немаш при рака - побарај тука: www.svetopismo.com.mk - ова е сајт кој е создаден и одржуван од МПЦ и ја има целата Библија (кај различните изданија побарај Библија МПЦ '90).

А една има вистина која појма немаме која е историјата.
Појма немам за што точно зборуваш.
Пак ќе напишам дека Масонеријата и паганството се многу блиску.Ритуалите се одвивеле и ќе се одвиваат со жртви.Е сега кој присуствувал на овие обреди знае како е тоа.
Кога последен пат си присуствувал на таков обред и каде?
А повеќето Готски цркви се изградени на оние места каде што се одвивале ритуалите пагански а некој финансирал за да се изградат овие цркви така наречени господови.
Да - финансирале верниците, за да се изградат тие цркви. Исто како и денес. Готиката е стил во архитектурата, не религиозна групација. Повеќето готски катедрали се католички, дел се протестантски - т.е. сите се Христијански. (сега, друга работа е дали ги прифаќаш католиците и протестантите како Христијани)
Абре луѓе они постоеле и пред многу векови пред Исусовото раѓање воскреснување и пред сите.
Постоеле одамна, но не пред сите - затоа што тогаш никој не постоел освен Бог, нели?
Само што пред тоа биле нешто друго и секогаш било тајно.
И како точно знаеш за тоа ако било тајно?
Благодарение на нетов сега па може да се прочита многу работи од кој,некои веродостојни а некои не.
Токму така - нешто е веродостојно, нешто не. Секој сам да си прецени на што ќе верува, на што не.
--- надополнето: 19 април 2012 во 04:59 ---
За овој нашиот шо издаде книга и го имаше во емисија на чомовски , не верувам дека има многу контакти со некои од поголемиве риби. Можеби се прават некои бизнис зделки со слични друштва од други држави ама кој знае , ова е само моја претпоставка , искрено и неможам ништо да тврдам дека не сум премногу упатен во тоа.
Живко Груевски е Голем Мајстор на Големата Ложа на Македонија и е признат масон насекаде во светот, соодветно има контакт со сите други Големи Ложи.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.126
Поени од реакции
12.109
Ако ја немаш при рака - побарај тука: www.svetopismo.com.mk - ова е сајт кој е создаден и одржуван од МПЦ и ја има целата Библија (кај различните изданија побарај Библија МПЦ '90).
Само да поправам: овој сајт не го одржува МПЦ-ОА туку една од многуте христијански цркви во Р. Македонија познати како Радосна вест, чија црква се наоѓа близу слаткарница „Апче“, веднаш лево во првата уличка. ;)
 
Член од
6 октомври 2011
Мислења
6
Поени од реакции
2
Да не забегувам многу од сегашната насока на муабетов, па кој може да ми одговори барем кратко само кој е статусот на оваа http://www.grandlodge.org.uk/ ложа . Тие имаат наведено дека се оформиле за да се ослободат од правилата или диктатурата на други ложи ! ?. А функционира и кај нас .
БлагоДарам
 
Благодарам за корекцијата - пред неколку години линкот го најдов на страница на МПЦ, па оттаму претпоставката дека е нивни сајт.
Инаку, најдобриот сајт за Библиско проучување е www.biblos.com.
--- надополнето: 19 април 2012 во 20:06 ---

Од аспект на регуларната масонерија - ова е нерегуларна ложа. Ако некој веќе се интересира од нерегуларни мешани (машко/женски) ложи, препорачувам да се провери ЛДХ.
 
Под ЛДХ мислиш на Le Droit Humain нели ?
Колку што сум запознат во Македонија не постои огранок од оваа ложа !?

И баш не ми е јасно морам да прашам :

На веб сајтот на http://www.grandlodge.org.uk/ , на главната страна го пишува следното

It was Dr.Annie Besant who said in 1927 at the Festival to commemorate the Founding of the Order of Universal Co-Masonry in the British Federation (later called International Co-Freemasonry Le Droit Humain).

Додека исто Ани Бесант ја сретнав како познат масон од ЛДХ , како што и големата ложа британска ја споменува дека ги обединила ко-масоните односно слободните масони.
Мислам зошто големава мешана британска ложа ја споменува , има ли заендички точки со ЛДХ , е дел од ЛДХ или зборуваме за сосема различни ложи и работи.

БлагоДарам
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Веднаш под тој текст, го вели следново:
So we, the new moderns, insist that, as we are unable to recognise International Co-Freemasonry, Le Droit Humain, and as an entirely British Organisation, we are now known to all as Freemasons, regardless of gender.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom