Има едно мало недоразбирање тука...
Првин околу донациите - масони многу често донираат сами средства, организираат добротворни акции и слично - но многу често самата ложа го прави тоа. Сепак - го прави анонимно, односно, речиси никогаш не се истакнува по медиуми и слично дека донирала. Секоја година милиони долари (буквално) од масонските ложи одат во разно-разни донации. Се разбира, многу полесно е и многу повеќе средства се собираат во Северна Америка, отколку во Македонија, заради бројот на луѓето, бројот на ложите, финансиската состојба на земјата во целост.
Но...
Да се навратам на првото прашање - зошто во група... Никаде не реков дека на човек му е потребна група за да верува во Бога и за да биде добар човек. Токму затоа - ова се предуслови за членство, а не целта на членувањето.
А колку до идејата - зошто не идивидуално, а во група - зошто луѓето одат в црква, а не се молат дома секој сам? Зошто луѓето играат фудбал во група, место да шуткаат топка сами? Зошто луѓето одат на концерти, наместо да слушаат музика сами? Зошто воопшто се социјализираат, наместо да бидат сами? Од истата причина, масоните се собираат во група - каде имаат истомисленици, луѓе со кои имаат взаимна почит, со кои можат да разменуваат ставови, идеи, да добијат совет, да помогнат со совет... Човекот е социјално суштество (Фала Му на Бога), и се што прави е на некој начин социјално ориентирано.
--- надополнето ---
доколку Масоните делувале како група еве да речеме 5-6 милиони колку и да се дадат по 1 денар тоа 5.00000 денари зарем таа сума нема да му помогне на секого , а сепак нема да ве оштетат вас.
Ова е исто интересен став... на кого точно ќе помогнат 5 милиони? На Македонија? На гладни деца во Африка, на поплавените во Пакистан, на болните од колера во Хаити, на луѓето што ги изгубија домовите во последните торнада во Америка, на сираците во Ирак и Афганистан......? Толку многу мака има на овој свет, што колку и да помага човек, секогаш има потреа од уште повеќе... така што - помагаме секој колку што може, и индивидуално и групно - но ни оддалеку тоа не значи дека ќе ги реши проблемите на светот.