Масони

Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Во тој случај извини што те замарав! Нема повеќе да видиш прашање од мене!
Немам проблем со прашања - но би сакал да се или досега неодговорени или недоволно објаснети прашања. Повторување на едно те исто по неколку пати е доста напорно.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Zidarski дали масонеријата има свој став за Хирам, дали е воскреснат или едноставно е закопан, или тој заклочок го остава за поединецот ? Како што имам читано, Тој бил закопан на планината Морија ( каде што воскреснал ) а потоа физичи телото му било префрлено и закопано во Храмот... и дали сеуште таму е неговиот гроб ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Zidarski дали масонеријата има свој став за Хирам, дали е воскреснат или едноставно е закопан, или тој заклочок го остава за поединецот ? Како што имам читано, Тој бил закопан на планината Морија ( каде што воскреснал ) а потоа физичи телото му било префрлено и закопано во Храмот... и дали сеуште таму е неговиот гроб ?
Има многу јасен став околу Хирам и тој е детално објаснет во самиот ритуал. Како што реков - причина за нејаснотии се разно-разни автори кои решаваат дека нивната верзија е поинтересна, па пишуваат се и сешто.
Хирам не е воскреснат! Убиен е, телото е погребано од страна на убијците без да биде обележан гробот (некои ритуали спомнуваат каде е местото каде е погребан, некои не). Кога е пронајден, телото е извадено. Ова е моментот што предизвикува многу автори да тврдат дека е воскресение. Има само еден проблем. При воскресение - телото оживува. Исус кога воскреснува, тој физички се пренесува во Рајот. Хирам Абиф е изваден од гробот - но и понатаму си е мртов. Погребан е со соодветните почести во Храмот. На англиски терминот е "Raising" - подигнување, додека воскресение е "Ressurection". Воскресение не е спомнато никаде во ниедна верзија на ритуалот.
И за пореден пат да повторам - не, Хирам во ниеден аспект не го претставува Исус, ниту пак има било каква врска со Исус.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Зидарски - Кралската Уметност ве учи по стариот или по новиот Еон...............И ако може мало објаснување што е тоа Еон?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зидарски - Кралската Уметност ве учи по стариот или по новиот Еон...............И ако може мало објаснување што е тоа Еон?
Еон означува доба, епоха, период. Во различни контексти, означува различни работи. Во астрономијата - милијарда години, кај Хомер - животен век, некогаш се користи за недефиниран период од време... потекнува уште од Санскрит, се појавува во различни варијации и во Старо Еврејскиот јазик...
Сепак - во Масонеријата, никаде не се спомнува, ниту пак има некаква улога. Така што - масонеријата не учи ни по нов ни по стар Еон.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
aha...............ok.........ne ocekuvav vakov odgovor, ama mozevi ne si stasan do taa lekcija ( Izvini )...................ili mozebi mene mi treba poveke prebaruvanje, kon ona sto sum trgnat.................pozdrav
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
ama mozevi ne si stasan do taa lekcija
Го обожавам ова објаснување...
Многу е интересно тоа - секој пат кога некој одговор нема да се совпадне со претходно изградените ставови и предрасуди на тој што прашува - веднаш следи репликата "ама ти не си стасан до таа лекција", или "уште не ти кажале тебе за ова"... Интересно е како сите надвор од масонеријата знаат повеќе за масонеријата отколку тие што се во неа.
Та... да се вратам на прашањето - стар и нов Еон не се спомнуваат во масонскиот ритуал. Уште помалку се учи по стар или по нов Еон.
Погрешни толкувања и погрешно разбирање од страна на некои автори доведува до доста чести заблуди.
Конкретната терминологија е присутна кај некои кабалистички автори, но најчесто е употребувана од страна на Алистер Кроули (стариот еон - Еон на Озирис, новиот еон - Еон на Хорус). Веќе многу пати имам објаснето дека Кроули не бил масон (иако тој самиот бил убеден дека е), така што неговите пишувања немаат никаква релевантност за темава.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Го обожавам ова објаснување...
Многу е интересно тоа - секој пат кога некој одговор нема да се совпадне со претходно изградените ставови и предрасуди на тој што прашува - веднаш следи репликата "ама ти не си стасан до таа лекција", или "уште не ти кажале тебе за ова"... Интересно е како сите надвор од масонеријата знаат повеќе за масонеријата отколку тие што се во неа.
Та... да се вратам на прашањето - стар и нов Еон не се спомнуваат во масонскиот ритуал. Уште помалку се учи по стар или по нов Еон.
Погрешни толкувања и погрешно разбирање од страна на некои автори доведува до доста чести заблуди.
Конкретната терминологија е присутна кај некои кабалистички автори, но најчесто е употребувана од страна на Алистер Кроули (стариот еон - Еон на Озирис, новиот еон - Еон на Хорус). Веќе многу пати имам објаснето дека Кроули не бил масон (иако тој самиот бил убеден дека е), така што неговите пишувања немаат никаква релевантност за темава.
Eve vaka moze, prifakam.........donekade...........mozebi...........pozdrav
 
Член од
27 октомври 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Здраво дечки воедно да ве поздравам јас сум нов член на форумов (извинете за отстапување од темата ) :)
Е сега во врска со темата .. Зидарски ти се восхитувам на твојата начитаност но имам само една забелешка, мислам немој да ме сватиш погрешно, не ми е намерата да те навредам. Да се биде човек и да имаш верба во Бога не ти треба никакво друштво. А уствари и самиот рече дека делувате индивидуално, а не како братство во делата... сакам само да ми кажеш па која е тогаш целта да се биде во друштвото, ти ако имаш средства и тоа те исполнува можеш да помагаш ... еве јас не сум у братство а и не можам да бидам затоа што не сум машко, а и кога би можела да бидам дел од братството не би сакала ... јас едноставно си се чувствубам исполнето кога на некого можам да му помогнам и да видам насмевка на неговото лице.На овој свет искрено му треба такви луѓе кој ке помагаат имате пофалба со самотеитбе за донациите и се, но сепак тоа си е ваш личен став не дека сте масони затоа што делувате индивидуално ... доколку Масоните делувале како група еве да речеме 5-6 милиони колку и да се дадат по 1 денар тоа 5.00000 денари зарем таа сума нема да му помогне на секого , а сепак нема да ве оштетат вас.Затоа не можам да бидам позитивна во врска со Масоните затоа што вие донирате а други не ... не може тоа да се рече дека е од Масоните... може да се рече дека еве Зидарски донирал :) . Поз друштво извинете ако имам некои печатни грешки на брзина го пишував постов од раб.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Има едно мало недоразбирање тука...
Првин околу донациите - масони многу често донираат сами средства, организираат добротворни акции и слично - но многу често самата ложа го прави тоа. Сепак - го прави анонимно, односно, речиси никогаш не се истакнува по медиуми и слично дека донирала. Секоја година милиони долари (буквално) од масонските ложи одат во разно-разни донации. Се разбира, многу полесно е и многу повеќе средства се собираат во Северна Америка, отколку во Македонија, заради бројот на луѓето, бројот на ложите, финансиската состојба на земјата во целост.
Но...
Да се навратам на првото прашање - зошто во група... Никаде не реков дека на човек му е потребна група за да верува во Бога и за да биде добар човек. Токму затоа - ова се предуслови за членство, а не целта на членувањето.
А колку до идејата - зошто не идивидуално, а во група - зошто луѓето одат в црква, а не се молат дома секој сам? Зошто луѓето играат фудбал во група, место да шуткаат топка сами? Зошто луѓето одат на концерти, наместо да слушаат музика сами? Зошто воопшто се социјализираат, наместо да бидат сами? Од истата причина, масоните се собираат во група - каде имаат истомисленици, луѓе со кои имаат взаимна почит, со кои можат да разменуваат ставови, идеи, да добијат совет, да помогнат со совет... Човекот е социјално суштество (Фала Му на Бога), и се што прави е на некој начин социјално ориентирано.

--- надополнето ---

доколку Масоните делувале како група еве да речеме 5-6 милиони колку и да се дадат по 1 денар тоа 5.00000 денари зарем таа сума нема да му помогне на секого , а сепак нема да ве оштетат вас.
Ова е исто интересен став... на кого точно ќе помогнат 5 милиони? На Македонија? На гладни деца во Африка, на поплавените во Пакистан, на болните од колера во Хаити, на луѓето што ги изгубија домовите во последните торнада во Америка, на сираците во Ирак и Афганистан......? Толку многу мака има на овој свет, што колку и да помага човек, секогаш има потреа од уште повеќе... така што - помагаме секој колку што може, и индивидуално и групно - но ни оддалеку тоа не значи дека ќе ги реши проблемите на светот.
 
Член од
27 октомври 2010
Мислења
3
Поени од реакции
0
Се разбира јас мислам дека децата во Африка се најзагрозени тоа се страшна слика ... еве да речеме секој месец да има такви акции за сите земји кој им е потребна помош се разбира најпрвин на тие што се најзагрозени. Македонија е загрозена само заради политиката, уназадени. Мислам пред да почнам да го читам форумов имав поинаква слика за Масоните, како и сите други мислев дека се најголемата трагедија во светов ...сега веќе не знам што да мислам ...мора да одам ќе допишам покасно и ќе потпрашам уште нешто се разбира не мора ни да одговараш. Поз
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
еве да речеме секој месец да има такви акции за сите земји кој им е потребна помош се разбира најпрвин на тие што се најзагрозени.
Тоа и се прави... постојано...
Сепак - главен фокус на масонските ложи е помагање во локалната заедница. Во САД, на пример - има Шрајн болници, кои се финансирани од Шрајн Редот (масонски ред) - и предоставуваат бесплатна нега за деца болни од ортопедски болести (пред се МС). Тука во Канада, преку донација од масонската ложа, се финансираше проект за кохлеарни импланти, за деца кои се или родени глуви или оглувеле уште како мали - и со помош на тој имплант сега можат да слушаат. Финансирањето траеше со години, во сите фази - од идејата, до финалната реализација. Се финансираат домови за жени и деца кои се жртви на домашно насилство (една од причините заради кои жртви на домашно насилство остануваат со сопругот кој ги тепа е тоа што немаат каде да отидат). Сега се финансира и проект за истражување во областа на детскиот дијабетис. Секоја година се финансира истражувањето на рак на простатата... Ова може некому да не му изгледа како битна работа, затоа што ефектите не се гледаат моментално, или затоа што на пример луѓето во Македонија нема да видат моментално фајде од ваков еден проект - но ваквите проекти го менуваат светот во кој живееме... глуви деца имаат можност да слушаат, ќе се пронајде лек за детски дијабетис, ќе се пронајде лек (или барем некаква помош) за рак итн...
Ефектот од овие донации е многу битен... самата ложа поттикнува некаков проект. Го помага со почетни средства - а потоа, самиот проект оди кај големи фирми, државни и меѓународни институции - но не веќе само како идеја, а како проект кој е започнат и кој ветува резултати. Тоа е можно, токму заради почетниот капитал кој е даден. Исто така - многу од браќата, често пати работат во фирми, министерства и слично - кои се во можност да донираат за вакви проекти, па ја пренесуваат информацијата на своето работно место (за работи за кои инаку можеби не би слушнале). Ред такви примери може да се дадат...
Добротворноста не е ниту основен, ниту главен елемент на масонеријата... но е многу битен елемент. Се разбира, повеќето од овие работи се прават тивко, без медиумска галама, па затоа и не се знае за тоа (што е и исправно).
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.475
Поени од реакции
81.923
... повеќето од овие работи се прават тивко, без медиумска галама, па затоа и не се знае за тоа (што е и исправно).
Ова особено го ценам.
Тука доаѓа до израз поентата на анегдотата, кога едниот Масон, по пружената помош на другиот, му вели: " - Не ти помогнав затоа што си Масон, туку затоа што сум јас Масон." За разлика од разните добротворни активности на разни други субјекти, кај кои се гледа дека повеќе труд е вложено во медиумската презентација на акцијата, отколку во самата акција.
Кога ќе направам добро дело, за кое никој не знае, тогаш сум најзадоволен. Бидејќи тука доаѓа до израз суштината на доброто дело, дека тоа е прв и единствен приоритет на самата таа активност, без никакви, макар и најмали очекувања дека наводно треба нешто да се добие за возврат (таквото нешто само ќе ја заматува чистата, искрена намера).
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Masonskata loza vo Makedonija - Zivko Gruevski


Васко Ефтов-Канал5




Part-1

Part-2

Part-3

Part-4

Part-5

Part-6
 
Член од
6 август 2008
Мислења
646
Поени од реакции
17
Ѕидарски, дали е точно дека jubala, jubelo и jubalum се тројцата убијци на Х.А ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom