Масони

Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Слободен човек, од историски аспект, има доста интересно значење.
Во средниот век, луѓето во селата биле крепосни селани и биле врзани за земјата на која живееле - дури не можеле да патуваат. Истото се случувало и со повеќето граѓани - не можеле да патуваат без дозвола, без да имаат документи во кои стои причината за патувањето итн.
Само неколку професии ја имале привилегијата на слободно патување, пред се - ѕидарите. Нивната работа била толку специфична, неопходна и ретка, што биле на висока цена и често патувале низ различни земји - за да работат на проекти. Но, за да се зачлени човек во нивната гилдија, морало да биде слободен човек - не смеело да биде крепосен селанец, за да не биде тоа во конфликт со феудалецот. Има теории кои велат дека ова оди многу поназад во историјата - се до времето на робовладетелството и периодот на градењето на пирамидите во Египет и Храмот во Ерусалим.
Сепак - денес, Слободното Зидарство е спекулативно, а не оперативно - така што и значењето на терминот "Слободен" има езотеричка природа, а не практична. Како ќе се толкува - тоа веќе не можам јас да ти кажам - секој сам за себе може да си одговори дали е слободен и што тоа значи за него...
Ок........Добро , ова го имаше пишувано и во претходните постови за "терминот" , очекував нешто повеќе, но и не е толку битно што очекував............продолжи нешто повеќе за кралската уметност, до следното прашање............поздрав

--- надополнето ---

Ке најдете нешто само барајте.
Ние ќе најдеме нешто, што ќе најдеме тоа.......туку ТИ КАЖИ МИ ШТО ЌЕ НАЈДЕШ........
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ок........Добро , ова го имаше пишувано и во претходните постови за "терминот" , очекував нешто повеќе, но и не е толку битно што очекував............продолжи нешто повеќе за кралската уметност, до следното прашање............поздрав

Без да имам конкретно прашање - многу тешко е да пишувам за било што... веќе има над 100 страници со информации.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Со што се занимавате? Масонеријата како Кралска Уметност би требало да ги изучува со нешто нејзините членови......за што истите би биле Масони........Што е тоа што може човекот да го направи од добар, подобар, најдобар.........Едноставно ако е Уметност би требало нешто да се изучува, нели , секоја уметност си има своја филозофија.............

Eve edna kopija od prethoden post.........odgovorot sto go dobiv na ova prasanje i ti samiot rece deka e oskuden,povrsen i kratok, pa ako moze da go prodolzis vo slednite postovi....pozdrav

P.S. Konkretno- objasni ja Kralskata umetrnost...........kolku sto mozes......normalno
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Низ интернет неретко може да се сретне тврдењево дека Алберт Пајк го има кажано следниов цитат:
Yes, Lucifer is God, and unfortunately Adonay is also god. For the eternal law is that there is no light without shade, no beauty without ugliness, no white without black, for the absolute can only exist as two gods; darkness being necessary for light to serve as its foil as the pedestal is necessary to the statue, and the brake to the locomotive…
Дали навистина за Пајк Луцифер има вакво значење?
П.С. Прашање до Зидарски: Кој степен сте во масонеријата? Доколку не ви е забрането да се даде одговор.
Поздрав.
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Ipsissimus - сите прашања што ги постави ги имам одговорено во детаљи веќе на форумов. Ако тебе те мрзи да разгледаш - зошто мене не би ме мрзело да одговарам на исти прашања по кој знае кој пат?! Без навреда - но... најмалку што може да се очекува од учесниците во дискусијата е да се запознаат макар и површно со текот на истата до сега.

Cudo - терминот "Кралска Уметност" не се однесува на нешто конкретно, ниту пак на некој конкретна уметност. Тоа е термин со кој се опишува масонеријата, и е изведено од термини употребени во масонскиот ритуал (иако никаде на едно место не стои "кралска уметност"). Околу тоа на што не учи масонеријата - тоа е темата на целата дискусија до сега. Претходниот пост беше многу конкретен во поглед на поделбата по степени, но е речиси невозможно да се зборува за оваа тема, без тоа да биде конкретно насочено. Има илјадници книги напишани на темава - и ако тргнам да зборувам општо, треба да напишам уште една тука на форумов... Едноставно форматот не е адекватен за толку општа тема.
Сепак, доколку сакаш повеќе информација во врска со ова, ја препорачувам книгата напишана од Големиот Мајстор на Македонија - http://www.scribd.com/doc/31531057/Regularnata-Slobodna-Masonerija-ZIVKO-GRUEVSKI

Ова е доста добар извор на информации на македонски јазик. Ако стоиш добро со англискиот - можам да ти дадам многу повеќе книги.
 
Книгата од Живко ја имам (ми ја поклонија), и ја имам прочитано 4-5 пати може и повеќе........ретко читам книги од компјутер, но не е лошо да ми дадеш и книги на англиски......поздрав
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Zidarski
Дали во ритуалот за трет степан се употребуваат зборовите "Ma-Ha-Bone" кога Worshipful Master му се обраќа на кандидатот ( Lions Paw ) ? И што значат тие ?
Дали од фразата која продолжува понатаму во неговото обраќање може да се заклучи дека " Масонските браќа треба да го емитираат Хирам Абиф за да влезат во рајот" ?
 
Употребата на конкретните зборови (како и знаци, поздрави и слично) - веќе имам кажано дека не би сакал да ја коментирам, уште помалку нивното значење.
 
El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
943
Zidarski знаев дека постот ми е наивен :) но сепак ... добив каков таков одговор ...:D
Дали масонските браќа треба да го емитираат Хирам Абиф за да влезат во рајот ?
Кои се погледите на масонеријата за Исус Христос ?
Дали се прави паралела помеѓу Хирам и Исус ?

P.S. знам дека некаде тука низ темава имаш споменато за коментирањето на знаци и зборови, но ако сакаш да повториш дали тоа го забранува масонеријата или лично вие неќете да зборувате за тоа ?
-Дали сте блогер ? -Ако сте, некои ваши блогови на оваа тема и секако ако може линк ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Дали масонските браќа треба да го емитираат Хирам Абиф за да влезат во рајот ?
Погрешно е дефинирано ова и е извадено од контекст. Ако се има во предвид - дали треба да бидат чесни, работливи и луѓе кои држат на својот збор, по било која цена - тогаш да. Но вака извадено од контекст, може да предизвика доста недоразбирања, затоа не е можно да се даде одговор без понатамошно прецизирање на прашањето.
Кои се погледите на масонеријата за Исус Христос ?
Никакви. Никаде не се спомнува, ниту има потреба да се спомнува.
Дали се прави паралела помеѓу Хирам и Исус ?
Никаде. Како што реков - Исус никаде не се спомнува, ниту пак има потреба да се спомнува.
Дали некои масонски автори прават таква паралела заради одредена симболика или заради нивни лични сфаќања - да, има такви - но секој има право на лично мислење. Јас тука се трудам кога пишувам општи информации да се држам до тоа што масонскиот ритуал го вели (а во случајов е многу експлицитно - никаде не се спомнува!), а кога кажувам лично мислење, обично тоа го потенцирам.
P.S. знам дека некаде тука низ темава имаш споменато за коментирањето на знаци и зборови, но ако сакаш да повториш дали тоа го забранува масонеријата или лично вие неќете да зборувате за тоа ?
Имам веќе зборувано за таканаречените "масонски тајни". Дел од формалните тајни се зборовите и знаците. Не е прашање дали се навистина некакви тајни или не - туку е прашање на личен интегритет. Јас сум дал збор дека одредени работи нема да коментирам надвор од братството. Ако го нарушам тоа - нема да предизвикам некоја штета, но ќе го нарушам сопствениот збор (што се разбира - нема да го направам). Токму тоа е поентата на тие "тајни" - тестирање на личноста и на вредностите на човекот. Ако некој од братството не е во состојба да сочува како тајна неколку обични зборови и знаци, како тогаш можам да му верувам утре со својот живот или со животот на моето семејство?!
За разлика од тоа - вистинската тајна на масонството е нешто што ниту може да се изговори, ниту може да се напише, ниту може да се слушне. Таа едноставно Е.

-Дали сте блогер ? -Ако сте, некои ваши блогови на оваа тема и секако ако може линк ?
Не баш. Пишувам за некои масонски интернет изданија, но тие не се за масовна употреба, туку само за масонска публика (и се разбира - таму не сум со ник "zidarski" :smir:).
Имав некои обиди за блог изјави, ама нешто не најдов заеднички јазик со блог форматот :jaj:.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ipsissimus - сите прашања што ги постави ги имам одговорено во детаљи веќе на форумов. Ако тебе те мрзи да разгледаш - зошто мене не би ме мрзело да одговарам на исти прашања по кој знае кој пат?! Без навреда - но... најмалку што може да се очекува од учесниците во дискусијата е да се запознаат макар и површно со текот на истата до сега.
Во тој случај извини што те замарав! Нема повеќе да видиш прашање од мене!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom