Масони

Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Ок........одлично.........Во следниот пост ако сакаш повеќе да се задржиш на Кралската Уметност.............Поздрав
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За почеток, погледни овде: http://forum.kajgana.com/showthread.php?834-Масони&p=2941978&viewfull=1#post2941978

Утре ако имам повеќе време, ќе пишам подетален одговор, ако не деновиве...
Дали масонството има врска со дивинација, алхемија и енохијанска магија?
И дали кабалата се изучува како уметност во масонеријата?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
CUDO - не сум заборавил - ми треба малку повеќе време за да можам да пишам нешто подолго и посериозно.

Ipsissimus - дивинација, не; алхемија - во страничниот ред наречен Розенкројцери; енохијанска магија - не баш, иако некои розенкројцерски фракции се занимаваат со изучување на магиските принципи; кабалата - се изучува индивидуално (и тоа многу), но не е дел од самата масонска структура (иако има многу влијание и пресечни точки - јас лично сметам дека изучувањето на кабалата е од суштинско значење за да се разбере правилно масонскиот ритуал).
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
E sega napravi popara kakva vrska imaat Iluminatite so 33ka Mason?I dali ako tebe ti dojde na umot da se snimis i izneses tvoi stavovi tie ke preminat vo fakti?
pa dobro be prijatele...........nema vrska toa so muabetot, bitno e samo da se vrzuvaat postovi BEZ VRSKA ..........................U KOLONA NA TALENTI, JEDINI TALENAT.......................POZDRAV
 
Член од
20 септември 2010
Мислења
7
Поени од реакции
0
Зидарски?
имам едно прашање.
Како можи илјадници години да постој масонството, кога сите во масонството се еднакви? Дали нема никој авторитет, или пак сите се авторитети?? Дали постои хиерархија?
Ако не постои хиерархоја како успеало да постој масонството? Основно правило да постои некоја организација е да постои хиерархија, доколку не постои, ќе настане анархија.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
pa dobro be prijatele...........nema vrska toa so muabetot, bitno e samo da se vrzuvaat postovi BEZ VRSKA ..........................U KOLONA NA TALENTI, JEDINI TALENAT.......................POZDRAV
Не е без врска постот , остај ти таа работа.
[video]http://www.pakistan.tv/videos-interview-with-ex-freemason-and-illuminati-leo-zagami--%5BTUdpJcHIfzw%5D.cfm[/video]
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Зидарски?
имам едно прашање.
Како можи илјадници години да постој масонството, кога сите во масонството се еднакви? Дали нема никој авторитет, или пак сите се авторитети?? Дали постои хиерархија?
Ако не постои хиерархоја како успеало да постој масонството? Основно правило да постои некоја организација е да постои хиерархија, доколку не постои, ќе настане анархија.
Се разбира дека има хиерархија - но исто така - сите се еднакви. Двете работи не се исклучуваат взаимно. Хиерархијата не е за да потчинува некого, туку за да раководи со работата. Членовите на таа "хиерархија" се избираат од редовите на членството и се менуваат секоја година - така што не ни може да станува збор за авторитет во смисла на "власт". Да бидеш раководител на ложата единствено значи повеќе одговорност и работа, но не и привилегија.
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Zidarski
Дали најважниот елемент во масонскиот симболизам се занимава со смртта, погребот и воскреснувањето на Хирам Абифф ?
Дали кандидатот за трет степен го портретира Хирам Абифф за време на ритуалот ?
Дали Хирам Абифф е масонскиот спасител ?

Ако може нешто повеќе да кажеш за поврзаноста на Хирам Абифф со масонеријата ?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Zidarski
Дали најважниот елемент во масонскиот симболизам се занимава со смртта, погребот и воскреснувањето на Хирам Абифф ?
Дали кандидатот за трет степен го портретира Хирам Абифф за време на ритуалот ?
Дали Хирам Абифф е масонскиот спасител ?

Ако може нешто повеќе да кажеш за поврзаноста на Хирам Абифф со масонеријата ?
Имам за ова зборувано претходно - но само на кратко:
- Хирам Абиф е еден од тројцата оригинални Големи Мајстори - едниот е Кралот Соломон (кој го гради Храмот), другиот е Хирам од Тир (кој го снабдува со материјали), третиот е Хирам Абиф (кој е главниот мајстор на изведбата на Храмот). Додека првите двајца се Библиски личности и нивната улога во Библијата и во Масонскиот ритуал е идентична, Хирам Абиф во Библијата е спомнат како син на вдовицата (исто како и во масонскиот ритуал), спомнат е само како главен мајстор на столбовите пред храмот (што е исто спомнато и во Библијата) - но во Библијата не е спомнат како главен мајстор на Храмот (нема таков податок). Исто така - во Библијата нема ништо спомнато за неговото убиство или нешто слично.
Тоа се е дел од масонската легенда. Но... има нешто многу битно (што е пренебрегнато од страна на многу масонски и квази-масонски автори) - Хирам Абиф не воскреснува! Тоа го нема никаде, во ниеден масонски ритуал. Тој е подигнат од гробот - но не е воскреснат! Напротив - масонскиот ритуал потоа дава детално објаснување за неговото повторно погребување (што не би имало никаква смисла ако воскреснал).
Не, Хирам Абиф не е масонскиот спасител! Нема такво нешто.
Хирам Абиф, поточно, легендата за тоа што му се случува на него - е симболичен приказ на вредностите на човекот. Пример за тоа дека не треба да се плашиме од смртта. Исто така - човек кога станува свесен за сопствената смртност, само тогаш е во состојба да го оцени животот, и (се надеваме) да го искористи во целост, да го исполни, да не го троши залудно. Секој ден може да е последен, и прашањето е дали во тој последен миг, ќе можеш со чиста душа, со чиста свест, со внатрешен мир да ја прифатиш или тоа ќе биде со страв и со чувство дека имаш недовршена работа...?
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
a jas cekam?????????
Само затоа што прашањето кое го постави е премногу опширно за да се одговори на брзина... (иако ако прегледаш низ последниве 100-тина страници - ќе најдеш многу одговори на таа тема напишани од мене).

Ќе се обидам накратко, па понатаму ако можам ќе навлезам во детаљи.
Масонеријата има три степени. Секој од тие три степени има свој "ритуал". Ритуалот се состои од серија од лекции, кои се пренесуваат од колено на колено со векови. Се пренесува на кандидатот во форма на (најблиска аналогија што можам да дадам) театарска претстава. Членовите на ложата имаат научен текст - лекциите се пренесуваат од збор до збор и не е дозволено никакво отстапување од текстот. Кандидатот за соодветниот степен - е дел од таа претстава - на него му се пренесуваат тие лекции, кон него се насочени.
Лекциите (текстовите - на англиски термините се "lectures" и "charges" - што на македонски веројатно би се превело како "должности") се однесуваат на различни работи во различните степени.
Во првиот степен, фокусот е на личноста, на односот на човекот кон себе, кон луѓето околу него и односот негов кон светот воопшто. Поуката е да се држи до моралните вредности, да се помага и на ближните, но и на незнајните, никогаш да не се поставува над другите луѓе, туку секогаш да помни дека и тој е само обичен човек, кој треба да помага. Секогаш да се труди да ја задржи хармонијата во ложата, но и во општеството, да не осудува никого заради неговите религиозни ставови, и никогаш да не напаѓа друг, заради тоа што е различен од него. Секогаш да помни дека само преку чист и морален живот, ќе може да застане пред Големиот Архитект како праведен и достоен човек.

Во вториот степен - фокусот е на "мистериите" на природата и науката. Кандидатот се поттикнува да се посвети на изучување на науката и уметностите, за подобро да го разбере светот, за подобро да ги разбере луѓето, за подобро да ја разбере Божјата творба (Универзумот). Се поттикнува на праведност, умереност, стабилност во се - не само во јавниот, туку и во приватниот живот.

Во третиот степен - фокусот е на духовноста. На личната духовност, на себе спознанието. Кандидатот се поттикнува да се разбере себе си, за да може да го разбере светот околу себе. Се поттикнува да не се плаши од смртта, затоа што само така може да биде слободен, и да живее исполнет живот. Ако човек е во состојба да го сфати и осознае најтемниот и најмрачниот момент од својот живот (умирањето), тогаш може да разбере се останато и да ја најде смислата во се останато. Се поттикнува да се грижи за своите браќа и нивните семејства, доколку за тоа има потреба.

Ова е во кратки црти... Ритуалот се изведува секој пат исто (за секој степен), но секој пат, човек наоѓа нешто ново во него, открива некој нов детаљ, некој нов слој непознат дотогаш и научува нешто ново. Има членови кои се таму повеќе од 50 години, и сеуште учат. Ако некој помисли дека неговото учење завршило и дека нема потреба да се усовршува - на погрешно место е.
 
Член од
10 јануари 2009
Мислења
289
Поени од реакции
3
Одговорот е одличен..........во претходните постови го имаш објаснето термионот СЛОБОДЕН човек но само накратко........ако сакаш да напишеш нешто повеќе, бидејќи имам прочитано, дека и не е така едноставно сватен тој термин од масонеријата.........и може да продолжиш да објасснуваш за кралската уметност.....поздрав
 
Член од
19 август 2008
Мислења
848
Поени од реакции
130
Одговорот е одличен..........во претходните постови го имаш објаснето термионот СЛОБОДЕН човек но само накратко........ако сакаш да напишеш нешто повеќе, бидејќи имам прочитано, дека и не е така едноставно сватен тој термин од масонеријата.........и може да продолжиш да објасснуваш за кралската уметност.....поздрав
Слободен човек, од историски аспект, има доста интересно значење.
Во средниот век, луѓето во селата биле крепосни селани и биле врзани за земјата на која живееле - дури не можеле да патуваат. Истото се случувало и со повеќето граѓани - не можеле да патуваат без дозвола, без да имаат документи во кои стои причината за патувањето итн.
Само неколку професии ја имале привилегијата на слободно патување, пред се - ѕидарите. Нивната работа била толку специфична, неопходна и ретка, што биле на висока цена и често патувале низ различни земји - за да работат на проекти. Но, за да се зачлени човек во нивната гилдија, морало да биде слободен човек - не смеело да биде крепосен селанец, за да не биде тоа во конфликт со феудалецот. Има теории кои велат дека ова оди многу поназад во историјата - се до времето на робовладетелството и периодот на градењето на пирамидите во Египет и Храмот во Ерусалим.
Сепак - денес, Слободното Зидарство е спекулативно, а не оперативно - така што и значењето на терминот "Слободен" има езотеричка природа, а не практична. Како ќе се толкува - тоа веќе не можам јас да ти кажам - секој сам за себе може да си одговори дали е слободен и што тоа значи за него...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom