Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Јамајка, јас верувам дека многу покомотно ќе се чувствувам доколку пишувам радикални ставови по ова прашање, како што го прават повеќето македонци на темава...од некое удобро столче во богата западна држава. Во моментов сум во Македонија, до кога - не знам. Најверојатно до оној момент кога ќе се прелие чашата.

До тогаш, да им порачам на сите македонци и албанци кои се надвор од македонската граница (со намера да останат таму кај што се), да не јадат многу вафли на меѓуетничка основа бидејќи нив газот им е на сигурно.
Незнам што ти беше целта на предговорот, ама ако целеше на мене, ќе ти кажам дека сум во Чаир јас моментално. Мојот став е дека војна не ни треба. Така да не спаѓам во тие на кого си им се обратил.

Дали ќе егзекутираат некој рандом граѓанин, ќе ме заколат мене или пак ти ќе избегаш, целта е постигната, еден чекор се до тоа што го посакуваат тие на коишто им ги должиме овие настани.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Си ме сфатил погрешно.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.493
Поени од реакции
27.314
Си ме сфатил погрешно.
Како и ти мене претходно!
--- надополнето: 3 мај 2012 во 03:45 ---
По мене, не се тие од страна што долеваат масло на огнот, туку во ваква ситуација многу тешко се канализира бесот кај Македонците. Очигледните пацерски пропусти, како да повикуваат на реакција. Тоа е нешто што не смееме да си го приуштиме во НИКОЈ СЛУЧАЈ.
--- надополнето: 3 мај 2012 во 03:50 ---
Но исто така треба да се даде до знаење дека тука е границата. Дека и да сакаме неможеме повеќе да контролираме. А не да најавуваме евакуација.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Но исто така треба да се даде до знаење дека тука е границата. Дека и да сакаме неможеме повеќе да контролираме. А не да најавуваме евакуација.
Се согласувам со тебе.


Ќе споделам нешто од еден бранител, убаво нека го прочитаат сите на кои им е до војна:

И ... Еве ме пофторно на ФБ.... Жив............................а за здрав....од 2001 година наваму ........ неможам да кажам ниту напишам.... ... После ранувањето кое го задобив откако при редовна контрола во граничен појас село Дворце према село Радуша налетавме на поставена заседа на патот ( организирана од доскорешниот пратеник, а тогаш селски учител, од неодамна директор на Македонски пошти) од село Радуша Скопско--- Рафис Алити-( Како командант на воените единици на УЧК за радушкиот регион) и... дезертираниот полициски резервист од с. Дворце и командир на полициските снаги на УЧК за радушкиот регион Адем Адеми....каде прво со една испукана ракета од РПГ рачен фрлач, која со свртување во десно со возилото Југо 55, се обидовме да ја избегнеме,но не погоди во левото предно тркало и при експлозијата на возачот(Трпевски З.) му го разнесе левото колено. При нашиот обид да го прегазиме напаѓачот (Командант Хоџа од УЧК),оштетеното возилото не влечеше десно кон амбис према реката Вардар, по што откако го изминавме на растојание од пет метри од позади нас го испука фториот проектл од РПГ рачниот фрлач, при што преку петата врата на багашникот која самата се отвори поради турбуленциите во и на возилото и проектилот падна и експлодира во самиот багашник од која експлозија, јас и возачот буквално бевме исфрлени надвор од возилото во амбисот према реката Вардар, додека полицаецот (Киров Д.) кој седеше на задното седиште од експлозијата беше изгорен во горниот дел на телото и главата и беше фрлен на подот помеѓу седиштата. По незнам колку време во бессознание, страотна пукотница и вриштење ме разбуди при
што прво го засолнив ранетиот колега З. покажувајќи му како да ја држи со рака покриена раната на коленото, а јас со автоматската пушка која цврсто ја држев уште пред самата експлозија репетирав се искачив до возилото и откако видов каде се наоѓаат напаѓачите почнав да пукам. Беше рафално и брзо го испразнив оквирот, а за цело тоа време ранетиот полицаец внатре од возилот викаже по мене...... Заменик вади ме од возилото. ........Возилото беше изрешетано, капеше бензин од резервоарот и секој момент можеше да се запали, јас ја отворив задната десна врата и полицаецот го повлеков према надвор ( истиот беше облеан со крв и ништо не гледаше), но ползеше. Го одведов со ползење до другиот колега и им реков да чекаат тука, а јас се вратив назад се качив до возилото...свиреа куршуми, рафали одекнуваа а летаа и нови гранати од РПГ, но јас морав да влезам во возилото и да ги земам автоматите на моите колеги и нашите раб торбици со резервни оквири со муниција, кое го сторив и пукав со сите три автомати од три страни на возилото према напаѓачите од УЧК.... Второто возило кое беше 50 метри позади нас--- Лада нива со тројца полицајци, откако не погодил и вториот проектил и одекнала експлозијата.....мислејќи дека сме мртви...со голема брзина .. прошишале покрај нас и напаѓачите и иако ранети и изрешетано возилото... стигнале на пунктот со полицајци лоциран на два километри од местото на заседата... и...... кажале... дека сме мртви... А јас цели четириесет минути пукав не дозволувајќи на напаѓачите да се доближат....Дури и по рачна радиостаница се обидував да воспоставам контакт и побарам помош, но поради длабнатината во која се наоѓавме немаше прием, а се обидував и по моб. тел... но бројот на ПС Рашче лоцирана во село Радуша....беше зафатен... и конечно добив врска и побарав помош....Испратија еден хермелин од караулата на АРМ- Радуша... која не евакуира до пунктот на полиција, а од таму....откако ги преврзав двајцата ранети полицајци и ги упатив со возило према Воена болница Скопје.....осетив јаки болки во десниот дел од колкот и паднав.
Се освестив во возило на АРМ на пат према болница..... Од нападот 11 та година сум со шрапнели во десната страна од телото, раката и ногата, оштетување на слухот 95 %, повреда на кичмата, ангина пекторис со комбинација на асматичен напад( застој на дишење и работа на срцето) кое се јавува за 11 години 13 пати. При последниот пад и застој на дишење и работа на срце.. пред месец дена добив САХ трауматик (повреда на главата со внатрешно крварење и одземање на рацете, нозете и видот.. проследено со вртоглавица и по месец дена еве ме повторно ........... Вака одприлика изгледаат дел од моите последици од 2001 година,(останатите не се за кажување) кога при вршење на служба во МВР на РМ бев повреден во 2001 година... а за последиците на моето семејство кое е со мене во секој лош или добар момент... немам зборови за опишување........................ И полицаецот кој го извлекував од возилото.. Судот му досуди соодветно обештетување, а мене и на возачот на кој му е пресадено вештачко колено и ден денес куца.. Судот пресудил дека не не следува обештетување...... Исто и со полицајците од возилото Лада кое беше позади нас и со нас во патрола на теренот, судот на едниот полицаец-возачот.. му досудил дека го следува и соодветно е обештетен, додека за другиот истотака тешко ранет полицаец.. судот пресудил дека не го следува обештетување......... .............................................. Ај судот незнае, ами МВР нели знае, Владата нели знае, врховниот командант Ѓорге Иванов нели знае, македонските политички партии што се во Собранието на РМ нели знаат, би ТРЕБАЛО ДА ЗНААТ БИДЕЈЌИ НА СИТЕ ИМ ПИШАВ, А И ПРЕС -ПРОТЕСТ НА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА 7 МАЈ ПРЕД ЕДНА ГОДИНА ИМ НАПРАВИВ.......ШТО УШТЕ ДА НАПРАВАМ......... НЕМАМ УМ....................................................
Текстот ме принуди да го напишам... револтот на еден од необештетените полицајци кој ме посети во болница и на докторите им се закани дека мора да ме излечат....ЗАТОА ШТО СУМ ИМАЛ НЕЗАВРШЕНА МИСИЈА.... СЕ МЕ СТРАВ ДА НЕ ЗАВРШАМ...ПРЕД мисијата::::::
http://www.facebook.com/photo.php?fbid=350477104999186&set=a.158928704154028.35496.100001106999076&type=1&theater


П.С. Моите побуди за наоѓање подобар живот надвор од границите не се меѓуетничките односи или слично...причините се економско-материјални. Владава работи турбо на тоа поле, до толку за да посака човек што подалеку од тука да се пресели.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Се согласувам со тебе.


Ќе споделам нешто од еден бранител, убаво нека го прочитаат сите на кои им е до војна:
http://www.facebook.com/photo.php?fbid=350477104999186&set=a.158928704154028.35496.100001106999076&type=1&theater
Ацо Стојановски.:cuc: Различни фаци 11 години се без храброст да го погледнат в очи, остана сам на последната годишнина од масакрот кај Вејце.
 
M

Moon Child

Гостин
Ацо Стојановски.:cuc: Различни фаци 11 години се без храброст да го погледнат в очи, остана сам на последната годишнина од масакрот кај Вејце.
Кога сме кај масакрот од Вејце. Текст што го прочитав летото кога ги амнестираа учките.

Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од Вејце и од Радуша. Длабоко во мене се уште ми е мачнината од Вејце, кога си ги видов измасакрирани другарите и кога прстите ми пропаѓаа во нивните јагленосани тела, додека ги качувавме во возилата. Кога Вејце понекогаш ќе ме остави на раат да отспијам малку, тука е Радуша да ме стресе и да ме потсети на 40-часовните рафали врз нас".

Полицаецот Саше Гилевски од Битола вака го почнува секое негово сеќавање на 2001, не можејќи да избега од она што им се случувало на бранителите. Денес се уште е во МВР, а истовремено е претседател на битолскиот полициски разгранок на здружението "Достоинство".

Гилевски, меѓу колегите и другарите познат како Качо, учествуваше во конфликтот во 2001 како командир на вод во битолската посебна полициска единица. Тој е првиот македонски бранител кој пристигнал заедно со своите колеги, со "волците" и со "тигрите" на местото на масакрот кај Вејце во 2001. За него Вејце е најужасната работа што му се случила во животот, а по неа се борбите кај Радуша. Качо е силен грамаден полицаец. Кај него не може да се види ни малку страв. Ама, вели, очите го издаваат, во нив му се сликите од загинатите другари.

"Во МВР сум од 1992 година. Уште од првата година сум припадник на битолската полициска посебна единица. Во конфликтната 2001 бев вклучен од самиот почеток, од случувањата во Танушевци, кога на трети март 2001 бевме мобилизирани. Патролиравме 14 дена по целата околина на Танушевци, а потоа, во координација со 'Тигрите' имавме организирани упади во потрага по униформирани припадници на УЧК. Во април бевме преместени во Тетово каде што ја заменивме прилепската посебна единица. Патролиравме низ тетовските села, во координација со армиските 'Волци'. Немавме командир на единицата туку јас и уште еден друг командир на вод ја водевме целата единица", се сеќава Саше. И тамам помислиле дека се брзо ќе се среди, дека конфликтот ќе помине само со дотогашните ситни инциденти, се случи масакрот кај Вејце, кога беа убиени, измасакрирани и запалени осумтемина македонски бранители.

На 28 април 2001 патролите од тетовската касарна ги добиле задачите која каде ќе оди. Едната патрола требало да патролира од 10 до 15 часот од Бродец до Шипковица, а втората патрола на релација Селце - Вејце од 17 до 20 часот. Утрото добиле информација дека некој рибар тоа утро пријавил оти видел 20-ина припадници на ОНА над Бродец.

"Јас со уште седум мои полицајци и командирот на 'Волците' со седум негови специјалци околу 10 часот се упативме кон Бродец. Го проверивме селото, дури и зборувавме со мештаните дали некој ги малтретира, дали имаат некоја мака. Се беше најнормално, дури бевме и во две чајџилници и најнормално разговаравме со луѓето. Особено прецизно го проверивме делот над Бродец каде што рибарот, наводно, видел униформирани лица. Немаше никакви траги. Се беше во ред и отидовме и до Шипковица. И таму се изгледаше најнормално, па некаде по 15 часот се вративме во касарната во Тетово каде што бевме позиционирани", раскажува Саше.

Во касарната ги наполниле возилата со гориво за да бидат подготвени за следната патрола која оди кон Селце и Вејце. Во 17 часот патролата тргнала. Во првото возило биле "волците", во второто полицајците од посебната единица, во третото пак "волци" и во последното полицајци.

"Замина патролата. Во 17.45 добивме повик од полицаецот Илче дека се нападнати меѓу Селце и Вејце. Веста за нападот ме затече на јадење. Оставив се, го ставив панцирот, го зедов автоматот и веднаш ја активирав единицата. За пет минути бевме спремни за тргнување. Кога излеговме во дворот на касарната, 'волците' беа веќе тргнати пред нас. Постојано на линија бевме со командирот на 'Волците'. Тие ја фатија горната позиција од кај сртот на планината, а ние од долната страна од кај длабината. Додека одевме кон местото на нападот, им јавивме и на 'тигрите' и на околу 500 метри пред местото на крвавиот настан стасавме заедно со нив. Претпазливо се приближувавме кон местото бидејќи не знаевме што навистина се случува таму. Имавме само штури информации дека има ранети и ништо повеќе. Јас и уште еден колега одевме први. Кога наближивме до местото, прво што видовме беше нашата полициска 'лада нива'. Дојдовме до неа. Таа беше издупчена целата. Баравме ранети колеги да им помогнеме. Продолживме повнатре, кон свијокот каде што беа другите возила", со мачнина раскажува Саше, чкрипејќи со забите и стегајќи ги тупаниците од лутина и бес.

"Следната глетка беше ужасна. Возилата се уште гореа, а насекаде се ширеше неподнослива смрдеа од изгореното. Кога влеговме во засекот каде што беше извршена заседата, ги видовме трите возила. Цело време бевме на штрек. Полека дојдов до второто возило каде што беше сега починатиот Илче од селото Породин. Беше под 'хамерот' и само нозете му се гледаа. Го фатив да го повлечам, да го извадам, надевајќи се дека е жив. Кога го извлеков, видов дека еден дел од неговото тело му го нема. Наеднаш исповратив. Брзо се созедов и, полн со бес и гнев, гледав каде да го допрам да му го опипам пулсот. За жал, беше мртов. Едвај се созедов. Тогаш забележав неколкумина од 'волците' кои се собраа кај второто возило и отидов и јас таму. Тоа беше возилото на полицајците. Имаше тројца полицајци на земја. Двајца беа блиску еден до друг, а третиот малку понастрана. Беа целосно изгорени. Ништо не им се познаваше на нив, ни лицата. Уште гореа и тлееја. Од оклопното возило со кое дојдоа 'тигрите', извадивме противпожарни апарати за да гасиме. Почнавме да ги проверуваме и полицајците и 'волците' дали има некој жив. Беше ужасно. Беа изгорени, измасакрирани. Се гледаше дека беа бодени по главите, им беа гмечени лицата како sверови да ги нападнале. Целото место смрдеше на изгорено месо. Таква слика не се опишува. Тогаш ги паркиравме возилата за да ги качиме нашите мртви другари. Не знаете каков гнев имаше кај сите нас тогаш. Бевме бесни како никогаш дотогаш. Слушнавме рафали кон селото Вејце. Веднаш му се јавив на колегата од 'Волците' и тој ми кажа дека од висината на која беа тие забележале униформирана група и запукале по неа", се обидува Саше да најде зборови да го опише, како што вели, тоа што не се опишува зашто само душата му знае што видел таму и како му било да си ги гледа другарите sверски измасакрирани.

"Веќе фати мрак. Имаше уште четворица мртви колеги. Не можевме да ги препознаеме. Знаев кои се осумтемина колеги во патролата, ама кои се тие последните четворица кои ни останаа да ги качиме, не знаев кои се. Беа гламјосани. Се сеќавам дека едно само кажав тогаш: 'На раце ќе ги носам другарите до Тетово, ама не ги оставам тука да ги јадат животните'".

Кревањето на загинатите другари за Саше и за неговите колеги бранители било најтешко. Се чадело околу нив, смрдеа ги дамлосувала, а над глава им висела опасноста дека sверовите кои им ги измасакрирале колегите можат да запукаат секој момент и по нив.

"Тогаш ни беше најтешко. Се распаѓаа телата на загинатите. На еден, кутриот, кога го кренавме, му отпадна ногата. А бе што sверови ќе беа тие што им го направија тоа. Додека кревавме, утробата ми се превртуваше, што од ужасната глетка што од бес поради мртвите колеги. Како ќе го фатевме некое тело да го кренеме, а тоа жешко, тлее, прстите ти се пикаат внатре во гламјосаното месо. Рацете како веќе да не ги чувствував. На прстите снемав осет. Нешто после 20 часот ги товаривме и тргнавме. Таму беа телата на нашите колеги. Дури отпосле ми идеше мислата како ќе си идам дома во Битола, па тоа ми се колеги, другари, а едниот од нив Марјан ми е прв комшија во мојата зграда во Битола живее. Се слушнавме со мајка ми да и кажам што ќе слушне на вести и да и кажам дека јас сум жив, а таа испаничена ми вели: 'Навистина ли си жив, синко'. Како да не веруваше дека разговара со мене", раскажува Саше и ги мести рацете како да ги крева мртвите другари. Му се враќа сликата од Вејце, од гарежот, од масакрот.

Гилевски се сомнева дека неговите колеги биле наместени, ама е гневен што тоа не може да го потврди, да докаже, може само да се сомнева.

"Имав силно чувство дека сме наместени. Јас дента бев со првата патрола и можеше и мене да ми се случи истото. Кога тргнаа возилата со загинатите кон Скопје за на Судска медицина, на мене беше да ги смирам колегите кои беа гневни и сакаа одмазда. Едвај ги смиривме и кон четири утрото беа во кревет. Тогаш останав сам буден. Тогаш ми пукна се. Признавам се изнаплакав, испуштив од мене да излезе се што дента ми ја исцрни душата".

Следното утро, нова мака за бранителите. Требало да се товари опремата на загинатите другари. Во ранците имало само малку алишта, а на полицајците и на "волците" тие торби од загинатите колеги им се виделе како да се нешто најтешко на светот.

"Никој не може да ми ја избрише сликата од тоа што го видов кај Вејце, како што никој не може да им ги врати синовите на родителите. Имам трауми, не се видливи, ама длабоко во мене уште тлеат телата на другарите. Првите две години по настанот не можев да спијам. Се будев со скокање на секој саат и палев цигара. Кошмари, потења, мирисот од Вејце уште ми е во носот.

Два месеца по Вејце паузиравме, и пак не активираа. Не можам да тврдам дека бевме предадени кај Вејце, ама тоа ни го рушеше моралот, а за тие деца по 20-ина години бев спремен да гинам. Ама пак после отидовме на терен", вели Гилевски.

Кога се вративме од Вејце, Битола почна да гори. Битолчани сакаа одмазда.

"Ниеден од моите колеги не учествуваше во палењето оти знаевме дека тоа нема да ни ги врати колегите. Јас до ден-денес велам, да знам кој ми ги намести колегите, ако ги наместија, ќе му вратам со оружје, па и затвор да лежам не се жалам. Мене тоа Вејце ми го смени животот, внатре душата ме боли. Мојот чичко загинал во Втората светска војна и татко ми ми велеше: 'Синко, братот си го изгубив во војна, не сакам и тебе да те изгубам'. Не ме премисли, му велам, тато, ако сите се откажеме од ова држава, што ќе ни се случи со Македонија. Свесни бевме за се, ама искрено, колку и да звучам патетично, тоа го правевме за Македонија, за моите деца, за децата на сите. Јас не сум плачко, ама во мене се е измешано после Вејце, и бес, и сила, и солзи, и мака, и гнев, и инает, ама не се откажувам од татковината. А бевме со мисла дека после Вејце се е против нас", бесно говори Саше, ама не го крева гласот. Зборува смирено, ама нервозно ги крцка прстите. Очите му се полни со солзи кои никако да потечат и со гнев што не може да го скрие со повремена блага насмевка што ќе му се испушти кога ќе се присети на секој убав миг поминат со сега загинатите другари.

По куса рехабилитација, 30-ина полицајци од битолската посебна полициска единица пак биле мобилизирани. Радуша како нив да ги чекала. Саше не кажува колкумина биле македонските бранители, а колкумина непријатели. Ама неофицијалните податоците велат дека во Радуша имало околу 600 припадници на ОНА и КЗК, наспроти сосема мал број македонски бранители, на почетокот на борбите едвај 35. Припадниците на ОНА и на КЗК во бранови доаѓале од правец на Крвеник од Косово. На помош на бранителите тогаш им беа испратени хеликоптери и "сухој", а од кај Чашка и Радуша инфилтрираните припадници на УЧК биле засипани со гранати. Македонските сили тогаш имаа петмина ранети. Бројот на загубите на ОНА, наводно, бил огромен.

"Во август заминавме за Радуша. Првиот ден помина најнормално и мирно. Вториот ден почнаа дејствата. Со мојата смена бевме кај нашиот бункер, кога почна нападот врз нас. За среќа, тогаш дојде армиски авион и припадниците на ОНА го свртеа огнот кон него барем за момент. Пред тоа 20 часа полицајците беа засолнети во три квадрати бункер. Се таму, и јадење и мокрење во шише или во ќесе. Ужасно. Кога не нападнаа дожд секакви проектили истураше врз нас. Бев залегнат долу, а авионот прелета на моја висина. Не престануваа да пукаат. Си реков готово, тука ми завршува животот, на 33 години. Тогаш, на 10 август мојата ќерка полнеше 7 години. И само господ не спаси тогаш. Се погодија трите празници Света Петка, Света Ана и Свети Пантелејмон. Тие светци не чуваа. Под силен напад, некако успеав да стигнам до бункерот да им помогнеме на колегите кои останаа внатре. Да не дојдеше и авионот, ќе останавме таму за навек. После Вејце, со Радуша пак ми се вратија сликите. Пак стресови. Замислете, да гледате обичен филм од саат и пол со пукање, па ќе ви се здосади или не знам што, а кај Радуша ни се фатија 45-46 часа пукање, борба. Почна повлекувањето, и за мене немаше место во другите возила бидејќи имавме петмина ранети, од кои еден критично во грлото. Јас се качив во еден камион и со него се вратив во штабот. Немаше одмор, активностите продолжија", со грч на лицето раскажува и погледнува нагоре, небаре и во тој момент над глава му прелетува истиот авион од кај Радуша.


Жалосно е овие луѓе да се оставени на милост и немилост...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
Tие се убиците гарант,сосема очекувано дека беа учки па повекето шпекулации излегоа точни.
Секако најмачната смрт за нив да ги сецкаш по 10 cm на секој 30 секунди додека не умрат,да им ебам мамето мрднато.
А тие жените коњи да ги ебат до смрт.
 
Член од
1 април 2012
Мислења
212
Поени од реакции
549
Најдов на википедија дека Бошњаците зборуваат на босански јазик, кој е речиси идентичен со српско-хрватскиот. Епа ме интересира ако овој Агим Исмаили или Агим Исмаиловиќ е Бошњак тогаш зошто сите постови и линкови на профилот на фб му се на албански јазик?
http://www.facebook.com/agim.ismaili.3

Еви ви линк од википедија за Бошњаците.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Бошњаци
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Полицаецот од Гостивар веќе имаше овластен бранител, министерката :)
Само си виде колку си нереален, а јас сум тука да те потсетам ;)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Најдов на википедија дека Бошњаците зборуваат на босански јазик, кој е речиси идентичен со српско-хрватскиот. Епа ме интересира ако овој Агим Исмаили или Агим Исмаиловиќ е Бошњак тогаш зошто сите постови и линкови на профилот на фб му се на албански јазик?
http://www.facebook.com/agim.ismaili.3

Еви ви линк од википедија за Бошњаците.
http://mk.wikipedia.org/wiki/Бошњаци
Што е толку релевантно тоа? Те интересира дали мотивот е од религиозни или пак етнички причини? Јас мислам дека е од финансиски причини за да ги лапнат парите од браќата кои ги праќаат од Швајцарија или пак Саудиска Арабија независно дали за каузата на Илирида или пак Џихад.
Не би ме чудело ако имаат видео од егзикутацијата за да ги оправдаат парите што му ги праќаат браќата.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Преку Скопје радикалниот ислам ќе ја освојува Европа

пред 16 часа 1

156
Сподели
Коментари: 1

Она што засега е познато е тоа дека радикалните исламисти посакуваат верска војна во Македонија, бидејќи само на тој начин можат да ги постигнат своите цели и во своите редови да соберат поголем број на приврзаници. Такво сценарио можеше многу лесно да се случи доколку народот излезеше на улица и не ги оставеше државните институции да го расчистат убиството кај Смилковското Езеро. Благодарение на макотрпната работа на професионалците на МВР кои го расчистија убиството но и не дозволија меѓуверски инциденти, ваквото сценарио беше одбегнато. Доколку во една држава наместо државните институции на бандите им се спротистават банди слични на нив таа држава дефинитивно оди кон пропаст.

Речиси и да не постои некој историски период, а градот Скопје да нема значајно место во него. Некогаш Скопје е центар на империи, а некогаш место во кое се раѓале значајни императори кои ја менувале светската историја. Станува ли Скопје повторно средиште на значајни историски случувања?
Засега постојат само некои информации според кои нашиот главен град треба да стане или веќе е центар на исламистичките радикални групи кои треба да го освојат прво Балканот, а потоа и цела Европа. Последното убиство кај Смиљковското езеро извршено од страна на радикални исламисти го потврдува нивното присуство на овие простори
Пред околу една година експертскиот тим за Југоисточна Европа, за борба против организираниот криминал обелодени план на радикалните исламисти од целиот свет. Тие имаат намера со помош на Вехабистите да отворат пет големи жаришта во светот од кое едното ќе биде на Балканот.
Тоа го потврдува и поранешниот разузнавач и професор по безбедност од Скопје Иван Бабановски.
Бабановски во изјави дадени пред година време тврдеше дека кај Албанците идејата за паналбанизам, полека се заменува со идејата на панмуслиманизмот, односно создавање на една муслиманска држава во светот.
Кон остварување на своите идеи муслиманите имаат зацртано два плана едниот е Балкан 2000, а вториот план 3000.
Според Бабановски планот Балкан 2000 предвидува преку навладини и хуманитарни организации и одредени политички структури на Бошнаците, Турците и Албанците до 2020 целиот Балкан да се исламизира, и преку него исламот на широка врата да продре во остатокот на Европа.
Планот 3000 предвидува до 3000, создавање на една исламска светска држава која што ќе се простира од Шпанија до Урал. Според овој план цел свет треба да биде исламизиран, а христијаните практично да бидат ликвидирани од планетата Земја.
Предвидено е Скопје и Сараево а со самото тоа Македонија и Босна и Херцеговина да бидат центар на овие активности.
Идеи кои звучат смешно и утопистички. Но загрижувачки е тоа што постојат голем број на докази кои укажуваат дека некој тие идеи веќе се обидува да ги спроведе.
Ал Каеда на Балканот е се посилна
Дека на Балканот веќе одамна е стационирана Ал Каеда ќе потврди и експертот за тероризам ДаркоТрифуновиќ. Според него, оваа меѓународната терористичка мрежа веќе подолго време е присутна во Косово, Западна Македонија, БиХ, Албанија и Санџак. Во прилог на таквото тврдење, Трифуновиќ ја наведува изјавата на Али Ахмет Али Хамад, некогашен припадник на единицата „Ал Муџахид“ од составот на Армијата на БиХ, кој се наоѓа во затвор во Зеница, кој вели дека исламски војници дошле во Босна за да создадат база за продор на Запад, поточно во Италија и Шпанија. Танјуг потсетува дека во планот на еден од лидерите на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, Балканот се опишува како една од клучните точки за продор на исламот кон западна Европа.
Што значи уште еднаш се потврдува тезата дека во своите походи кон Европа исламистите тргнуваат од Балканот.
За тоа дека Ал Каеда е на Балканот уште во 2003 година, потврди и директорот на Европскиот центар за стратегија, разузнавање и безбедност, Клод Монике, кој изјави дека овдешните припадници на радикалниот ислам се во тесна поврзаност со Саудиска Арабија. Тој дури посочи дека во некои скопски села има и пасивни ќелии на Ал Каеда што би можеле да се активираат доколку има потреба.
И во најновиот извештај и на Европската полициска агенција Европол, ќе се укаже дека најголема закана за европската безбедност е Радкалниот ислам.
Многу извештаи, многу анализи од кои постои само еден заклучок радикалниот ислам е присутен на Балканот, при што најмногу е застапен во Босна и Херцеговина и Македонија. Нешто што всушност е предвидено со планот 2020.
Вехабистите во Босна формирале своја држава, а во Македонија освојуваат џамии
Колку тој е присутен во Босна најдобро говори случајот со босанското село Горна Маоча.
Во оваа село беа уапсени 6 лица припадници на вехабистичкото движене. За тоа колку сериозна била целата ситуација говори и самиот факт, дека во нивното апсење учествувале 600 полицајци, и ова е најголема полициска операција во БиХ од крајот на војната.
Интересно е дека жителите на ова село, не го почитувале правниот поредок Босна и Херцеговина.
Воспостваиле свој поредок врз основа на шеријатското право. Децата не ја посетувале наставта во образовните институции на земјата туку во свое формирано училиште каде учеле на арапски јазик.
Всушност вехабистите во ова населено место формирале држава во држава. Тоа се гледа и од самото обвинение, каде уапсените освен за ширење на верска омраза, се товарат и за нарушување на територијалниот интегритет, на земјата.
При акцијата било пронајдено големо количество оружје, видео и аудио материјал и голем број на компијутери. Истото ова се пронаоѓа при речиси секое апсење на членови на Ал Каеда.
Звучи малку неверојатно ама во Македонија ситуацијата не е ништо поразлична одколку во Босна.
Пред околу две години Британскиот весник „Сандеј Тајмс“, ќе пишува за опасноста од радикалниот ислам во Македонија.
Весникот ќе објави дека во Македонија, во која се влеале стотици милиони фунти за обука на борци за џихад во Авганистан. Парите, преку разни сомнителни добротворни организации, во изминатата деценија ги инвестирала Саудиска Арабија.
Според анонимни извори на весникот во Македонија биле надгледувани 50 волонтери на терористичката организација Ал Каеда, кои се подготвувале за акции во Авганистан.
Од овој странски медиум за првпат ќе се дознае дека четири џамии во централниот дел на Скопје веќе не се под контрола на официјалните верски власти, туку се контролирани од припадници на вехабистичкото движење.
Во некои од „вахабистичките џамии“ на верниците им е пренесено дека Македонија, која испрати повеќе од 200 војници во Ирак и во Авганистан, се претвора во земја која ја поддржува крстоносната војна со исламот, што ја предводат Британија и Америка. Радикалните свештеници во џамиите покажувале снимки од Авганистан, Ирак и од палестински територии за да ги илустрираат своите тврдења дека Западот води валкана војна со Исламот. Во текстот на „Сандеј тајмс“ од својот дописник од Скопје, локален таксист вели дека престанал да оди во локалната џамија откако таа била преземена од екстремисти.
Ова тврдење на почетокот ќе биде демантирано од страна на Исламската верска заедница, се додека ситуацијата не излезе од контрола и јавно се појави снимката од физичкиот напад врз верник во Иса Беј Џамијата.
Тогаш ИВЗ конечно ќе признае дека вехабистите запоседнале четири скопски џамии. Со џамиите управувале радикални исламисти кои незаконски служат молитви и предаваат радикален ислам.
- И порано сме алудирале во нашиот круг, меѓутоа не и кон надворешната јавност. На почетокот тие се инволвираа во џамијата Јаја Паша, потоа преминаа во друга џамија Тутунсиз, а подоцна ја узурпираа и Хајтунџик за на крајот да се случи скандалозниот инцидент во џамијата Иса Беј. Ова беше кулминација на нивните антицивилизациски, античовечки, антиисламски и исклучително радикални дејства, ќе изјави Ефенди Реџепи, поглавар на ИВЗ.
Најсериозни предупредувања за инсталирањето на Ал Каида во Македонија дојдоа од Израел, земјата која е најмногу погодена од радикалниот ислам. Израелскиот министер за надворешни работи Авигдор Либерман, при неговата средба со Премиерот Никола Груевски му пренел дека некои конкретните информации јасно покажуваат оти Балканот е следната дестинација на која Исламскиот Џихад се обидува да се етаблира и да формира инфраструктура‘.
Шефот на Израелската дипломатија го предупредил Премиерот Груевски да не им дозволи на милитантите да фатат корени на Балканот.
Оние кои повикуваат на одмазда врз муслиманите работат во интерес на радикалните исламисти
Дека радикалните исламисти веќе одамна подготвуваат некои операции на Балканот потврдува и случајот од пред неколку години со Џемалједин Мустафа, некашен член на ОВК
Тој преставувајќи се како советник во Македонското министерство за здравство и роднина на тогашниот министерот за локална самоуправа Муса Џафери, на лажен конкурс ги повикува израелските државјани да дојдат и да инвестираат во Македонија, нудејќи им големи плати.
Заверата е откриена кога Израелците го провериле наводните документи кои им ги пратил Мустафи.
Медиумите пишуваа дека Мустафи бил член на Ал каеда и дека од нив добива задача да ги намами израелските државјани да дојдат во Македонија каде би биле киндапирани.
Македонските официјални власти соопштија дека немат никави податоци за овие тврдења.
Од сите овие информации неоспорен доказ е дека радикалните исламисти не ја одминале Македонија. Остануваат нејасни нивните планови. Дали навистина идеите за исламаски Балкан и исламска светска држава ќе најдат плодно тло и во нашата земја. Сите досегашни индиции говорат дека на тоа и то како работат некои структури.
Всушнос радикалниот ислам повикува на света војна против неверниците, позната како Џихад. Имено според Коранот муслиманите можат да бидат потчинети на немуслиманското население само неколку години а потоа треба да ја започнат светата војна.
Она што засега е познато е тоа дека радикалните исламисти посакуваат верска војна во Македонија, бидејќи само на тој начин можат да ги постигнат своите цели и во своите редови да соберат поголем број на приврзаници. Такво сценарио можеше многу лесно да се случи доколку народот излезеше на улица и не ги оставеше државните институции да го расчистат убиството кај Смиљковското езеро. Благодарение на макотрпната работа на професионалците на МВР кои го расчистија убиството но и не дозволија меѓуверски инциденти, ваквото сценарио беше одбегнато. Доколку во една држава наместо државните институции на бандите им се спротистават банди слични на нив таа држава дефинитивно оди кон пропаст.
http://denesen.mk/web/2012/05/02/преку-скопје-радикалниот-ислам-ќе-ја-о/
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
_The Great_, досаден си.
Значи во камповите за обука има 3 часа
1 час: користење оружје
2 час: бегање
3 час: ако веќе не можеш да бегаш, направи нешто, 72 девици те чекаат
Знам дека не ти одговара логиката. Прво го нарече ова апсење најбанално, после почна како тоа ,,професионалците'' не избегале на Косово и лесно ги фатиле, а фактите се дека само еден од нив е уапсен. Нека ти биде, ќе видиме што ќе каже судијата.
 

Shorty

Вансериски
Член од
30 јануари 2007
Мислења
7.277
Поени од реакции
1.496
Знам само дека ако навистина еден од убијците фатиле истиот ќе ги предаде сите ама буквално сите за да си го спаси гзот. Колку и да изгледаат сложни Албанците кога ќе се најдат у тесно многу лесно пеат :)
 
Член од
2 мај 2012
Мислења
216
Поени од реакции
264
Се ова ми смрди на нова војна што нормално ќе биде предизвикана од националистичко/ исламистички радикали кои веројатно се третина ако не и повеќе од албанското население во МК. Мислам ало, чим кај 60 годишна баба нашле све тоа, па замисли што има по друѓи куќи, дворови, визби, тајни бункери и подземни складови по селава ... Цело време македонските Албанци (македонци со албанска националност) се радикализираат од страна на косовари, вахабисти и арапски исламски милитанти, и сега веќе почнува да врие. Ќе има и други слични инциденти во блиска иднина (се надевам дека грешам) кои ќе бидат предизвикани од оние истите што правеа зулуми во 2001 и нивните исламистички другарчиња.
Рамковниот беше само делче од целата игра, да знаете дека нема мир да имаме од нив се додека не направат целосно исламска голема албанија. Сите причини за убиството се валидни, и етнички се и верски се. И ова убиство е само почеток, не заборавајте дека и 2001 почна со по некој инцидент ваму таму, па до кај стигна. Не би ме чудело и повторно да се случи слично убиство како одмазда за тоа што им уапсија нивни гомна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom