Човек за 2-3 години технолошки вишоци,уништување на фирми па невработеноста да достигне рекордно ниво 40%,9та година по ред не можеме да ја поправиме работаата и намалиме невработеноста под 20%.
МРТВ,Водовод,Македонски шуми,................од фирми пред затварање ги издигнавме во профитабилни компании.
И не може нешто да користиш а воопшто да не плаќаш.
Од каде ви дојде идејата дека сме крлежи и ја цицаме крвта на народот.
Аманте не ја поправајте. Т.е. закрпете си го џебот пред да почнете да ја поправате "општествената сопственост". Нели гледате дека тоа што го поправате не функционира без постојани донации и сервисирање односно не е самоодржливо?!
МРТВ - партиска телевизија која функционира успешно во презентирање на партиските програми и достигнувања. Воведување на "доброволна наплата на радиодифузна такса" која воопшто не е доброволна. Со една шака вработени, каде ако се тргнат на страна 10% раководни функции се работи за плата од 15 000.
Македонски шуми ако е профитабилна компании јас сум Нил Армстронг. ЈП "Македонски шуми" меѓу народот е синоним за дувло на криминал (институционален), и партиска пералница на пари. Луѓето ги оставаат до декември без дрва, ама донации од владата и вработувања на несоодветен кадар си фрчат пред секои избори. Локалните директорчиња ви се сите до еден за затворање.
Јас не користам, о партиски воину. Јас сум реален работник, којшто го заработува и го преплатува она што го користи, за да можат и таквите како тебе, спроведувачи на партиски стратегии, да ги уживаат сите комоции и привилегии. Ти, и таквите како тебе користите бидејќи да беше се според законите и правилата никогаш немаше да бидете таму кајшто сте.
Ако не сте способни за 10 години да ја средите ситуацијата, ајде по дома. Па држави за 10 години се средувале и после Втората Светска Војна, а не пак денес.
Ако така продолжите (рекет, непотизам, суспензија на правото, партизирање на сите институции) 100 години нема да ви бидат доволни. Знаете кој ќе биде крајниот резултат??! Ќе бидете генерали без војска, директори без вработени, бизнисмени без клиенти, учители без ученици, ДРЖАВА БЕЗ НАРОД.