Сиромаштијата и невработеноста колкави и да се помали или поголеми од оние бројки кои ние ги познаваме а сме ги чуле по медиумите како средства за информирање неможе да се земат како 100% причина за меѓу-етнички и меѓу-религиски тензии, во секоја нација и кај Македонците и кај Албанците има секакви индивидуи и поситуирани и понеситуирани, луѓе од различни потекла, различни образовни нивоа, професии и.т.н. како кај Македонците што има од една страна богати и од друга страна сиромашни потполно истата слика јас секојдневно ја гледам и кај Албанците од една страна Албанци полни со пари од друга страна утепани селани Албанци кои се борат за некој денар да извадат продавајќи најчесто земјоделски продукти !
Тензиите овде не се однесуваат на меѓу-класно ниво туку на меѓу-етничко и меѓу-религиско ниво, направете разлика во работите, борба на различните класи и идеологии е едно но овдека имаме тензии од меѓу-етнички како и од меѓу-религиски карактер, зарем во Босна меѓусебно се убиваа сиромашните и богатите Срби, сиромашните и богатите Бошњаци како и сиромашните и богатите Хрвати или работата беше поинаква т.е. битките и етничките чистења беа исклучиво на меѓу-етничко и меѓу-религиско ниво !
Можноста дека овие меѓу-етнички и меѓу-религиски тензии ги прават/подбуцнуваат и самите партии(без разлика Македонски или Албански, позициски или опозициски) донекаде е возможно, можноста дека од надвор од странство се диригираат овие работи исто така е возможна, одредени погрешни политики изминативе години и тоа е возможно да се земе како причина за порастот на тензииве, нерешавањето на спорот за името, повеќегодишното дремење пред портите на НАТО и ЕУ, националистичкиот карактер на власта(и ВМРО и ДУИ пред се народот го придобиваат на националистичката карта, факт), водењето на земјата кон конзервативизам, традиционализам, религија и.т.н. има многу фактори кои влијаат т.е. можат да влијаат во влошувањето на меѓу-етничките и меѓу-религиските односи но дефинитивно меѓу-етнички и меѓу-религиски тензии се едно а сосема друго е класната и идеолошката борба, доколку би имале класни и идеолошки борби тогаш би постоеле тензии и насилство помеѓу самите Албанци како и помеѓу самите Македонци но овдека имаме други работи кои се од меѓу-етнички и меѓу-религиски карактер, како и да е тој/тие што ги диригираат овие работи мошне успешно им оди од ден во ден Македонецот и Албанецот иако се комшии и делат исто парче земја иста држава се оддалечуваат еден од друг се повеќе и повеќе наместо да е обратно !
Сите конфликти се исти, најпрво и најлесно се палат индивидуите со вжештени глави кои имаат по изразит националистички карактер како и индивидуите со поизразит религиски карактер но како тензиите се продлабочуваат, зголемуваат и не сопираат и оние индивидуи со ладен мозок полибералните индивидуи исто така им доаѓа преку глава од се и одат во онаа прва група на националисти, секаде е исто, човековата психологија е таа, лесно е да се вжешти главата но многу тешко е да се олади !