да но, зарем ситуцаијава во последниов период не може да се дефинира и самата како ужас без крај? ние сме тие што во последниве 20 години гласаме за едни те исти кои прават што сакаат и се богатат. уште полошо, сите трчаат да се спикаат во некоја партија за малку смрдени пари кои ќе ги потрошат во првата кафана. проклети безрбетници! уште поважно, тука кај нас, секој граѓанин знае точно кој политичар што заебал,што направил, што украл и иако тоа веќе го знаат сите си седат, си гледаат фудбал,серии,кошарка, искажувајќи вечна љубов кон својата држава и народ, потајно молејќи се тој до нив да пропадне затоа што се самите проклето неспособни. сведоци сме дека потфрлуваат МВР и институциите. меѓусебе се толерираме под присила. од кога безбедноста е луксуз?