Ќе ве молам дефинирајте бидејќи според мене, ниту мусака ниту Турли тава (иако ја обожавам) не се манџи. Манџа треба бар малку да е чорбеста и по моја дефиниција манџа се прави во тенџере на рингла и не се пече во рерна како спомнатите мусака и турли тава.
Инаку од манџите чорбест грав (ама само ако е добро приготвне, тој од мензите е најубав), леќа, компир манџа не ме вчече многу, грашок и боранија едноставно не ми се вкусни, зелка да ама без месо, некако месото како да го уништува уникатниот вкус на зелката.
Гулаш е стандард, ама не ме воодушевува нешто посебно ама затоа гледам има две манчи кои никој не ги спомна а владеат а тоа се сув паприкаш и бамња манџа.