Мамурлук - дали знаете како се лечи?

Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Vo casa jogurt isceden eden limon!
Bomba efekt:pipi:
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Ќе го здебелиме човеков :)
Хахаха нема проблем:) Туку се пробрав важно се најадов ко што треба,се истуширав се изнајадов вит.ц значи помага:) Затоа најбоље сеа ќе биде овие совети и за на одмор да ги запамтам:)

Ако имате уште слободно пишитеги:)
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Ako не ти помогнат лимончињата, и ако не ти помогнала пелистерката(што можиш повеќе тоа подобро)...

...мој совет доручек, ОДМА што е можно помрсен. Кајгана, пржена сланина и искомбинирај ја со џус за да не ти се слоши уште повеќе, за пола саат си како нов.
Испробано and work's 110%, гад блес Брејниакс :)

Советот твој премногу ми помогна одличен беше ама за 10 дена се поправив цели 2,5кг.
Ама сепак вредеше:)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Незнам зошто, ама до сега ме нема фатено мамурлук... И напиен сум легнал, и неспан сум бил... Ама кога ке станам секогаш сум бил супер!
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Незнам зошто, ама до сега ме нема фатено мамурлук... И напиен сум легнал, и неспан сум бил... Ама кога ке станам секогаш сум бил супер!

Кога ја отворив темава бев ваздух земја. Никогаш немав испиено како тогаш:) па морав да барам помош:)
 

*OSS*

Commentless.
Член од
13 мај 2007
Мислења
818
Поени од реакции
43
хаха, лимони, кафенце, кисела вода, ладен туш!
фала богу не сум дошла до тој степен на пијанство ама добро е да се знае некој начин на трезнење ;)
 
Член од
10 февруари 2007
Мислења
647
Поени од реакции
28
:pos:Секогаш сум се смеела со ова. Секогаш после добро помината вечер со пијанки.......... и наредниот ден кога резимираме кој како што зошто и на крај кој како се лечел, овој дел го спомнуваме ,,земање витамини,,.
И да дадам некој удел во темава под поимот ,,земање витамини,, се подразбира многу овошТИе :pos:и течности пред се но во никој случај апчиња:nenene:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Е поради тоа што ми се случува наредниот ден само можам да го откажам алкохолот:wink: буквално умирам наредниот ден,и сите оние што напишале витамини,кафе,туш се однесува на оние што имаат обичен мамурлук(главоболка која мине до пладне),а не за оние што ги држи 24 часа:).
За оние што имаат тешко лошење,немаат енергија цел ден,не пијат ни кафе наутро од гадење,цел ден се поминува без цигара,во кревет,без кревање и нагли движења на главата...помага само вечерта после пијанката да се испие количество на вода дупло од количество на алкохол.Ако имаш испиено литро вино,истата вечер треба да испиеш 2 литра вода(стомакот ќе ти пукне,но резервирај го тоалетот).Само на овој начин следниот ден можеш да се напиеш кафе.
(за оние што ме сваќаат)
 
Член од
24 август 2007
Мислења
21
Поени од реакции
0
епа помага кисела вода со лимон ке те освеже и помага за главоболката исто така и голема количина на вода како што вика леандра за да можете да го извадите алкохолот од организмот
 
К

Кнез Мишкин

Гостин
Тоа шо го зборите со лимон е стварно ефикасно, но може и лимонтус у чаша вода...ова и мртов крева...лелел кисело...
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
ух ова мене ми требаше денеска лек против 24 часовен мамурлук сум се направил статива синоќа
Ako не ти помогнат лимончињата, и ако не ти помогнала пелистерката(што можиш повеќе тоа подобро)...

...мој совет доручек, ОДМА што е можно помрсен. Кајгана, пржена сланина и искомбинирај ја со џус за да не ти се слоши уште повеќе, за пола саат си како нов.
Испробано and work's 110%, гад блес Брејниакс :)
ќе почнам да повраќам одма од твојов совет само на помисла
Витамин Ц + Витамин Ц + Витамин Ц + Витамин В6 + Вода + нешто многу лесно за јадење, во никој случај мрсно нешто, нешто лесно како посна кифла или сл. евентуално со јогурт за да ти се опраат цревата а и не заборавај СОН.
витамин Ц права ствар денес испив 100 грама го растварав цело време у вода и сега видов дека повеќе нема а главава уште ме боли значи јако било синоќа :pos:
Е поради тоа што ми се случува наредниот ден само можам да го откажам алкохолот:wink: буквално умирам наредниот ден,и сите оние што напишале витамини,кафе,туш се однесува на оние што имаат обичен мамурлук(главоболка која мине до пладне),а не за оние што ги држи 24 часа:).
За оние што имаат тешко лошење,немаат енергија цел ден,не пијат ни кафе наутро од гадење,цел ден се поминува без цигара,во кревет,без кревање и нагли движења на главата...помага само вечерта после пијанката да се испие количество на вода дупло од количество на алкохол.Ако имаш испиено литро вино,истата вечер треба да испиеш 2 литра вода(стомакот ќе ти пукне,но резервирај го тоалетот).Само на овој начин следниот ден можеш да се напиеш кафе.
(за оние што ме сваќаат)
како да се пронајдов у овој пост ама до точка,цигара немам запалено денес кафе се немам ни голтка напиено неможам главава да ја држам лошо лошо,али со вода не пробав,опасна и заебана работа :pos:
 

Бејко

unregistered user
Член од
14 ноември 2005
Мислења
222
Поени од реакции
1
1000mg витамин Ц и без претходна физичка активност (без протеински микрораспад на мускулите) ако се спремаш за пиење (однапред знаеш дека ќе се здрвиш)
+ 1000mg одпосле... (ако си зачинил со никотин и 2000 не ќе е штетно)
некој рече „никако апчиња“ - грешка!
16ден. табла Ц -витамин на Алкалоид по 500mg таблета
а треба да спомнам мнооооооогу ВОДА ?!?
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Чудни методи за да го победите мамурлакот

Новогодишното славење е во полн ек, но никој не би сакал да ја дочека 2008 со ужасен мамурлак. Затоа еве неколку решенија за утрата во кои се будите со ужасна главоболка.

1. По бурната ноќ проследена со многу алкохол, наместо веднаш да легнете во кревет, напијте се чаша млеко. Млекото ги спречува бубрезите да лачат урина, со што ви овозможува мирен сон, а воедно ве штити и од дехидрирање.

2. Кога ќе се разбудите, растворете една лажичка сода бикарбона во чаша вода. Главоболката предизвикана од киселините во вашиот стомак ќе исчезне.

3. Не го прескокнувајте појадокот. Подгответе си тост лепче намачкано со мед или пак чинија овесна каша со кафеав шеќер. Напијте се шолја кафе и свеж сок од портокал (богат извор на Ц витамин) и набрзо ќе почувствувате подобрување.

4. Во текот на денот напијте се чај од нане, зачинет со цимет, или едноставно подгответе си напиток од топла вода со лажичка цимет. Циметот ќе ви помогне да ги победите нападите на повраќање.

5. Пробајте да го смирите вашиот стомак со помош на акупресурата. Поставете ги показалецот, средниот и домалиот прст на вашата рака по права линија, така што домалиот прст ќе го поставите на почетокот на вашата дланка, а показалецот на средината на рачниот зглоб.

6. Изедете една банана, богата е со јаглехидрати кои го враќаат нивото на шеќерот во крвта во нормала. Бананите исто така содржат и потасиум, минерал кој се губи со конзумирањето поголеми количества алкохол.

7. Алкохолот носи големи количества крв во вашата глава, што придонесува да чувствувате мамурлак. Затоа легнете опуштено и нанесете ладна компреса на главата.

8. За да ја спречите дехидрацијата напијте се енергетски пијалак. А потоа излезете на свеж воздух и направете кратка прошетка.

9. Легнете на вашата десна страна. Звучи неверојатно, но со ова му помагате на вашиот дигестивен систем да работи нормално.

10. Веројатно многумина се обидуваат да го победат мамурлакот со пиење на мала доза алкохол, веднаш по будењето. Но ова не само што е привремено решение, туку може да ви предизвика и сериозни оштетувања на црниот дроб. Затоа едноставно вратете се во кревет, така ќе ја повратите загубената енергија. Појадувајте, направете кратка прошетка и повторно легнете.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom