Мамин син

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.291
Поени од реакции
3.665
А му кажа на мажот ти за прислушкувањево ? Како реагира ?
Друго, велиш „син ми“. Значи бракот не е сега пред некое време туку одамна, каква беше порано, од секогаш е таква љубопитна или како да ја наречам... Има жената некоја занимација или како што некој рече погоре, обично цел ден дома без никој и само што си направила ти гледа слуша коментира...

Alt+Shift ако си на компјутер...
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
13
Поени од реакции
7
му кажав, ама он ми рече дека ако и речел ке требало да се кара, дека сме под нивни покрив (не значи дека ако сме под покривот на неговите родители дека треба на глава да се качуваат) а жената си е таква да не речам "свој леб јаде, туѓо гајле бере" за цело село знае да ја прашаш и само оговара, еднаш дури случајно ја слушнав како ме оговара по комшии и тогаш син и ништо не и рече си преќуте, па зар цел живот треба да ја трпам, само за неа гледа, за мене и за син ми не му чуе
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.744
Поени од реакции
12.199
Нема врска ова со ексклузивитет на мајката на сопругот. И мајката на сопругата може да е исто таков створ само што најчесто "милуваат" да живеат кај сопругот дома, а не кај сопругата дома.

зашто не живеете кај твоите, зашто не си одите скроз сами ако имате пари...зарем претходно не сте планирале каде ќе живеете? Да се договорите сами или ако немате доволно, да живеете кај твоите родители на пример или ти кај што си живеела како девојка?
 
Последно уредено:
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.805
Поени од реакции
3.059
Можда е пензиониран NSA шпиун. Старите навики тешко умираат. :D

Ова на вратата е само почеток.
Провери позади утикачите некој микрофон да не најдеш.

#Штази
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
му кажав, ама он ми рече дека ако и речел ке требало да се кара, дека сме под нивни покрив (не значи дека ако сме под покривот на неговите родители дека треба на глава да се качуваат) а жената си е таква да не речам "свој леб јаде, туѓо гајле бере" за цело село знае да ја прашаш и само оговара, еднаш дури случајно ја слушнав како ме оговара по комшии и тогаш син и ништо не и рече си преќуте, па зар цел живот треба да ја трпам, само за неа гледа, за мене и за син ми не му чуе
Сочувствувам најискрено. Сигурно и гледа турски серии по цел ден. Има право Мачорка со постот погоре, ова се се случува затоа што поголемиот дел од македонските жени одбираат да бидат прости, без хоби, без бркање своја работа, без занимација и мислат дека со тоа што синот им бил 9 месеца во стомак мора цел живот да плаќа кирија за тоа. А поголемиот дел од машките мажи па се воспитани да бидат мамини синови без свое јас и без карактер и како ќе каже мајка му, така.
Малку клише ќе биде ова но требало да мислиш кај влагаш уште од кога сте планирале да бидете заедно. А видиш така доаѓаш кај некој дечко дома и мајка му те распрашува од кај си, од кого си, кои се твоите, што работат, колку земаат, болести во фамилијата имате ли, тоа е прв знак за рекла казала тип на жени :D Сега ти преостанува само да си го земеш детето и кај твоите ако веќе до толку ти е неподносливо, зошто друг излез нема. Не можеш со вакви прости и заслепени луѓе да се расправаш или мозок да им ставаш. Таа радо би си го гледала синот несреќен и сам отколку среќен со некоја друга жена освен неа.
 
Член од
4 септември 2014
Мислења
13
Поени од реакции
7
Нема врска ова со ексклузивитет на мајката на сопругот. И мајката на сопругата може да е исто таков створ само што најчесто "милуваат" да живеат кај сопругот дома, а не кај сопругата дома.
зашто не живеете кај твоите, зашто не си одите скроз сами ако имате пари...зарем претходно не сте планирале каде ќе живеете? Да се договорите сами или ако немате доволно, да живеете кај твоите родители на пример или ти кај што си живеела како девојка?

за кај моите не ни сака да слушне да живееме кај нив, а дека ќе се оделиме посебно од мајка му и татко му тешко како тргнала работава, попрво јас и он ќе се разделиме него он од неговите
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.915
Поени од реакции
41.876
Требало навреме да видиш каква личност е тој, а и подобро да се запознаеш со неговата мајка и да ја откриеш нивната поврзаност. Од прост и несоцијализиран народ подалеку.

Јас една закачив што многу беше поврзана со татко и. Еден ден татко и ме избрка од кај нив и ми забрани 200 метри да не се доближувам до нивната колиба. Да ја чекам на улицата. :ROFLMAO: Ај ај простоќа невидена којзнае што ќе ми правеле ако ја земев. :cautious:
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.850
Поени од реакции
10.224
Јас имав комшика чија што свекрва им влегувала навечер во спална додека спиеле и си го покривала синот. Ама само синот, на снаата "не и било ладно".
Хахахахах ебеш му матер заебана работа
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Свекрвата е многу поголема закана за бракот од постоење на вонбрачна љубовна врска:
Еве еден итересен напис но на Српски јазик:
http://www.politika.rs/rubrike/Tema-nedelje/Od-vencanja-do-razvoda/182976.sr.html

Но јас мислам дека ситацијата е посложена
Синот - врзан за мајката
Ќерката - врзана за таткото
Кога таков син и таква ќерка ќе склопат брак, а сеуште не ги раскинале врските со родителите - проблеми колку сакаш и тоа е најчеста причина за развод
Сите викаат како било порано
Порано, кога ќерката ќе се омажела - нејзините не смееле да дојдат во нејзиниот нов дом - единствено еднаш годишно можела таа да оди кај родителите на прочка, а родителите можеле да ја посетат за слава и слично
А свекрвата морала да ја предаде власта над куќата на невестата
Според тоа порано било се поинаку
Затоа сите кои се од скоро во брак бегајте од родителите и едните и другите
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Zdravo, nova sum na forumov i ne znam dali imalo vakva tema dosega, ama imam edno prasanje: kako bi postapile dokolku svekrvata ja fatite kako ve prisluskuva na vrata dodeka pravite muabet so mazot ili pak dodeka zborite na telefon i mu kazuvate na mazot a toj ne prezema nisto vo vrska so toa za da ne se kara i kapak na se ja brani majka mu. Konkretno vo slucajov se raboti sto svekrva mi ja fativ pred nekoj den kako me prisluskuva na vrata dodeka zborev na tel, ja otvaram vratata a ona zalepena so uvoto na vrata
Здраво. Све е тоа од перење мозок од телевизиите. Под итно да и забраните на свекрвата да гледа турско-индиски фекалии што одат по нашиве телевизии каде што старите неизживеани вештерки со IQ < 3 си заземале улога на тирани па она си се соживеала со улогата, пошо сигурно цел ден тоа го прави.
 
Последно уредено:
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
за кај моите не ни сака да слушне да живееме кај нив, а дека ќе се оделиме посебно од мајка му и татко му тешко како тргнала работава, попрво јас и он ќе се разделиме него он од неговите

.....во случајов немаш проблем со свекрвата туку со сопругот....но штом сте подолго време во брак и со деца ситуацијата е сложена....како капак на се живеете во рурална средина каде прво правило е ШТО ЌЕ РЕЧАТ И ШТО ЌЕ ПОМИСЛАТ КОМШИИТЕ

....доколку твојот сопруг се спротистави на родителите веднаш ќе биде мета на озборување на комшиите, а старите ќе направат се само да не бидат центар на внимание...последица снаата е крива, го расипала синот, му го зела паметот, го закарува со родителите и слично....од друга страна ако кругот на пријатели е од поблиска околина и поголемиот дел изиграваат балканци....МЕНЕ ЖЕНА НЕ СМЕЕ ДА МИ ПИСНЕ, КОЈА Е ТАА ДА ЈА НАВРЕДУВА МАЈКАМИ, ЈАС КАКО ЌЕ КАЖАМ ТАКА ЌЕ БИДЕ И СЛИЧНО.....тогаш доколку твојот сопруг изреагира поинаку во нивните очи ќе биде СЛАБАК, ПАПУЧАР, НЕСПОСОБЕН И СЛИЧНО.....така да и тој до негде е во мат позиција

единствен начин доколку сакаш да го сочуваш бракот, а истовремено и да ја подобриш позицијата е да пробаш да го натераш сопругот да го проширите кругот на пријатели (да види дека постои нешто подобро) и да најдеш начин да не се нервираш на сплетките на свекрвата (што е многу тешко)

една моја пријателка имаше слични проблеми со свекрвата и свекрвата често пати и претурала по нејзините лични работи....еден ден и пукна филмот па во фиоката во која биле нејзините работи одозгора ставила кондоми и тазе искористен кондом од предходната вечер со мажот и...после тоа свекрва и веќе не и ја отворила фиоката ниту пак го спомнала инцидентот

не секогаш ваквите фори функционираат, но на некои луѓе неможеш на друг начин да им посочиш дека ти ја нарушуваат приватноста
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
како капак на се живеете во рурална средина каде прво правило е ШТО ЌЕ РЕЧАТ И ШТО ЌЕ ПОМИСЛАТ КОМШИИТЕ
Демек у "метрополите" поарно е :icon_lol:
Општо балканците се сјебани у мозок со тој сељачки менталитет.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Демек у "метрополите" поарно е :icon_lol:
Општо балканците се сјебани у мозок со тој сељачки менталитет.
па поарно е...пола не ги ни знаеш, а со другата половина не комуницираш или ги гледаш попреку
 
Kajgana Shop

На врв Bottom