H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Скоро од секогаш сум бил отворен, така да нема причина да не го споделам и ова, но жал премногу гадно животно искуство! Верувам не сум прв случај, не сум ни последен само се надевам дека овој тип на малтретирање врз деца ќе се намали..
Секогаш кога со другари ќе отворевме муабет за родители некако ми беше тешко да зборам за ова и претежно си ќутев. Но, сега веќе не можам да трпам малтретирање од нивна страна и тоа што они ми правеле... Растев во прилично нехармонично семејство. На татко ми побитен му беше алкохолот, а на мајка ми цигарите. Имам две сестри кој се пред мене и јас сум роден како најмало дете. Пред мене има и две мртвородени машки деца.
Моите родители уште кога бев мал применуваа и психичко и физичко малтретирање. Секој ден си јадев доза ќутек надоврзано со екстра психичко малтретирање. За се што правев бев понижуван, и бев етикетиран од нивна страна како неспособен, глуп, кретен, дека никогаш нема да успеам итн..
Подоцна тоа психичко малтретирање кое го трпев ми претставуваше пречка да се снајдам и во образовниот систем. Скоро секогаш бев повлечен и прилично некомуникативен.. Во школо одев од една причина, за да заборавам се тоа дома и малце да одморам од тоа се. Подоцна знаејќи дека треба да си одам дома и да се вратам на старот пекол.. Подоцна како што растев и се, додека јас дома и низ населба си се шлаев како мува без глава, другарите си излегуваа во град и се дружеа и мене почнаа да ме забораваат. Мислеа дека јас не сакам да се дружам и дека ги избегнувам. Како шлаг на тоа дојдоа и проблемите кај мене во населба кој беа предизвикани од страна на еден втор братучед, кој на мене и еден прв братучед ни направи големи проблеми во населба и станавме како бојно поле.. Се потсмири ситуацијата и дојде време за средно школо..
Таму кога отидов бев тотално изгубен и не знаев што да правам и како да се снајдам.
По некое време се вратија мали надежи во мене со запознавање со еден страо-нов другар од Хром кој ме извлече од депресијата и ми даде нова надеж и дека се ќе се подобри.
Падна во вода се тоа и предизвика уште подлабока депресија во мене.
Незаинтересаноста на моите продолжи и по натаму, трае се уште и верувам дека ќе трае..
Молејќи на празно за да се запишам на факултет, тие уште не ме сослошуваат. Мала пречка и оваа година што ме зафркна во тоа да се потсредам малце и да најдам работа е и малата операција..
Но барем, пак верувувам дека се врати мала надеж во мене со тоа што запознав нов другар, но за жал тој е на поголема далечина од мене.. :/
Ова е само една капка во споредба со се што не е опишано, а што ми се случи..
Еве на мене што ми се случи, пазете и вие да не го направите на вашите деца затоа што остава хендикеп кој што тешко се надминува, а остава последици низ целиот живот..
P.S. Еден поздрав од мене...