...
P.S. Еден
поздрав од мене...
Ми требаше време да го процесирам твојов пост. Мада знам за што збориш. Првиот услов го имаш; очај, за подобро. Тоа е добро. Ај сеа од практичен аспект:
1. Мислам дека треба да збориш со сестрите, дали може да се вселиш со нив или ако уште живеат дома со тебе, прашај ги кога мислат да се селат и дали може и ти со нив. Дали се сеа отселени или ќе се селат за месеци или година/и, муабетот што треба да го напраиш со нив е дали е подобро да работиш или учиш следнава година, колку можат они да те покриваат финансиски, дали може да ти предложат идеи за работа која нема да го оптоварува твојот здравствен проблем и што пари се зимаат од тоа. Дознај колку се плаќа година на факс и размисли дали факс ќе моеш истоврмено да тераш со работа, а тука не биди многу оптимиста...
2. со родителите моеш да се караш и тепаш, тоа дури и да функционира со такви луѓе, само ќе те пуни уште поише со горчина. Трпи ги, тргај им се од патот, у секој случај останува уште малце дур да се иселиш пошо рачунај 20тина год веќе си издржал. Уште малце. Раздели се со нив со добро, бар од твоја страна што се однесува.
3. иам ја другари од твоја населба - ако живееш таму кај што мислам дека живееш според постовите, те сталкирав малце

- ... другариве фини луѓе од 25,6 години се, се собираме ретко али квалитетно на пивце у мое маало, па можам да те викнам кога ќе ме викнат следен пат... сега ја сум доста зафатена и они се ваму-таму, така да не очекувај у брзо време, а дотогаш упознај кајганџии или нешто.
4. И покрај фините постови погоре и слично, не очекувај луѓе да ти помогнат од аспект на РЕАЛНО соживување, така да боље дружи се уз заебанции и општи муабети за да не се разочаруваш.
5. Сѐ најдобро.