Во 1998 г. во печат излезе книгата на Димитриос Литоксоу, „Грчка антимакедонска броба I, од Илинден до Загоричани“. Истата книга во 2004 г. е преведена на македонски јазик. Во неа се пишува за односот на Грција и грчкото општество за време на Илинденското востание, како и организираното испраќање на првите грчки чети во Македонија со цел да се борат против структурита на МРО. Интерсно е во книгата што авторот на многу добар начин ја разобликува бугарската и грчката пропаганда во Македонија. За него целото насление е македонско, не е правена разлика меѓу патријаршиското и егзархиско население, т.е. сите се Македонци. Книгата му завршува со колежот на грчките андарти во с.Загоричани од 25 март 1905 год., едно од најголемите во Македонија во тој период со околу 3300 жители. На крај од книгата има и една карта со селата во Костурската и Леринската околија, составена од авторот, во кои се наведуваат селата и населението кое живее во него.