S
Sheldon Cooper
Гостин
Тешко нас...Македонските граѓани се најрелигиозни во Европа, покажува глобалната студија „Религиозност и атеизам“ на „Галуп интернешенел“.
Според истражувањето спроведено во ноември и декември лани на околу 52 илјади лица во 57 земји во светот, 90 отсто од анкетираните Македонци одговориле дека се религиозни.
По граѓаните на Македонија, најрелигиозни во Европа се Романците (89%), Молдавците (83%), Полјаците (81%), Србите (77%) и Италијанците (73%),...
Според светскиот индекс за религиозност, Македонците се на четвртото место. Најрелигиозни, според истражувањето на „Галуп“, се граѓаните на Гана, Нигерија, Ерменија и Фиџи.
Најмалку религиозни, пак, се Кинезите, Јапонците и Чесите. Како атеисти се изјасниле 47 проценти од анкетираните кинески граѓани, 31 отсто од Јапонците и 30 проценти од Чесите. Во Македонија само еден отсто од испитаниците кажале дека се атеисти.
Учесниците во истражувањето одговарале на исто прашање: „Без оглед на тоа дали одите на места за богослужба или не, дали за себе сметате дека сте религиозна, нерелигиозна личност или сте убеден атеист“.
Извор: Сител