„Анализиравме… Грешки имало и ќе има, но ние се трудиме тие да бидат сведени на минимум и да не бидат тенденциозни. Порано можеа да бидат објавувани оценките веднаш по мечот, но сега ФИФА стриктно забранува и го заштитува интегритетот на судиите. Поради тоа не може да се објават судиите кои грешеле и кои ќе бидат казнети. Тоа можете да го видите според тоа кој арбитар ќе биде изземен од следното коло. Во светски рамки оценка од 7,9 не е доволна за судија да биде казнет, но кај нас одлучивме за тоа да се паузира по два натпревари. Инаку оценка 7,9 се добива со само една грешка“, објаснува Божиновски.
Останува да видиме кои делители на правдата викендов нема да бидат „во акција“, па според тоа ќе се оцени колку казни воопшто изрекла Судиската комисија.