Македонско фудбалско првенство 2012/2013

Кој ќе биде новиот шампион?


  • Вкупно гласачи
    325
Статус
Затворена за нови мислења.
Z

ziko bt

Гостин
Само едно нешто не ми е јасно сега, и ако знае некој нека ми одговори. Значи со влегувањето во прва лига се е океј, мешутоа колку екипи ќе испаѓаат од втората лига??? Кој ќе ги замени тие три екипи кои оваа година ќе влезат директно во прва лига. Имаме три тима кои се суспендирани, и тие нема да идат во втора лига како испаднати. Значи има три празни места. Е сега прашањето е дали сите шампиони на третите лиги ќе влезат во втора, а од лигата ќе отпаднат Влазерими и Охрид, или пак ќе има некои други класификации. Ако идеме како што беше до сега, тогаш имаме три двојки во баражот по кои би се одлучиле второлигашите. Но која би била шестата екипа во баражот :) Дали тоа ќе биде Влазерими како последни од втора лига, или пак и они ќе опстанат а во баражот ќе влезат шампионите од четирите трети лиги, плус двете од групите 1 и 2 од северот, кои требаше да играат прелиминарен бараж за да стигнат до главниот бараж??
Знае ли некој нешто околу ова???
Влазрими испаѓа,Охрид бараж
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Само едно нешто не ми е јасно сега, и ако знае некој нека ми одговори. Значи со влегувањето во прва лига се е океј, мешутоа колку екипи ќе испаѓаат од втората лига??? Кој ќе ги замени тие три екипи кои оваа година ќе влезат директно во прва лига. Имаме три тима кои се суспендирани, и тие нема да идат во втора лига како испаднати. Значи има три празни места. Е сега прашањето е дали сите шампиони на третите лиги ќе влезат во втора, а од лигата ќе отпаднат Влазерими и Охрид, или пак ќе има некои други класификации. Ако идеме како што беше до сега, тогаш имаме три двојки во баражот по кои би се одлучиле второлигашите. Но која би била шестата екипа во баражот :) Дали тоа ќе биде Влазерими како последни од втора лига, или пак и они ќе опстанат а во баражот ќе влезат шампионите од четирите трети лиги, плус двете од групите 1 и 2 од северот, кои требаше да играат прелиминарен бараж за да стигнат до главниот бараж??
Знае ли некој нешто околу ова???
Вака сега првично требаше да испаднат 4 екипи,е една бараж,но со дисквалификацијата на Македонија и Слога требаше да испаднат две,а една бараж,а сега по дисквалификацијата на Победа,само една ке испадне,а една бараж
Во случајов е тоа Охрид.
Се надевам ме разбра.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.912
Поени од реакции
73.220
Вака сега првично требаше да испаднат 4 екипи,е една бараж,но со дисквалификацијата на Македонија и Слога требаше да испаднат две,а една бараж,а сега по дисквалификацијата на Победа,само една ке испадне,а една бараж
Во случајов е тоа Охрид.
Се надевам ме разбра.
Да, да јас направив мала утка:)
Значи сепак одбрале помалку екипи да испаднат на сметка на тоа повеќе да влезат. Мислам дека е тапа ваквава одлука затоа што мноу од тимовите од третите лиги, се каде каде подобри од Охрид и Цементарница на пример која сигурно се спасила :)
Инаку можно е фузија на Цементарница со еден тим од трета лига за идната сезона (нема да откријам кој) иако сега за сега преговорите запнале :wink:
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Денот "Д" за Работнички и Пелистер
*"Гостите доаѓаат со предност, но Работнички има голем мотив, знаеме што носи овој реванш и затоа ветуваме беспоштедна битка", посочува Боби Божиновски
*"Со поддршка на нашите навивачи кои ветуваат дека ќе н$ бодрат во Скопје се надеваме на финале", потенцира Марјан Алтипармаковски
Денеска е денот "Д" за Работнички. Денеска ќе се знае дали Работнички ќе успее да ја "спаси" сезоната со трет пласман едноподруго во големото куп финале или, пак, сметките ќе му ги расипе младиот и екстра талентиран тим на Пелистер. Битолчани во Скопје доаѓаат со позитива од 1:0, резултат остварен пред еден месец на свој терен под "Тумбе кафе". И затоа повеќе од јасно е дека "зелените" грчевито ќе се борат да не загубат или, пак, да загубат ама со подносливи 1:2 или 2:3 и слично.
Од друга страна Работнички, пак, ако сака барем една титула оваа сезона ќе мора да ја мине оваа голема и тешка пречка. Оваа сезона ретко кој го надиграл Пелистер, уште поретко кој го победил со 2:0 или 3:0. Еден од ретките е токму Работнички, кој во август во минатата полусезона на "Филип Втори" ги "торпедираше" битолчани со ефектни 3:0.
На ваков резултат се надева и првиот "бомбардер" на Работнички, но и во целета Прва лига искусниот Боби Божиновски.
"Еве, конечно дојде и тој ден. Ние знаеме да играме вакви тешки и големи мечеви. Искуството и квалитетот се на нашата страна. Математиките се јасни, неопходна ни е победа од два гола разлика и таа е достижна за нас. Приоритет е што побргу да го анулираме минусот од Битола, да постигнеме ран гол за подоцна да не влеземе во некои непотребни тензии за нас. Но и ако не дојдеме до тој ран гол не смее да н$ 'фати' нервоза. Има време, средбата трае 90 минути. Само потребна е како што реков маскимална и голема мотивираност. Посакувам гол или два, кои ќе бидат доволни за севкупен триумф. И на крај јас и моите соиграчи ветуваме беспоштедна битка попладнево на 'Филип Втори", ни изјави Божниновски.
Фудбалерите на Пелистер се наоѓаат пред најважниот одговор во оваа сезона. Ќе се изборат ли за четврто Куп финале или, пак, утеха ќе мора да побараат во последните три кола од шампионатот. Со комплетен ростер и без ни еден проблем со повредени или казнети фудбалери, "пелистерци" гостуваат на теренот, каде најлошо минувале во натпревари од официјален карактер. Не паметат ни кога последен пат постигнале гол, а не да триумфираат кога во Скопје одат на мегдан кај Работнички. Но оваа сезона повеќе се радуваа, дури трипати, наспроти еден пораз од 3:0 каков што ќе обидат да избегнат попладнево. Еден од оние во кои се вперени сите очи е Марјан Алтипармаковски, кој веќе се запиша во листата на стрелците во мечот од првенството со избраниците на Стратев.
"Добро го подготвивме овој меч и верувам дека ќе одиграме доволно да се избориме за финалето. Битолчани добро знаат што значи финале на националниот Куп и носени на крилјата на нашите навивачи, можеме да се надминеме себеси. Наша цел е да дадеме еден гол со што ќе му ја отежнеме работата на противникот", истакна Алтипармаковски.
Голема дилема е дали Љамчевски и Илиовски ќе подготват тактичко изненадување или ќе го извадат истиот тим од мечот во петокот со враќањето на казнетиот стрелец од првата средба Александар Вељановски. Битолчани речиси една деценија го сонуваат финалето на националниот Куп, па затоа во голем број денес ќе тргнат кон главниот град да му дадат поддршка на битолските зелени.
З. Ѓоршоски
З. Мишевски

РАБОТНИЧКИ - ПЕЛИСТЕР
(прв меч: 0:1)
Стадион: Национална Арена "Филип Втори" во Скопје. Капацитет: 11.000. Почеток: среда, 16:30 часот.
РАБОТНИЧКИ: Богатинов, Димовски, Бојовиќ, Фернандо, Секуловски, Туневски, Н. Глигоров, Муарем, Б. Божиновски, Вандаир, Петковски.
Тренер: Зоран Стратев.
ПЕЛИСТЕР: Павловиќ, Брдаровски, Ганчев, Цветковски, Ристевски, А. Велјановски, Брадоњиќ, Т. Велјановски, Љамчевски, Илиев, Алтипармаковски.
Тренер: Наум Љамчевски.

ЗОРАН СТРАТЕВ:
Нема по секоја цена да напаѓаме
Стратегот на Работнички по малку како да ја открива тактиката, барем на стартот од средбата на денешниот меч во својата изјава.
"Овој натпревар се игра 90 минути, а нам ни е потребен најмалку гол за израмнување или, пак, два за победа, притоа да не се тресе нашата мрежа. Значи имаме доволно време да се организираме и да го нападниме голот на гостите. Тоа, пак, значи дека нема по секоја цена уште на стартот да нападнеме со сите сили. Па и Бојовиќ и останатите да истрчаат во противничката половина. Пелистер е квалитетна екипа која знае да ја казни секоја грешка на противникот па затоа не треба да дозволиме да примиме гол. Ако се случи тоа тогаш ќе биде далеку потешко, тогаш ни се потребни три гола во мрежата на битолчани. Посакувам нашите играчи да одиграат одговорни, квалитетни, мотивирани, дисциплинирани 90 минути. Е ако одиграме така тогаш верувам дека ќе се радуваме на уште едно финале", истакнува Стратев.

Работнички оди по рекорд
Работнички може да влезе во куп историјата ако оваа сезона по третпат едноподруго го освои пехарот во нашето најмасовно натпреварување. Досега само Вардар 1998 и 1999 и Работнички 2008 и 2009 по двапати едноподруго славеле во големото финале. Кога сме кај финалињата Пелистер е нешто подобар, има три и оди по своето четвтрто финале. Во таа 2001 го освои единствениот пехар кога ја совлада Слога Ј. Работнички како што веќе рековме, пак, оди по своето трето финале и исто толкав број трофеи.

Фабио и В. Божиновски во "аут"
Стратев не може да смета само на двајца свои фудбалери. Искусниот дефанзивец Васко Божиновски и напаѓачот Фабио Силва. И двајцата се жалат на ситни повреди, ако беше тоа некоја друга средба можеби и ќе стиснеа заби и ќе заиграа, но на Стратев денеска му се потребни само 100% подготвени и здрави играчи.

"Филип Втори" е магепсан за Пелистер
Битолчани денеска играат и против традицијата. Имено, "зелените" не ни паметат кога последен пат триумфирале среде Скопје на еден официјален натпревар против Работнички. Бројките велат дека тоа не го сториле во последните пет години, подалеку не отидовме во историјата. Па така на последните десет средби во Скопје, куп средби и првенствени Работнички победил дури девет пати. Битолчани извлекле само едно реми, и тоа со 0:0 и тоа на 11.05.2008 година. Гол разликата е 21:2 за "романтичарите".
 
Член од
28 април 2009
Мислења
1.831
Поени од реакции
253
Незнам само до каде ке гураме со оваа федерација, каде што однапред се знае шампионот, финалистите на купот и освојувачот...
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
ФФМ ги поништи резултатите на Победа во 2009/10


Како да беа малку заплети, пресврти и перипетии. Нова епизода во случајот Победа и повторно во главна улога фудбалската федерација на Македонија.

На официјалниот веб-сајт на ФФМ денеска се појави табела, а потоа и соопштение во кои на ФК Победа и се збришани сите бодови и сите резултати од оваа прволигашка сезона.

ФФМ објаснува дека новите насоки од ФИФА ги добиле денеска и затоа поништувањето на рзултатите не било вклучено во првото соопштение за казната од понеделникот.

Но, тој текст вели поинаку. Прашање е зошто се толкуваше погрешно, можеби некому му требаше време.

Во понеделникот стоеше дека, спроведувајќи ја одлуката на ФИФА, ФФМ ја суспендира Победа од првенствата на Македонија при тоа резултатите постигнати од првите два круга во натпреварувачката 2009/2010-та остануваат, а натпреварите на Победа во последните три кола ќе бидат регистрирани со службени 3:0 за нејзиниот противник.

Суспензијата ќе важи во период од 8 години, а почнувајќи од натпреварувачката 2009/2010-та. Нејасно е зошто резултатите на Победа не беа поништени уште со првото изрекување на казната, кога, според одлуката на ФИФА соопштено е дека суспензијата важи од натпреварувачката 2009/10-та, што значи од почетокот на сезоната, од први август 2009-та од првото натпреварувачко коло.

Наместо тоа ФФМ ја протолкува одлуката поинаку, претпоставуваме како што повеќе одговара за да се купи време.

Елиминирањето на Победа значи дека и трета екипа надвор од Првата лига што, пак, дополнително го доведува во прашање и онака хаотичното првенство и неговата одрживост.

Со поништените натпревари на Победа, во прволигашкиот распоред за оваа година, вклучувајќи ги и преостанатите три кола ќе се одиграат вкупно 127 натпревари.

Пресметано во нормални услови, со лига од 12 екипи тоа би биле точно 21 коло. Дали лига со 21 коло и без три екипи е легитимна лига нека кажат должните за тоа.


1. Ренова ....................... 52
2. Работнички.................. 47
3. Металург .................... 40
4. Пелистер .................... 35
5. Силекс ....................... 31
6. Тетекс ....................... 25
7. Вардар ....................... 24
8. Турново ..................... 22
9. Милано ....................... 6

- Вардар, Работнички и Милано до крајот ќе паузираат по едно коло.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ко најсмешни видео инсерти да гледам!poser

Бродот тоне ли тоне.
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Незнам само до каде ке гураме со оваа федерација, каде што однапред се знае шампионот, финалистите на купот и освојувачот...
Со оглед на тоа што го видовме вчера, ја тврдим дека не беше наместена утакмицата Скопје - Тетекс, а и другава гледам се играла на пенали, така да...Се претпоставуваше дека Тетекс - Работнички ќе биде финалето, ама не е местено верувајте, посебно после инцидентот што го предизвика управата на Скопје се со цел да стигнат до финалето, на нефер начин (кога неможеше да не тепаат во фудбал).
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296
Одлуката за бришење на Победа и на сите нејзини бодови од оваа сезона во ФФМ стасала во петокот, но за да нема амбиции Работнички на гостувањето во Битола, информацијата ја „пуштија“ дури во понеделникот

Фудбалската федерација на Македонија вчера објави дека од ФИФА стасала уште една наредба во врска со Победа, и тоа дека сите резултати на прилепчани од оваа сезона мора да бидат избришани, што значи дека клубот веќе ја одработил првата од осумте години суспензија. Откако УЕФА ги казни прилепчани со осумгодишна суспензија од настапи во еврокуповите, од ФИФА стаса уште пострашна депеша - Победа да биде тргната од сите македонски натпреварувања во исто толку сезони. Но сега, последно за што нé информира македонската куќа на фудбалот е дека треба да се избришат и резултатите на Победа.

НОВА ТАБЕЛА

1. Ренова 23 16 4 3 42-18 52
2. Работнички 24 14 5 5 36-18 47
3. Металург 23 10 10 3 32-15 40
4. Пелистер 23 10 5 8 26-24 35
5. Силекс 23 8 7 8 28-28 31
6. Тетекс 23 7 4 12 29-30 25
7. Вардар 24 7 6 11 24-28 24
8. Х. Турново 23 7 4 12 24-32 22
9. Милано 24 1 3 20 13-74 6

СТАРА ТАБЕЛА

1. Ренова 26 19 4 3 50-20 61
2. Работнички 26 15 5 6 44-24 50
3. Металург 26 13 10 3 38-16 49
4. Пелистер 26 12 6 8 28-24 42
5. Силекс 26 9 8 9 33-31 35
6. Тетекс 26 8 4 14 32-35 28
7. Турново 26 9 4 13 28-34 28
8. Вардар 26 7 7 12 25-30 25
9. Милано 26 2 3 21 17-80 9

Но бришењето на резултатите на прилепчани значи и поместувања на табелата, па Ренова сега не е теоретски шампион како што беше сосе деветте бода од натпреварите со Победа. Тетовци, по новата табела, сега имаат 52 бода, само пет повеќе од Работнички на второто место, кој загуби три бода, со оглед на само едната победа сезонава над прилепчани. Дебармаалци до крајот имаат уште два меча, зашто требаа да се сретнат токму со Победа, но работата за титулата, сепак не е завршена зашто претстои дуелот Ренова - Работнички, а тетовци гостуваат и кај третопласираниот Металург. И тимот од Автокоманда загуби девет бода со оглед на трите триумфа над Победа, па сега има пет бода предност пред Пелистер, наспроти седумте од старата табела.

Сепак, овој развој на настаните крие една уште пострашна работа, а тоа е зошто ФФМ не излезе со информацијата за писмото од ФИФА во петокот, кога тоа и дојде во куќата на фудбалот. Шпекулацијата е дека со криењето на одлуката за бришењето на сите резултати на Победа сезонава, Работнички одеднаш ќе се вратеше во игра за титулата, што не му одговара на потпретседателот на ФФМ и газда на лидерот Ренова, Кенан Идризи. Наводно, затоа и било решено суспензијата да биде премолчена за викендот, за Работнички сосема растоварено да патува во Битола во петокот на дуелот со Пелистер. Таму романтичарите отидоа со вториот тим и загубија со 0-1 во меч што тогаш не значеше ништо за нив. Но ако ја имаа информацијата за бришењето на резултатите и победена на Тумбе кафе, разликата помеѓу нив и Ренова ќе беше само два бода на три кола до крајот.

Од ФФМ вчера никој не сакаше да ги коментира овие шпекулации, но раководните луѓе состанчеа неколку часа пред да ја соопштат одлуката за бришењето на резултатите. Сепак, веб-сајтот на ФФМ беше побрз и веќе околу пладне ја објави новата табела, со избришаните резултати на Победа.




Поповски: Да го знаевме ова, немаше со трет тим да одиме во Битола

- Ова е нов момент. Сé се менува комплетно. Да го знаевме ова, немаше со трет тим да одиме во Битола, туку ќе се боревме. Многу работи не се логични. Сé почна со хаос и така ќе заврши - со хаос - беше коментарот на претседателот на Работнички, Драган Поповски, кој беше вчудовиден од новата табела во Првата лига и сé уште постоечките шанси на дебармаалци за титулата.

Море и нас не ебаја овие од ффм да знаеше работнички ние ќе му ја дадевме од првенството а тие нас купот :)
http://www.sport.com.mk/?ItemID=45CDAED1DC52D5469872CF3DFF90198E

ПОЛУФИНАЛЕТО НА АВТОКОМАНДА МИНА ВО "РЕЖИЈА" НА "ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ" ОД ПРИЛЕП
Спиркоски уништи се!!!
* Ретко виден хаос на нашите терени предизвикан од катастрофалните одлуки на главниот судија кој од фудбалската фешта направи хорор
Три прекини, три црвени картони, "апсење" на терен, хаос со навивачи, празнење на трибини и натпревар кој траеше три и пол часа е епологот од вчерашниот реванш полуфинален куп натпревар меѓу Скопје и Тетекс. Нешто што требаше да биде историски ден за двата клуба "магионичарот" Миле Спирксоки го претвори во вистински хаос кој наликуваше на с$ само не на фудбал. Нашиот интернационален судија се прикажа срамно и бедно пред македонската фудбалска јавност и пред неговите претпоставени кои можеа да видат со каков судиски кадар располага Македонија. Одлуките на Спиркоски во буквална смисла го изрежираа овој меч и од него создадоа скандал од кој сите треба да се засрамиме. Самиот меч почна сосема нормално со навивачки декор и спортска атмосфера. Ова како да не беше во планот на главниот арбитар кој очигледно беше решен натпреварот да го одведе во сосема друг правец. Како вистински фудбалски анафалбет Спиркокси уште од стартот ги испушти конците од своите раце и почна со чудни и на моменти смешни одлуки.
Тетекс поведе уште во 13. минута со голот на Радоњиќ, а по убавата асистенција на Исеини, а с$ што следуваше потоа треба да влезе во аналите на македонскиот фудбал, но во негативна смисла.
С$ почна во 19. минута кога по дуелот на двајцата најискусни фудбалери на теренот, Бајрмовски и Захариевски, кулминираше со ситуацијата во која играчот на Скопје доби директен црвен картон. И покрај тоа што Бајрамовски и претходно доби жолт, по овој старт тој доби директно исклучување иако објективно немаше елементи за тоа. Спиркоски мораше да има малку повеќе фудбалско чувство во овие моменти и да предвиди каква рекација ќе има исклучувањето на домашниот играч уште на стартот на мечот. Ова беше причината за првиот поголем прекин, во кој имаше с$ и сешто. Домашните револтирани од ваквата негова одлука прво бурно реагираа, а потаоа решија да се повлечат од теренот. Следуваше неколкуминутно натегање на релација делагат,судии и претставници по што средбата продолжи. За сето тоа време Спиркоски во друштво со голем број специјалци и полицајци мирно, како да нема никаква врска со ова чекаше да се расчисти мешаницата и да го продолжи мечот. Така и се случи , домашните свесни за последиците доколку го напуштат мечот, се вратија на теренот и продолжија со игра. Нервозата с$ повеќе се чувствуваше како на теренот така и на требините и се одеше кон тоа овој меч да добие малку поинаков тек. Тетекс го искористи сето ова и поведе со 2:0 со голот на Ристовски со глава и тоа беше с$ од "циркусот" на Спиркоски во првиот дел.
Вториот "чин" во режија на главниот судија следуваше на стартот на второто полувреме. Наместо фудбал присутните повторно беа сведоци на прекин, овој пат предизвикан од немирите на трибините. Гостинските навивачи, "војводите", прво почнаа да фрлаат предмети на теренот и со тоа ги предизвикаа домашните кои тргнаа да се пресметаат со нив. Брзата реакција на специјалните и полициските сили го спречи инцидент од поголеми размери.
Тука на сцена стапи делегатот Зејди Салиу, кој добри дваесетина минути ја носеше одлуката да си испразни дел од трибината каде што се наоѓаа гостинските навивачи за да се создадат елементарни услови за игра. По ова на никого не му беше до фудбал и актерите на овој меч имаа само едно на ум, да дојде крајот на оваа полуфинална "лакрдија" во која тие очигледно не сакаа да имаат удел. Чин трети, 75. минута. Фудбалерот на Тетекс Димче Ристевски при еден дуел на аут линијата буквално го запали "фитилот" на и така изреволтираните домаќини, но Спиркоски повторно настапува на сцена и не го санкционира. Благодарение на него полицијата повторно мораше да реагира. По сите овие перипетии Скопје успеа во финишот на мечот да постигне гол и да ги постигне конечните 1:2. А, за малку ќе заборавевме дека Тетекс е финалист и дека го постигна најголемиот успех во клупската историја.
В. Фотиновски
О. Дојчиновски

"Црвено-жолто" полуфинале
На вчерашното полуфинале на стадионот на Автокоманда главниот судија Горан Спиркоски го "искина" својот џеб доделувајќи картони. Тој додели три црвени и осум жолти картони. Две исклучувања зарботија домашните (Бајрамовски и Јашаропвски), а едно гостите (Захаривески). Скопје до 45. минута играше со играч помалку, кога втор жолт и автоматски црвен заработи Захариевски. Што се однесува до жолтите картони, на тој план гостите беа подобри и заработија вкупно шест.

За домашните спорен првиот гол
По, постигнувањето на првиот гол на Тетекс во 13. минута домашните реагираа кај вториот помошник Љупчо Димоски и рекламираа офсајд позиција. Но прилепскиот арбитар не мислеше така, па така сите реакции на сето ова беа залудни. На видеоснимката најдобро ќе се види спорниот момент.

Спиркоски спорведен како во Хаг
По завршувањето на првиот дел, за време на трите прекини, како и по завршувањето на мечот главниот судија Горан Спиркоски како и неговите помошници беа во "друштво" од голем број полициски и специјални сили. Еден од пристуните гледачи за ваквиот спровод на главниопт арбитар се огласи со коментар: "Ова е како во Хаг, а вака ги спроведуваат оние кои се казнети за електрична столица"!

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ

ЉУПЧО МАРКОВСКИ

"Трениравме и се подготвуваме да играме со израмнети сили, но, сепак, некој не сакаше така да биде. Заработивме непотребно исклучување кое ни ја смени целата концепција на нашата игра. Во вториот дел со израмнети сили бевме подобри, постигнавме гол. Но ова што го правеше главниот судија е вистинска кражаба. И молам бога во финалето да се сретнат Работнички и Тетекс за да присуствуваме на уште еден фудбалски скандал.

ТОНИ ЈАКИМОВСКИ
"Одигравме како што посакувавме. Јас сум задоволен од пласманот во финалето бидејќи сметам дека заслуживме да сме таму. С$ останато освен она фудбалското на теренот не е мое да го коментирам.

СКОПЈЕ - ТЕТЕКС 1:2 (0:2)
(вкупен резултат: 1:2)
Стадион во Автокоманда. Гледачи: 1.000. Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Љупчо Ристевски и Љупчо Димоски (сите од Прилеп). Делегат: Зејди Салиу (Гостивар). Стрелци: Радоњиќ 13', Ристовски 33' (Т), Мојсовски 87' (С). Жолти картони: Бајрамовски, Симоновски (С), Стојковиќ, Ристовски, Ристевски, Захариевски, Пеев (Т). Црвени картони: Бајрамовски 19' (С), Јашаровски 45' (С), Захариевски 44' (Т).
Играч на натпрерварот: Борче Ристовски.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Брацо is the MAN.

После овој текст за настаните на мечот, не верувам дека Скопје и Тетекс ја договориле. Дали Горан Спиркоски му помогнал на Тетекс или не, дали тоа го правел намерно или толку знае да суди, не можам да кажам бидејќи не го гледав натпреварот. Ако ФК.Скопје размислувал за повлекување од теренот, ич нека не помислуваат да играат во Прва лига. Мора да се помират дека во Прва Лига нема „домашно“ судење како во Втора Лига. Ова важи за сите нови прволигаши.

А финалето во купот се знае. Ќе даде Хет трик Брацо. Ама ќе видиме за кого ќе бидат двата гола, а за кого едниот :helou:
Ај да не прогнозираме кој ќе победи, за да не ги налутиме тетовци :smir:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Брацо is the MAN.

После овој текст за настаните на мечот, не верувам дека Скопје и Тетекс ја договориле. Дали Горан Спиркоски му помогнал на Тетекс или не, дали тоа го правел намерно или толку знае да суди, не можам да кажам бидејќи не го гледав натпреварот. Ако ФК.Скопје размислувал за повлекување од теренот, ич нека не помислуваат да играат во Прва лига. Мора да се помират дека во Прва Лига нема „домашно“ судење како во Втора Лига. Ова важи за сите нови прволигаши.

А финалето во купот се знае. Ќе даде Хет трик Брацо. Ама ќе видиме за кого ќе бидат двата гола, а за кого едниот :helou:
Ај да не прогнозираме кој ќе победи, за да не ги налутиме тетовци :smir:
Права селска екипа. Скопје добива црвен, и одма 5-6 души влагаа у терен и ги мкнат судиите, пцујат по играчите и уште 300 чуда. Па каде го има тоа бе? СРАМОТА! Слободно може да се каже дека се селска екипа, неизживеани луѓе.
Иначе дали судијата судел за нас...не го видов најдобро моментот кога заработи црвен картон играчот на Скопје, може и бил престрого како што кажуваат, незнам...Ама и црвениот на Захариевски беше смешки. Захариевски веќе имаше жут, и при еден фаул на средина од терен играчот на Скопје веднаш го изведе, Захариевски немаше време ни да се оддалечи на потребното растојание, играчот на Скопје ја шутна намерно топката во него а судијава му покажа втор жолт :tapp: Само незнам зошто не е спомната таа одлука во Спорт, како што се спомнати другите спорни моменти.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Права селска екипа. Скопје добива црвен, и одма 5-6 души влагаа у терен и ги мкнат судиите, пцујат по играчите и уште 300 чуда. Па каде го има тоа бе? СРАМОТА! Слободно може да се каже дека се селска екипа, неизживеани луѓе.
Иначе дали судијата судел за нас...не го видов најдобро моментот кога заработи црвен картон играчот на Скопје, може и бил престрого како што кажуваат, незнам...Ама и црвениот на Захариевски беше смешки. Захариевски веќе имаше жут, и при еден фаул на средина од терен играчот на Скопје веднаш го изведе, Захариевски немаше време ни да се оддалечи на потребното растојание, играчот на Скопје ја шутна намерно топката во него а судијава му покажа втор жолт :tapp: Само незнам зошто не е спомната таа одлука во Спорт, како што се спомнати другите спорни моменти.
Еден од основачите и директор на Македонски Спорт, Мирко Спасевски, мислам дека има некоја блиска врска со ФК.Скопје. Едно време играше за Скопје (кога беше Миленко спонзор), добар пријател е со Лупчо Марковски - Калц (тренерот на Скопје), брат му на Мирко живее во Автокоманда, па можеби и Мирко потекнува од Автокоманда ... итн.
Има некоја блискост меѓу Мак.Спорт и ФК.Скопје.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Еден од основачите и директор на Македонски Спорт, Мирко Спасевски, мислам дека има некоја блиска врска со ФК.Скопје. Едно време играше за Скопје (кога беше Миленко спонзор), добар пријател е со Лупчо Марковски - Калц (тренерот на Скопје), брат му на Мирко живее во Автокоманда, па можеби и Мирко потекнува од Автокоманда ... итн.
Има некоја блискост меѓу Мак.Спорт и ФК.Скопје.
osnovacite na makedonski sport bea so milenko vo klubot joze oleski bese potpretsedatel vasko arsovski direktor a mirko spasevski bese sportski direktor vo fk skopje
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.310
Поени од реакции
8.296

УО на ФФМ на денешната 5. седница одржана во х. Салида во Прилеп донесе одлука со која поради стартот на ЕП за жени (19г) што ќе се одржи во Македонија од 24.Мај до 05.Јуни финалето на националниот куп, помеѓу екипите на Тетекс и Работнички да се одигра на 26. Мај на Националната арена Филип Втори Македонски со почеток во 16ч.
Потврдени се термините и официјалните лица за финалните натпревари во сите конкуренции:
РАБОТНИЧКИ – ТЕТЕКС 26. Мај 16ч. Национална арена Филип Втори Македонски
СУДИИ: Владимир Кипријановски, Зоран Стефанов, Љупчо Ристески, Стевче Шулески. Контролор: Беким Баута. Делегат: Иван Анастасовски.

ВАРДАР-ШКЕНДИЈА (младинци) 22. Мај 16ч. Прилеп
Судии: Марјан Ецкоски, Александар Величковиќ, Џенан Хајдари, Никола Костенчев. Контролор: Раско Мишковски. Делегат: Тони Ивановски.

РАБОТНИЧКИ – ИСКРА ЈУН. (кадети) 12. Мај 16ч. Струмица
Судии: Стојанче Стојанов, Никола Караколев, Сашо Иванов, Драган Јаневски.
Контролор: Ангел Бунгуров. Делегат: Димче Тристовски.

МАКЕДОНИЈА ЃП-ПРИЛЕП (пионери) 12. Мај 14ч. Струмица
Судии: Валтон Ристеми, Ѓорѓи Карајованов, Андреј Гиев, Стојанче Трпчев.
Контролор: Диме Димитровски. Делегат: Саљими Абдиљ.

ЖЕЛЕЗАРЕЦ – ХЕДИС (футсал) 19. Мај 20ч. Скопје
Судии: Петар Мантев, Марјан Марковски, Зоран Темелков.
Контролор: Коста Јанески. Делгат: Лазар Нанев.

Финалето на купот во женска конкуренција ќе се одигра на 19. Јуни во Кавадарци.
Судии: Ивана Пројковска, Весна Спиркоска, Елена Соклевска. Вјолца Изеири.
Контролор: Алиерџан Хаџипази. Делегат: Саше Наумоски.



УО ги утврди критериумите за лиценцирање на судиски контролори.
УО ја прифати оставката на досегашниот претседател на Судискиот одбор при ФФМ, Боро Мадиќ и му се заблагодари за досегашната соработка и коректно извршување на функцијата.
За нов претседател на Судискиот одбор е назначен Раско Мишковски од Скопје.

УО ги потврди одлуките на Комитетот за итност донесени помеѓу две седници, и го разгледа предлогот за проширување на Втората МФЛ и воведување котизација за учество во првенствата на Македонија во Првата, Втората и Третата МФЛ во согласност со спроведувањето на националното лиценцирање.
Донесен е заклучок да се изготви елаборат со вметнување на позитивните искуства од соседните шампионати и воедно да се разгледаат сите импликации и последици од прифаќањето на овие предлози делумно или во целост.


Во меѓувреме ќе се разговара со претставниците на клубовите во горенаведените лиги и заеднички, во согласност со законските норми, висината на надоместоците на службените лица, финансиската заштита на субјектите кои директно учествуваат во фудалската игра и други чинители ќе биде донесена одлука за котизација и ќе биде одредена и висината.
УО формира тричлена комисија која ќе разговара со претставниците на ОФС Битола за надминување на состојбите и вклучување на сите екипи во единствен систем на натпреварување.

1 Гледам прилепчани во нивниот фан клуб ќе се береле утре за време на утакмицата на младинци на победа и пелистер демек за нешто да штрјаковаат сигурно против хари и ацуле а тој денес во хотел кај нив Прилеп курот си го прчеши и никој не му текна да одат таму и да го задават :tapp:

2Да му честитам на тетекс за освоениот куп до пред да ја прочитав веста за кои се судии и контролор и делегат имав некакви надежи дека работнички ќе го освие купот а сега веќе не и за жал морам да му честитам на теткс

3проширување на лигата и тоа под итно односно помеѓу две седници се решиле и сега го разгледвале мислењето за што ќе ја прошираав 2лига само за повеќе пари оти и вака немаме никаков квалитет ние во прва лига па сега 2лига ќе ја проширвале за што ?
и еве одма следува одговор

4Котизација што значи повеќе пари за ффм и тоа пред време ги даваш парите за да платиш судии и контролори и делагати кои мора да судат како ќе кажат од ффм впрочем и тие ги определваат а не некој независен или пак здружение на прво лигаши да ги определва судиите и делегатите туку овие од ффм си кажваат кој по заслуга да намести утакмица зема некаде по околу 6000 денари за послужност од утакмица


5Пратете сега ќе ја одредат котизацијата од преку 20000 евра за прва лига а 15000 или 10000 евра за 2 лига што значи ќе земаат пари само а каде ќе се влошат во судии нивни а тоа што немаат пари клубовите и не му се помогнува а со ова му се одмогнува а тоа што немаме никакви услови терени стадиони без струја вода и столчина кој треба да мисли на тие работи клубовите или ффм и тааа хер трик програмата маме му ебаа ништо не се виде само стадионот во струмица(второлигаш) и прилеп(Победа Канзета 8 години) тоа беше се а пари се зедоаа за уште 5 стадиони а тие ојдоја јабана кај хари во кладилницата џокер :nenene:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom