Одлуката за бришење на Победа и на сите нејзини бодови од оваа сезона во ФФМ стасала во петокот, но за да нема амбиции Работнички на гостувањето во Битола, информацијата ја „пуштија“ дури во понеделникот
Фудбалската федерација на Македонија вчера објави дека од ФИФА стасала уште една наредба во врска со Победа, и тоа дека сите резултати на прилепчани од оваа сезона мора да бидат избришани, што значи дека клубот веќе ја одработил првата од осумте години суспензија. Откако УЕФА ги казни прилепчани со осумгодишна суспензија од настапи во еврокуповите, од ФИФА стаса уште пострашна депеша - Победа да биде тргната од сите македонски натпреварувања во исто толку сезони. Но сега, последно за што нé информира македонската куќа на фудбалот е дека треба да се избришат и резултатите на Победа.
НОВА ТАБЕЛА
1. Ренова 23 16 4 3 42-18 52
2. Работнички 24 14 5 5 36-18 47
3. Металург 23 10 10 3 32-15 40
4. Пелистер 23 10 5 8 26-24 35
5. Силекс 23 8 7 8 28-28 31
6. Тетекс 23 7 4 12 29-30 25
7. Вардар 24 7 6 11 24-28 24
8. Х. Турново 23 7 4 12 24-32 22
9. Милано 24 1 3 20 13-74 6
СТАРА ТАБЕЛА
1. Ренова 26 19 4 3 50-20 61
2. Работнички 26 15 5 6 44-24 50
3. Металург 26 13 10 3 38-16 49
4. Пелистер 26 12 6 8 28-24 42
5. Силекс 26 9 8 9 33-31 35
6. Тетекс 26 8 4 14 32-35 28
7. Турново 26 9 4 13 28-34 28
8. Вардар 26 7 7 12 25-30 25
9. Милано 26 2 3 21 17-80 9
Но бришењето на резултатите на прилепчани значи и поместувања на табелата, па Ренова сега не е теоретски шампион како што беше сосе деветте бода од натпреварите со Победа. Тетовци, по новата табела, сега имаат 52 бода, само пет повеќе од Работнички на второто место, кој загуби три бода, со оглед на само едната победа сезонава над прилепчани. Дебармаалци до крајот имаат уште два меча, зашто требаа да се сретнат токму со Победа, но работата за титулата, сепак не е завршена зашто претстои дуелот Ренова - Работнички, а тетовци гостуваат и кај третопласираниот Металург. И тимот од Автокоманда загуби девет бода со оглед на трите триумфа над Победа, па сега има пет бода предност пред Пелистер, наспроти седумте од старата табела.
Сепак, овој развој на настаните крие една уште пострашна работа, а тоа е зошто ФФМ не излезе со информацијата за писмото од ФИФА во петокот, кога тоа и дојде во куќата на фудбалот. Шпекулацијата е дека со криењето на одлуката за бришењето на сите резултати на Победа сезонава, Работнички одеднаш ќе се вратеше во игра за титулата, што не му одговара на потпретседателот на ФФМ и газда на лидерот Ренова, Кенан Идризи. Наводно, затоа и било решено суспензијата да биде премолчена за викендот, за Работнички сосема растоварено да патува во Битола во петокот на дуелот со Пелистер. Таму романтичарите отидоа со вториот тим и загубија со 0-1 во меч што тогаш не значеше ништо за нив. Но ако ја имаа информацијата за бришењето на резултатите и победена на Тумбе кафе, разликата помеѓу нив и Ренова ќе беше само два бода на три кола до крајот.
Од ФФМ вчера никој не сакаше да ги коментира овие шпекулации, но раководните луѓе состанчеа неколку часа пред да ја соопштат одлуката за бришењето на резултатите. Сепак, веб-сајтот на ФФМ беше побрз и веќе околу пладне ја објави новата табела, со избришаните резултати на Победа.
Поповски: Да го знаевме ова, немаше со трет тим да одиме во Битола
- Ова е нов момент. Сé се менува комплетно. Да го знаевме ова, немаше со трет тим да одиме во Битола, туку ќе се боревме. Многу работи не се логични. Сé почна со хаос и така ќе заврши - со хаос - беше коментарот на претседателот на Работнички, Драган Поповски, кој беше вчудовиден од новата табела во Првата лига и сé уште постоечките шанси на дебармаалци за титулата.
Море и нас не ебаја овие од ффм да знаеше работнички ние ќе му ја дадевме од првенството а тие нас купот
http://www.sport.com.mk/?ItemID=45CDAED1DC52D5469872CF3DFF90198E
ПОЛУФИНАЛЕТО НА АВТОКОМАНДА МИНА ВО "РЕЖИЈА" НА "ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦОТ" ОД ПРИЛЕП
Спиркоски уништи се!!!
* Ретко виден хаос на нашите терени предизвикан од катастрофалните одлуки на главниот судија кој од фудбалската фешта направи хорор
Три прекини, три црвени картони, "апсење" на терен, хаос со навивачи, празнење на трибини и натпревар кој траеше три и пол часа е епологот од вчерашниот реванш полуфинален куп натпревар меѓу Скопје и Тетекс. Нешто што требаше да биде историски ден за двата клуба "магионичарот" Миле Спирксоки го претвори во вистински хаос кој наликуваше на с$ само не на фудбал. Нашиот интернационален судија се прикажа срамно и бедно пред македонската фудбалска јавност и пред неговите претпоставени кои можеа да видат со каков судиски кадар располага Македонија. Одлуките на Спиркоски во буквална смисла го изрежираа овој меч и од него создадоа скандал од кој сите треба да се засрамиме. Самиот меч почна сосема нормално со навивачки декор и спортска атмосфера. Ова како да не беше во планот на главниот арбитар кој очигледно беше решен натпреварот да го одведе во сосема друг правец. Како вистински фудбалски анафалбет Спиркокси уште од стартот ги испушти конците од своите раце и почна со чудни и на моменти смешни одлуки.
Тетекс поведе уште во 13. минута со голот на Радоњиќ, а по убавата асистенција на Исеини, а с$ што следуваше потоа треба да влезе во аналите на македонскиот фудбал, но во негативна смисла.
С$ почна во 19. минута кога по дуелот на двајцата најискусни фудбалери на теренот, Бајрмовски и Захариевски, кулминираше со ситуацијата во која играчот на Скопје доби директен црвен картон. И покрај тоа што Бајрамовски и претходно доби жолт, по овој старт тој доби директно исклучување иако објективно немаше елементи за тоа. Спиркоски мораше да има малку повеќе фудбалско чувство во овие моменти и да предвиди каква рекација ќе има исклучувањето на домашниот играч уште на стартот на мечот. Ова беше причината за првиот поголем прекин, во кој имаше с$ и сешто. Домашните револтирани од ваквата негова одлука прво бурно реагираа, а потаоа решија да се повлечат од теренот. Следуваше неколкуминутно натегање на релација делагат,судии и претставници по што средбата продолжи. За сето тоа време Спиркоски во друштво со голем број специјалци и полицајци мирно, како да нема никаква врска со ова чекаше да се расчисти мешаницата и да го продолжи мечот. Така и се случи , домашните свесни за последиците доколку го напуштат мечот, се вратија на теренот и продолжија со игра. Нервозата с$ повеќе се чувствуваше како на теренот така и на требините и се одеше кон тоа овој меч да добие малку поинаков тек. Тетекс го искористи сето ова и поведе со 2:0 со голот на Ристовски со глава и тоа беше с$ од "циркусот" на Спиркоски во првиот дел.
Вториот "чин" во режија на главниот судија следуваше на стартот на второто полувреме. Наместо фудбал присутните повторно беа сведоци на прекин, овој пат предизвикан од немирите на трибините. Гостинските навивачи, "војводите", прво почнаа да фрлаат предмети на теренот и со тоа ги предизвикаа домашните кои тргнаа да се пресметаат со нив. Брзата реакција на специјалните и полициските сили го спречи инцидент од поголеми размери.
Тука на сцена стапи делегатот Зејди Салиу, кој добри дваесетина минути ја носеше одлуката да си испразни дел од трибината каде што се наоѓаа гостинските навивачи за да се создадат елементарни услови за игра. По ова на никого не му беше до фудбал и актерите на овој меч имаа само едно на ум, да дојде крајот на оваа полуфинална "лакрдија" во која тие очигледно не сакаа да имаат удел. Чин трети, 75. минута. Фудбалерот на Тетекс Димче Ристевски при еден дуел на аут линијата буквално го запали "фитилот" на и така изреволтираните домаќини, но Спиркоски повторно настапува на сцена и не го санкционира. Благодарение на него полицијата повторно мораше да реагира. По сите овие перипетии Скопје успеа во финишот на мечот да постигне гол и да ги постигне конечните 1:2. А, за малку ќе заборавевме дека Тетекс е финалист и дека го постигна најголемиот успех во клупската историја.
В. Фотиновски
О. Дојчиновски
"Црвено-жолто" полуфинале
На вчерашното полуфинале на стадионот на Автокоманда главниот судија Горан Спиркоски го "искина" својот џеб доделувајќи картони. Тој додели три црвени и осум жолти картони. Две исклучувања зарботија домашните (Бајрамовски и Јашаропвски), а едно гостите (Захаривески). Скопје до 45. минута играше со играч помалку, кога втор жолт и автоматски црвен заработи Захариевски. Што се однесува до жолтите картони, на тој план гостите беа подобри и заработија вкупно шест.
За домашните спорен првиот гол
По, постигнувањето на првиот гол на Тетекс во 13. минута домашните реагираа кај вториот помошник Љупчо Димоски и рекламираа офсајд позиција. Но прилепскиот арбитар не мислеше така, па така сите реакции на сето ова беа залудни. На видеоснимката најдобро ќе се види спорниот момент.
Спиркоски спорведен како во Хаг
По завршувањето на првиот дел, за време на трите прекини, како и по завршувањето на мечот главниот судија Горан Спиркоски како и неговите помошници беа во "друштво" од голем број полициски и специјални сили. Еден од пристуните гледачи за ваквиот спровод на главниопт арбитар се огласи со коментар: "Ова е како во Хаг, а вака ги спроведуваат оние кои се казнети за електрична столица"!
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
ЉУПЧО МАРКОВСКИ
"Трениравме и се подготвуваме да играме со израмнети сили, но, сепак, некој не сакаше така да биде. Заработивме непотребно исклучување кое ни ја смени целата концепција на нашата игра. Во вториот дел со израмнети сили бевме подобри, постигнавме гол.
Но ова што го правеше главниот судија е вистинска кражаба. И молам бога во финалето да се сретнат Работнички и Тетекс за да присуствуваме на уште еден фудбалски скандал.
ТОНИ ЈАКИМОВСКИ
"Одигравме како што посакувавме. Јас сум задоволен од пласманот во финалето бидејќи сметам дека заслуживме да сме таму. С$ останато освен она фудбалското на теренот не е мое да го коментирам.
СКОПЈЕ - ТЕТЕКС 1:2 (0:2)
(вкупен резултат: 1:2)
Стадион во Автокоманда. Гледачи: 1.000. Главен судија: Горан Спиркоски. Помошници: Љупчо Ристевски и Љупчо Димоски (сите од Прилеп). Делегат: Зејди Салиу (Гостивар). Стрелци: Радоњиќ 13', Ристовски 33' (Т), Мојсовски 87' (С). Жолти картони: Бајрамовски, Симоновски (С), Стојковиќ, Ристовски, Ристевски, Захариевски, Пеев (Т). Црвени картони: Бајрамовски 19' (С), Јашаровски 45' (С), Захариевски 44' (Т).
Играч на натпрерварот: Борче Ристовски.