Просто, едно од најдобрите претставуања на трибина, целокупно гледано, може да се смета навивањето на овој меч. Млади, стари, да пеат и скокаат цело време, тоа ретко се случува на нашите стадиони. Одамна, не сум уживал вака на стадион, затоа три-четири пати го гледам клипот, и адреналинот повторно расте
Коментарот на еден стар познаник кој што живее во подалечните куќи од населбата во Дреновец, дека навивањето се слушаше дури и од дома, зборува за Децибелите од тој настан.
Сигурно за тоа како доаѓа силината на звукот, може да ни кажат и „професорите“ од спротивната трибина, кои што последните денови некако не се многу активни на форумот
.