За се си во право само за ова болдираново не си во право па цз у скопје 100% паѓа и останатите клубови од србија само партизан може да се рече е на повисоко ниво од нашите клубови другите им се исти курац како и кај нас а од хрватска динамо и хајдук ете ги тие од вараждин мислам дека беа и тие шттрајкуваат не земале плата имаше и други мислам дека клубови сеа не ми текнува немој да мислиш дека ако динамо играл лш и лани партизан у нивните лиги се е како што треба
Па не би бил толку сигурен.Мислам дека во однос на организацијата не се толку пред нас,но квалитетот е на едно осетно повисоко скалило.Имаат проблеми со финансии и со локални шерифи како кај нас кои крадат само,но квалитетот на фудбалот е поголем.
Ги пратам и двете лиги доста,гледам редовно хајлајтс,а често и утакмици од тие две лиги и можам да ти кажам дека просечните играчи од таму кај нас ќе газат.Едноставно имаат мнооооогу поширока база на квалитетни играчи од кај нас,а нормално не можат сите да играат во странство и играат во домашните клубови.
Школите се вселенски брод во споредба со нашите и поризведуваат многу повеќе технички,физички и тактички подобри играчи од нашите.Не за џабе нивните играчи прават трансфери по јаки екипи во најјаките лиги,а нашите се пресреќни ако излезат до Казакстан и Кореа.
Гледај само какви срби кои во Србија се ш класа,кај нас растураат.Еден Ранѓеловиќ кој подалеку од трета лига во Србија нема мрднато е за нас авоион.Ристиќ во Србија по трета и четврта лига пред Силекс има играно,а тука се истури од голови.
Мора многу работи кај нас да се сменат.Од работата во школите,преку сениорските погони,па се до федерацијата.Од горе до доле се треба за 180 степени да се сврти.