Која црна Шкендија ќе игра бе... Охрид ко Барса им изигра прво полувреме...требеше 3:0 да води на полувреме.
Искрено, очекував подобра игра од Шкендија, само еден шут на голот на Охрид и тоа од слободен удар. Охрид едноставно го РАСТУРИ противникот...6-7 супер шанси, али за жал ниедна не влезе. Второ полувреме, кога сите очекуваа Охрид да поведе, Шкендија од корнер ситуација многу лесно постигна гол, играта повеќе им припаѓаше на Шкендија и потоа следуваше вториот гол каде помеѓу последните двајца дефанзивци играчот на Шкендија си помина без многу тешкотии и рутински си постигна гол.
Играта на Охрид драстично се промени во второто полувреме, каде публиката после 2риот гол почна да се сомнева дека натпреварот е наместен на полувреме со што се потврди кога играчите почнаа премногу лесно им дозволуваа да прават шанси и никој не се бореше за нешто повеќе како во првото полувреме. Голот за Охрид падна онака колку да се каже еве постигнавме гол.
Судиите добро си го осудија натпреварот со исклучок на помошникот каде крена 3 НЕПОСТОЕЧКИ офсајди за Охрид и сите 100% шанси пред голот на Шкендија.
Од една страна ги разбирам играчите на Охрид кои немаат земено плата повеќе од 7 месеци па еве сега им се укажа шанса да вратат дел од парите...али од друга страна, страда клубот и публиката која едвај се врати на терените да го гледа Охрид и полека полека нема да доаѓаат доколку вака продолжи.
Се зборува за сума од 10.000 до 15.000 евра дека искеширале Охрид и Антиќ, ќе дознаам точно за колку станува збор кога ќе се сретнам со неколку играчи од Охрид наредниве денови.
Погледнете хајлајтс од натпреварот и све ќе ви биде јасно.