Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
12 октомври 2011
Мислења
1.942
Поени од реакции
711
А никој нема пишано за оние луѓе во обезбедувањето на министриве и тако даље,и за инспекторите...

а што се однесува до критериумиве...се би прошол,освен можеби вратилото,правам по 5-6 правилни,ама чисто сумљам дека ги терале максимум правилно да ги прават..
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
DALI ZNAJT NEKOJ DALI KE NI GI VRATET DOKUMENTIVE POMINAJA MESEC I POL OD POLAGANJETO A MI GI ZEDOJA SITE ORGINAL DOKUMENTI DIPLOMATA?AKO ZNAE NEKOJ NEKA PISE
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Македонската војска ќе заработува на знаење

Само од издавање на полигонот на Криволак, кој има капацитет од 300 војници, АРМ може да заработува 30.000 евра дневно

АРМ ГО МЕНУВА ЛИКОТ
Колку јасно се сеќавате на веќе далечната 2001 година? Ви избледеа ли сцените од конфликтот, од престрелките, од војниците на позиции? Колкумина одамна ги потиснаа сликите за слабо вооружените и бедно облечени македонски војници? Дали денес сето тоа изгледа како одамна гледан филм?
Во пресрет на јубилејот - 20 години од основањето на АРМ, Македонија од земја-генератор на кризи прерасна во држава што главно преку војската придонесува за мир и стабилност, но и го пренесува знаењето во регионот и пошироко. Дека професионалноста на нашата армија е на високо ниво сведочат многуте проекти што се во тек и што ќе овозможат во Македонија да се обучуваат припадници на армиите на целиот балкански регион Некои регионални проекти функционираат веќе десетина години, други се во зачеток, а трети во план. Меѓу позначајните се воениот полигон Криволак, центарот за обука на пилоти и Воената академија.

Продолжение од стр. 1

За неколку години, откако ќе се види како работат, може да се оцени исплатливоста од вложувањето во овие капацитети од регионално значење, сметаат експертите.

Најдобриот полигон
во Европа

Почетокот на формирање како строго доверлива воена тајна на ЈНА од 1963 година, а сега реалност, армискиот полигон Криволак е една од највредните работи што ги поседува АРМ. Тој важи за најдобар воен полигон на европска почва. Со површина од над 1.200 квадратни километри, полигонот зафаќа речиси пет отсто од вкупната територија на државата и е одлична можност за извор на пари на македонската војска.
Армискиот полигон Криволак, кај истоименото село во општината Неготино, има услови за воена обука какви што нема на ниедно друго место на Балканот. Налето е како во пустина, во зима како на Сибир, а теренот е сличен токму на местата каде што сега има оружени конфликти. Тоа е местото каде што нашата и другите армии најчесто тренираат, а од неговите услови бил воодушевен и генералот Мајк Фицџералд, кој ветил дека ќе го промовира Криволак во НАТО. Во тек е втората фаза од уредувањето на полигонот, а потоа тој ќе може да им се издава на армии за одреден надомест со кој би се покривале трошоците. На Криволак има 300 легла, а планирани се уште толку, за да може да се смести цел пешадиски баталјон. Инфраструктурата на Криволак вклучува полигон за увежбување борба во урбани услови - Мушанци, полигон за планинско увежбување - Јокуш, полигон за вежби во автентични услови - Африканско село, стрелиште за гаѓање со снајпер на позната далечина, стрелиште за гаѓање и полигон за вежбање во фрлање рачни бомби. Подобрувањата на капацитетите за сместување и инфраструктурата за комуникации ќе продолжат до 2020 година.
Иницијативата за неговата регионална употреба почна уште одамна, прво преку земјите од Јадранската група, а потоа и од други. Досега го посетиле војници од многу држави, меѓу кои од САД, Велика Британија, Франција и од други големи сили, и сите биле презадоволни од условите што ги нуди.
Неофицијалните пресметки што не ги потврдуваат официјалните лица во Министерството за одбрана покажуваат дека македонската држава за користењето на условите што ги овозможува полигонот Криволак на сојузничките армии им наплаќа по 100 евра дневно од војник.
Доколку се пресмета дека полигонот има капацитет да прими 300 војници, простата математика покажува дека дневно АРМ би заработувала по 30.000 евра. Во просек, пак, ако се знае дека воените вежби траат по една седмица, а годишно има барем по десетина меѓународни вежби, тогаш се покажува дека оваа сума не е незначителна.

Врвна обука на пилоти

Оваа учебна година се очекува во Македонија да излезат првите обучувани пилоти што ќе имаат офицерски чин, односно станува збор за питомците на центарот за обука каков што нема во Југоисточна Европа. Проектот се спроведува во соработка со израелската фирма „Елбит“. Партнерството ќе трае осум години, а потоа сѐ ни останува нам, вклучувајќи ги и опремата и техниката од Израелците. Министерството оценило дека тоа е најдоброто решение за нашите потреби, бидејќи обучени пилоти им требаат и на армијата, и на полицијата, и на Дирекцијата за заштита и спасување, за противпожарните авиони.
И со стратегиските документи од областа на одбраната се укажуваше на тоа дека земјата има потреба што поскоро да основа своја школа за пилоти. Подготовките траеја две години и на крајот се потпиша документот со „Елбит“, според кој македонската страна ќе вложи 5,3 милиони евра, а Израелците ќе вложат 43 милиони евра.
Според проектот, центарот за обука на пилоти во првите осум години треба да обучи најмалку 52 квалификувани пилоти на хеликоптери. Потреби од вакви центри имаат и другите земји, па затоа овој проект се смета за мошне надежен.

Црногорци - питомци на
нашата Воена академија

По подолг застој проработи и Воената академија, која функционира како високообразовна институција во рамките на универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Таа претставува профилиран центар за обука на воен персонал од земјава и од странство. Од годинава на нашите питомци им се придружија и десет питомци од Црна Гора, во согласност со билатералниот договор што го потпишаа двете држави. За наредната година се најавуваат нови уписи на питомци од Босна и Херцеговина, Црна Гора и од Косово.
Во организација на Воената академија веќе три години се одржува и летен кампус за питомци на кој активно учествуваат припадници од Велика Британија, Бугарија, Косово, Турција и од Црна Гора.
Но меѓународниот карактер на академијата, според најавите, не треба да заврши само со запишувањето студенти од странство. Кога таа беше повторно отворена се најавуваше дека ќе се направат обиди да се донесат и професори од други земји да одржуваат предавања, па дури и од престижни воени академии, како „Вест поинт“, најстарата академија во САД.

Полна каса и
добрососедски односи

Пензионираниот полковник Благоја Марковски објаснува дека не е сѐ само во економската добивка од функционирањето на регионално ниво на нашите образовни армиски капацитети. Со тоа што ние ги нудиме нашите услуги на балканските земји истовремено ја зголемуваме регионалната доверба, но и го збогатуваме нашето сопствено искуство за комуникација со странски армии.
На тој начин, објаснува Марковски, се зацврстуваат пријателствата со сојузничките земји, особено во регионот на Југоисточна Европа, каде што тој процес е од исклучително значење за светскиот мир.
Тој смета дека многу зависи и од тоа дали ќе се направи добар план за нивно опремување и стопанисување, но можностите да се развијат вакви центри се големи, како поради географската положба на нашата земја така и поради условите што сега ги имаме.
Емил Димитриев, заменик-министер за одбрана, смета дека нашата армија токму со овие чекори покажува дека е можно да се има и економска корист од нашето искуство и знаење. Токму овие проекти на АРМ од воените аналитичари во државата, но и во регионот се оценети како исклучително паметен и стратегиски чекор на македонскиот воен врв, а со нив ем се полни државната каса, ем се зацврстуваат добрите односи со соседните држави.
- Отвореноста на нашите капацитети за обука и образование на припадниците на партнерските армии произлегува од заедничките вредности за кои сите се залагаме. Тука се и заедничките интереси во стратегиски важниот Балкан, регионалната соработка и развојот на добрососедските односи, но пред сѐ градењето доверба помеѓу армиите на патот кон траен мир и стабилност во регионот - вели Димитриев.
Според заменик-министерот, земјите на Балканот се мали и би било залудно сите тие да основаат паралелни тренинг-центри, па нашата држава им ги нуди своите веќе постојни капацитети на нашите соседи.


Центарот за обука на пилоти во првите осум години треба да обучи најмалку 52 квалификувани пилоти на хеликоптери


Сите образовни институции на АРМ

Команда за обука и доктрини
Воен полигон Криволак
Воена академија „Генерал Михајло Апостолски“
Центар за обука на пилоти
Центар за обука „Д-р Џозеф Крузел“
Регионален тренинг-центар за комуникации
Центар за воено-медицинска обука
Центар за обука во зимски услови

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=81812748281&id=9&prilog=0&setIzdanie=22659
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Македонската војска ќе заработува на знаење

Само од издавање на полигонот на Криволак, кој има капацитет од 300 војници, АРМ може да заработува 30.000 евра дневно
Ајде да не си правиме филмови! Македонската војска прво нема знаење, второ нема капацитет за ова, трето нема опрема.Школа за пилоти ма не ме заебави, ние немаме авиони а каму ли да обучуваме!
 
Член од
11 декември 2010
Мислења
408
Поени од реакции
210
Од која единица се војнициве ? Доста добро изгледаат :D
Дефинитивно пСО од бСН "Волци" ,тие носат црвени баретки, додека војниците од ренџерскиот батаљион носат зелени баретки.ЕСЗ или познатите како "Тигри" носат црни баретки исто и ЕБР носат црни баретки.
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
Баталјон за Специјални Намени познати како "Волци"! Ова е воена парада, ЕСЗ и ЕБР не се тука.
 

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.832
Поени од реакции
4.536
Ајде да не си правиме филмови! Македонската војска прво нема знаење, второ нема капацитет за ова, трето нема опрема.Школа за пилоти ма не ме заебави, ние немаме авиони а каму ли да обучуваме!
има хеликоптери што ги бива и те како
--- надополнето: 24 август 2012 во 02:02 ---
Браво за пСО, инаку јас се интересирав али повеке ме интересираше на колку метра надморска висина ги изведуваат скоковите, дали скокаат и тие од 10.000 метри или помалку?
жити мене, кој авион во АРМ може да постигне височина од 10.000 метри за да скокнат?
 
Член од
18 септември 2011
Мислења
259
Поени од реакции
381
Друже не е скокано со авион на АРМ, него на вежба со друга специјална единица, во Македонија само диверзантски скокови други нема.Не е само авионот во прашање ке се најде некако али треба боци за кислород, маски, посебни падобрани иако досега 2 пати е поднесено барање за набавка на се ова од МО нема одговор.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
Војна како во 2001 ќе беше многу поинаква ако имавте повеќе и појаки авиони ама за жал немаме...
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
Војна како во 2001 ќе беше многу поинаква ако имавте повеќе и појаки авиони ама за жал немаме...
sto i da imavme ke bese isto
bidejci vojnata kaj nas bese cista mestenka,site lugje sto zaginaa bea dobro namesteni
a ako mu bese dozvoleno na nasite specijalni edinici da gi iscistat gnasite do den denes ke gi nemase tie gnasi
 

Kajgana Shop

На врв Bottom