Реалната слика за АРМ е следната:
- Едвај 4 ептен стари, но сепак колку-толку професионални борбени авиони Сухои Су-25 кои не се одржуваат редовно, не се летани најверојатно повеќе од 10 години, не зеле никакво учество во било каква авијациска вежба изминативе 10 и повеќе години, не е планиран никаков ремонт на истите со цел истите да бидат вратени во служба, напротив, еве што кажа неодамна нашиот ценет министер за одбрана:
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4515D5FF79B3B240BC9775005F171287
Лет во место за четирите „сухои“
Датум: 12.06.2012, 17:38
ДЕН НА ВОЗДУХОПЛОВНАТА БРИГАДА НА АРМ
...
- Употребата на авионите „су-25“ се минато за Армијата во согласност со нејзината формација и потребите. Начинот како да се ослободиме од нив ќе биде разгледуван - изјави Бесими.
- Едвај 31 тенк Т-72 непланирано набавени во 2001 година од Украина за време на војната, ниту еден не поминал низ ремонт и модернизација;
- Копнените вооружени сили се оставени да ја бранат татковината со оклопни транспортери, додека нашиот јужен сосед набавува застарени американски тенкови, но барем ги набавува и со добар ремонт и модернизација одлично би се вклопиле во современа армија, а за нашите останати соседи па да не правиме муабет;
- Воздушните вооружени сили се оставени да го бранат воздушниот простор со хеликоптери, додека нашиот јужен сосед руши секакви рекорди во трошење на пари за борбени авиони дури и кога се дават во долгови, нашиот северен сосед неодамна најави дека планира да купи нови борбени авиони од Русија, а за нашите останати соседи па да не правиме муабет.
А ако на сето ова ја додадеме и состојбата во касарните, слободно можеме да дојдеме до заклучок дека оваа држава, во случај на војна, може да падне за помалку од 48 часа, секој кој има читано барем малку историја, би знаел дека толку време им требало на нацистите и на нивните балкански сојузници фашистичка Албанија и фашистичка Бугарија за време на Втората Светска Војна за да ја окупираат територијата на денешна Република Македонија.
Јас не велам дека Македонците не би зеле пушка во рака за да си ја бранат татковината во случај на војна (иако имам сериозни сомнежи после 2001 кога илјадници потенцијални резервисти одеднаш се разболеа или исчезнаа од државата, поради што воопшто не беа мобилизирани, а за политичарите па да не правиме муабет), но не верувам дека Македонците би прифатиле да ја бранат татковината под знамето на АРМ, ако се земе во предвид сегашната состојба, исто како што и за време на Втората Светска Војна, Македонците не ја бранеле татковината под знамето на кралството Југославија, туку ја бранеле под знамето на АСНОМ.
Ако на Путин не му претставуваше никаков проблем за само 9 дена да ја срамни Грузија со земја во 2008 година, а токму грузиската армија многу држави ја фалат како пример за современа НАТО армија, можеме само да претпоставуваме каква одбрана во војна би ни пружила АРМ со нејзините НАТО стандарди.