Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
На 28 април 2001 година комбинираната патрола составена од 16 припадници на безбедносните сили, и тоа 8 од Баталјонот за специјални намени "Волци" при АРМ и 8 од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнала на задача од касарната во Тетово и требало да се врати околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лади ниви и два хамера. Пред селото Селце, кај чешмата, направиле мала пауза каде се сретнале со претходната патрола, која се враќала од селото Бродец. Во разговорот им сугерирале да се вратат зашто немало потреба да одат во Вејце, но тоа не било прифатено. Околу 17,45 часот патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина. Кога првите три возила влегле во кривината, во вид потковица, од три страни биле нападнати од терористи. Се пукало од золји, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. По вооружениот напад, кој траел дваесеттина минути, врз мртвите тела бил извршен грозоморен масакр, а тројца сe уште со знаци на живот живи биле запалени. Целосно се уништени и запалени една лада нива и еден хамер.

Од ЕСН "Волци" загинаа: Роберт Петковски (27),постар водник, с. Бунарџик-Скопско; БобанТрајковски (28), водник, Куманово; Игор Костески(26), водник, Кисела Вода-Скопје; и Миле Јаневски(30), водник, Македонска Каменица.Од Посебната единица на СВР Битола загинаа:Марјан Божиновски (27), Битола; Кире Костадинов-ски (24), с. Горно Оризари-Битолско; Бошко Најдов-ски (25), с. Долно Оризари-Битолско; и ИлчеСтојановски (24), с. Породин, Битолско.
Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Да, мизерија сме си. Ајде да видеме со кои други "новости" ќе не' изненадат. Сите во оваа држава што се на големите позиции се најголемите предавници и ајдуци.

Почит за сите чесни во АРМ и покрај тоа што се изложени на вакво нешто, а се уште се спремни да го дадат и сопствениот живот. (Барем да има за кој и за што)... Само Бог Нека Ви Е На Помош!

Sent from my Redmi Note 4 using Tapatalk
 
Член од
20 септември 2016
Мислења
475
Поени од реакции
732
Денес да им оддадеме почит на жртвите од овој масакр, вечна слава за хероите, вашите дела не дозволуваат да паднете, паѓаат тие што ве наместија, тие што ве предадоја на смртта. Паѓаат и самопрогласените ‘‘ослободители‘‘ што убиваа во заседи за време на 2001 година. Паѓаат и политичарите и сите други предавници, кои пак предвреме спремаат гроб за вакви храбри луѓе што се борат за Македонија, без да помислат во каква состојба ќе бидат самите жртви, нивните блиски и дали ќе им биде чиста совеста, дали мирно ќе спијат, дали лесно ќе ја голтаат храната што ја земаат со средствата добиени од предавството...!
Како што ви се случи вам, со уште поголема мера да им се врати на тие што го извршија ова, на сите да им се врати што учествувале во овој грозоморен чин, вашите лица и погледи секогаш да им останат во мислите на вашите убијци...!


ЕСН Волци:

Бобан Трајковски - Куманово † 28
Смртта кај Бобан настанала како резултат на хеморалгичен шок поради огнострелен канал на срцето и загуба на поголемо количество крв. При обдукцијата на телото на Бобан се констатирани три убодни рани на десната страна од градниот кош, една прободна рана во пределот на подлактницата, една прострелна повреда во градниот кош, една прострелна рана на десната надлактница, како и нагмечување на главата со кундак.


Миле Јаневски - -Македонска Каменица † 30
На Миле исто така, со кундак од пушка му е згмечена, разнесена главата, а низ телото има осум канални повреди предизвикани од огнострелно оружје и вртлежи од „кинески“ нож. Смртта кај Миле настанува насилно со нагмечување на мозокот поради дејство на потврда динамична сила со кундак од пушка во пределот на челната регија. На неговото тело се пронајдени и осум канални повреди, предизвикани од огнострелно оружјеи со нож претходно бил онеспособен за полесно да биде масакриран.


Игор Костески - Драчево † 25
Причината за смртта на Игор е насилна и настанала како резултат на нагмечување на мозочното стебло предизвикано од огнострелна повреда во челото каде што му е пукано од пиштол, додека давал знаци на живот, од непосредна близина. Ако загинал зад воланот додека маневрирал со „хамерот“, загадочна е раната и големата расеченица на левото стапало, и отсечените три прсти на десната рака. Рачниот часовник застанат беше во 18:12 часот. Дали запрел од компресија и експлозија или сам го стопирал Игор, со што сакал да ни соопшти дека во тој миг животот му престанал. Терористите ги понесле прстите со себе како трофеи за да ја наплатат завршената задача.
Игор Костески со себе носел секогаш нотес каде што си ги запишал своите мисли. Таткото на Игор, Миливој Костески, објавил книга под името Смртта ме гушна од неговиот нотес каде можат да се читаат сите негови мисли. Стихозбирката Смртта ме гушна претставува посмртно издание на загинатиот водник, припадник на Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ. Во книгата поместени се шеесеттина песни, каде Костески пее за Македонија, за љубовта, копнежот, чекањето, но исто така и за смртта и за своето кобно претчувство. Така на едно место ќе рече:

„Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња 'ртеше највеличенственото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака!?“



Роберт Петковски - Бунарџик † 27
Беспомошното и мртво тело на Роберт со нож е бодено по нозете и гениталните органи. Смртта кај Роберт настанала како резултат на тешките раскинувања на левата мозочна хемисфера кои настанале под дејство на проектил исфрлен од огнострелно оружје од близина. Покрај во пределот на главата и десната рака, со проектили е погоден во десната и левата потколеница, кога Роберт излегувал од „хамерот“ и бил во исправена положба.


ПЕП

Илче Стојановски - Породин † 24
Смртта на Илче настанала како резултат на здобиените прострелни рани во пределот на главата и стомакот. Со кундак од пушка му е разнесена брадата а со нож му се нанесени рани на рацете и нозете. Не е докажано дали контузијата на брадата предизвикана со удари од кундак на пушка и горењето на долните екстремитети, терористите го извршиле додека бил се уште жив или мртов. Телото од целосно изгорување го спасиле првите „Тигри” што пристигнале на местото на масакрот.


Бошко Најдовски - Долно Оризари † 25
Бошко додека бил тешко ранет, од близина му е пукано во неговото чело, за да потоа биде запален и целосно изгорен


Кире Костадиновски - Горно Оризари † 24
Смртта кај Кире настанала како резултат на развивање на тешко шокова состојба предизвикана од дејствување на проектили во пределот на градниот кош и стомакот, како и поради изгореници и труење од јаглероден моноксид, што му е пронајден во белите дробови, од што се извлекува заклучок дека бил запален додека се уште давал знаци на живот.


Марјан Божиновски - Горно Оризари † 27
Иако Марјан се здобил со повеќе огнострелни рани, додека давал знаци на живот, бил запален од терористите, при што неговото тело е целосно јагленосано од изгореници од четврти степен, со одвоени долни екстремитети.
 
Член од
17 март 2017
Мислења
315
Поени од реакции
513
.Оваа земја раѓала херои и предавници, јунаци и проклетници, македонски. Куршум по куршум те убивал, камен на камен те налегнал, душман по душман те изодел, па се изгорел... Карпалак, Вејце, Љуботен, народе не ги заборавај, јунаци таму загинаа за Македонија. Тој што те предал и проколнал колнат ќе биде до века, пак сонце ќе нè огрее откај планините...
 
Член од
22 декември 2017
Мислења
23
Поени од реакции
5
Slava i pocit na site zaginatite :cuc::angel:
problem e toa sto sega nad deckite na glava im stoi nadgroben spomenik , a predavnicite se okiteni so cinovi :/
Znae li nekoj otprilika koja brojka se projavuvaat za sluzenje na dobrovolen voen rok godisno ??
i koga ima selektiven za vo volci ??
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Очигледно не прочитавте се од почеток до крај ЕСЗ е наведена погоре што значи дека ова е друга единица.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
I edinicata so kucinja e edninica ya anti terorizam.
verojatno k9 ke bara skrien predment.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.266
Поени од реакции
957
Пошо бев и со мои очи гледав првата вежба што ја правеа ЕСЗ беше заедно со алфите,значи заедничка координирана показна вежба,сигурно погоре за алфите се однесува тоа пошо ги нема спомнато.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Пошо бев и со мои очи гледав првата вежба што ја правеа ЕСЗ беше заедно со алфите,значи заедничка координирана показна вежба,сигурно погоре за алфите се однесува тоа пошо ги нема спомнато.
Ne mi e jasno neshto se spomna 4 kasarna na ebr
pa gosnema toj nastan ostana
shtip i ohrid.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Следна слика од календарот и таа е со полош квалитет од предходните бидејќи е сликан со телефон како што е закачен календарот.
 

Attachments

Kajgana Shop

На врв Bottom