Грешка си погледнете ги броевите 38 и 41 на овај линк и после кажи дали се здодевни еве дел од нив ке постирам текст има работи кои сигурно не ги знаете
а за повеке имате на линков на 38 и 41 број
http://www.morm.gov.mk/content/?ID=F81D920B54A11803CF6D932FB44CF0BF93E61E16&lang=mk
Текст од 38 број
За да се стане „волк“, „ренџер“ или друг при-падник на пСО треба „многу леб да се изеде и многу планини да се изодат“.
Легендата во ЕСН ВОЛЦИ за кој сигурно не сте знаеле
Кога веќе зборуваме за искуство, еден од најискусните во пСО, од којшто учат помладите генерации, е
главниот подофицер во бСН наредникот Драган Стојановски.
Во пСО како професионален војник е од 1 март 1994 година, кога и се формирани македонските „волци“. Покрај другото, во 2002 година завршил курс за воени подофицери во САД, а во 2009/2010 година – академија за подофицери во Хрватска. И тој, како и многу други припадници на пСО, бил учесник во мисијата ИСАФ од крајот на 2006 до пролетта 2007 година. Учествувал во повеќе директни акции, за што добил „ARCOM medal”.
Главниот наредник Стојановски зборува сигурно и авторитетно, небаре ги подучу-
ва тукушто пристигнатите припадници на пСО коишто останале „живи“ по 24-часовни
от, деноноќниот селективен курс. Впрочем, подучувањето и помагањето на професионалните војници, е една од главните задачи на главниот подофицер.
Како главен подофицер, наредникот помагал во решавањето на проблемите на припадниците на бСН, без разлика дали се работи за професионални
или за приватни работи.
„Овде живееме како едно семејство, потенцираше наредникот. И во добро и во лошо, секогаш сме заедно“. кој бил дел од нив знае!!!
Знаете ли што е најтешко за еден припадник на пСО, се додава со прашање потполковникот Лафчински, а потоа самиот дава одговор: „
Тоа не е кога е во мисија, или на друга задача, туку кога треба, по кој било по-вод, да замине од единицата во друга еди-ница, или нешто слично. Сите живееме како еден, и тоа остава неизбришливи траги“
Не случајно народот рекол дека „јунаците се препознаваат по делата“. Оваа народна мисла како да е за припадниците на пСО.Има многу случаи во коишто припадниците на пСО го постигнале она што другите не го можеле. Типични примери за тоа се извлекувањето на телото на рударот од јамата во „Бучим“, а вториот е извлекувањето на телото на давеникот од акумулацијата „Мавровица“, потоа извлекување планинари од места каде што никој друг не се нафаќа и многу други познати и непознати за јавноста акции.
Пролетта 2010 година на, со тимот од бСН, предводен од тогашниот командант Орце Јордев, учествуваше во извлекувањето на телото на рударот од рудникот „Бучим“ кое веќе 5 дена се наоѓаше за-главено во рударското окно. Претходно тоа се обидоа да го направат и припадниците на МВР и на ЦУК, но неуспешно.
„Тогаш преку ‘Сител’ беше изнесено дека во ‘Македонија нема маж што може тоа да го направи, вели мајорот Велков. Тоа беше предизвик за нас во бСН. Направивме план, се опремивме со маски и со боци од ПП бригадата на Скопје и пристапивме
кон реализација на задачата. Во тешко достапната дупка, тимот од четворица влегуваше на двапати, во текот на два дена. Првиот пат, за да го
извлечеме телото на несреќниот рудар, а вториот пат за обезбедување на потребните докази“.
За овој потфат припадниците на тимот од бСН добија Орден за храброст од претседателот на РМ.
Припадниците на пСО го направија невозможното и во случајот со извлекувањето на телото на давеникот во вештачката акумулација „Мавровица“.
И таму тие настапија тогаш кога се откажаа припадниците на МВР и припадниците на Заштита и
спасување. „Условите за извлекување на телото, вели капетанот Тони Темелков, офицер за борбена готовност во бСН, учесник на многу меѓународни вежби
на нуркачи од специјалните единици,беа извонредно тешки. Немаше никава
видливост во студената вода во езерото, а имаше и многу природни и вештачки препреки“.Инаку, капетанот Темелков, како и другите нуркачи од тимот на бСН
кои го извлекоа телото на давеникот, претходно имаат поминато макотрпна обука со странски инструктори. Нуркачкиот тим располага и со современа скуба-опрема за нуркање врз база на воздух, како и со борбена нуркачка опрема со чист кислород.
„Успеавме за многу кратко време, кога почнавме да го пребаруваме вториот сектор, да го најдеме телото на несреќникот“. Нашите соговорници додаваат дека телото го нашол токму тој,
Темелков, и дека е премногу скромен за да го каже ова.
И во оваа акција, како и во сите други, до израз дојде снаодливоста на припадниците на пСО. Доволно е да им се даде задача и потоа тие самите ја планираат и ја
реализираат. За тоа не случајно за нив се вели дека се
„најдобри меѓу најдобрите“.
За припадниците на пСО има уште многу што да се каже и да се пишува.
Кај нив секогаш има нешто ново, дотогаш невидено. Овојпат се обидовме да претставиме само дел од нивните активности.
Другите активности и онака, како и кај сите специјални сили, се држат во најстрога тајност.
А во 41 број од Штит има за специјалностите и специјалистичката обука на БСН
Разгледајте ги има сигурно информации кои не сте ги знаеле