Македонски специјални единици (полициски и воени)

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.268
Поени од реакции
958
Точно така сликата стаж доби.Ова е дел од пешадиските препреки кои волците ги имаат и ги минат дневно по 50 пати.
 
Член од
22 јуни 2013
Мислења
238
Поени од реакции
333
„Волците“ јадат змии и плескавици од коприва

Тоа што на неопитното око му изгледа како обична грмушка или трева, за командосите е состојка за вкусно јадење, лек за рани или материјал за јаже.
Конвој теренски возила го нарушува тивкото летно пладне на една од планините во западна Македонија. Јурејќи по земјеното планинско патче низ ливадите, возилата се приближуваат до работ на шумата. Одеднаш, кога наближуваат до првите дрвја, вегетацијата се размрдува. Изгледа како да се приближува до возилата. Снајперист, камуфлиран како околината, им пристапува на возилата и ги поздравува гостите. Тој е еден од обезбедувањето на логорот, стотина метри подалеку, каде што Специјалната единица на АРМ „Волци“ изведува обука за преживување или, како што формално се вика, базирање и исхрана во природа. Првпат од основањето на елитната единица на македонската армија, медиумите можеа да присуствуваат на еден ден од ваквата обука на „волците“. Како и снајперистот претопен во грмушките на работ на шумата, и логорот на „волците“ по ништо не се разликува од природното опкружување. Буквално е незабележлив додека не се влезе меѓу шаторите и импровизираната кујна. Дури и тогаш се потребни неколку минути за да се распознаат сите елементи од кампот, што е растение, а што маскиран шатор.
- Ве чекавме - со широка насмевка на лицето ишарано со маскирни бои не' пречекува командирот на логорот. Многу пред конвојот да стаса до првите војници од обезбедувањето на кампот, „волците“ ги гледале возилата преку камерите поставени на приодите кон логорот. Слики од возилата на гостите не' дочекуваат на мониторите во шаторот кој служи како оперативен центар на логорот. Масите во шаторот се полни со опрема, од системи за радиоврски, глобално позиционирање и видеонадзор, до видеобимови со електронски карти на областа, на кој се обележени местата на тимовите и местата значајни за задачата. Тука почнуваат и тука завршуваат сите задачи на командосите додека се на оваа обука. Два тима специјалци со своите инструктори се подготвуваат за денешната задача. Треба да отидат на различни страни на планината, да најдат растенија, животни или инсекти погодни за јадење, да ги документираат и да ги донесат во логорот. Тоа што ќе го најдат во шумата ќе биде храна за целата група за следниот ден.
Тоа што ќе го најдат во шумата е храна за целата група за следниот ден: од вчерашната вежба за преживување во планина
- Ова е клучен дел од обуката во баталјонот за специјална намена. Совладувањето на овие вештини е неопходно за посложените тактички задачи во кои се бара подолг престој на припадниците на единицата во природа и на непријателска територија. Обуката се изведува неколкупати во годината, во различни годишни времиња, и трае од седум до дваесет дена - објаснува командантот на „волците“.Двете групи што денеска треба да обезбедат храна се стандардни четиричлени тимови на специјалните единици. Секој тим има по еден специјалист за вооружување, за врски, инженерија и болничар. Со нив одат и инструкторите за преживување, кои треба да ги оценат нивните познавања. По стотина метри марш од логорот, „волците“ веќе ги наоѓаат првите состојки за денешното мени во логорот. Тоа што на неопитното око му изгледа како обична грмушка или трева, за нив е состојка за вкусно јадење, лек за рани или материјал за јаже.
- Пет-шест корени од вилинско сито се доволни за еден ден. Може да се мине и со две лажици мравкини ларви, кои сега не ги собираме, од коренот на чичакот се прави лебно брашно, а брашнарката е подобра од спанаќот - објаснуваат „волците“ додека ги полнат кесите со листови од едни и со корени од други растенија. По кусата прошетка по планинските падини, секој од шестемина командоси има кеси полни со храна.Назад во логорот, инструкторите ги проверуваат донесените плодови од природата, кои ќе бидат утрешниот оброк на логорот. Во импровизираната кујна, на жар се печат плескавици од штавеј и коприва, а од земјена фурна се вади свежо испечен леб. „Волците“ ги дочекуваат своите гости со чадена риба и деликатес, чаден смок, кој се залева со чај од салеп и со сок од бозел. Со командосите, престојот во шумата изгледа како во гурмански ресторан, а планината како дом.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Titaniumski shlem
Porano gi koristeshe MVR>


--- надополнето: 16 септември 2013 во 08:46 ---
Slikav da ne padne vo zaborav UH-1 hyui

--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:56 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:58 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 10:01 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 10:18 ---
 

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
994
Поени од реакции
506
Titaniumski shlem
Porano gi koristeshe MVR>


--- надополнето: 16 септември 2013 во 08:46 ---
Slikav da ne padne vo zaborav UH-1 hyui

--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:56 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 09:58 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 10:01 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 10:18 ---
овие двете последни од 2001 се така или ??? :S
 
Член од
21 септември 2012
Мислења
1.308
Поени од реакции
1.443
Што пушки се овие ЕСЗ што ги носат?

Таа пушка е големокалибарски шат-ган. :D Zoran MKD пребарај низ моите постови на маф, баш прашував која е таа пушка и ми одговорија. Само не ми текнува точниот назив.
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018

--- надополнето: 16 септември 2013 во 17:35 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 17:39 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 17:41 ---

--- надополнето: 16 септември 2013 во 17:42 ---
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Грешка си погледнете ги броевите 38 и 41 на овај линк и после кажи дали се здодевни еве дел од нив ке постирам текст има работи кои сигурно не ги знаете
а за повеке имате на линков на 38 и 41 број

http://www.morm.gov.mk/content/?ID=F81D920B54A11803CF6D932FB44CF0BF93E61E16&lang=mk

Текст од 38 број

За да се стане „волк“, „ренџер“ или друг при-падник на пСО треба „многу леб да се изеде и многу планини да се изодат“.


Легендата во ЕСН ВОЛЦИ за кој сигурно не сте знаеле

Кога веќе зборуваме за искуство, еден од најискусните во пСО, од којшто учат помладите генерации, е

главниот подофицер во бСН наредникот Драган Стојановски.



Во пСО како професионален војник е од 1 март 1994 година, кога и се формирани македонските „волци“. Покрај другото, во 2002 година завршил курс за воени подофицери во САД, а во 2009/2010 година – академија за подофицери во Хрватска. И тој, како и многу други припадници на пСО, бил учесник во мисијата ИСАФ од крајот на 2006 до пролетта 2007 година. Учествувал во повеќе директни акции, за што добил „ARCOM medal”.
Главниот наредник Стојановски зборува сигурно и авторитетно, небаре ги подучу-
ва тукушто пристигнатите припадници на пСО коишто останале „живи“ по 24-часовни
от, деноноќниот селективен курс. Впрочем, подучувањето и помагањето на професионалните војници, е една од главните задачи на главниот подофицер.
Како главен подофицер, наредникот помагал во решавањето на проблемите на припадниците на бСН, без разлика дали се работи за професионални
или за приватни работи.
„Овде живееме како едно семејство, потенцираше наредникот. И во добро и во лошо, секогаш сме заедно“. кој бил дел од нив знае!!!

Знаете ли што е најтешко за еден припадник на пСО, се додава со прашање потполковникот Лафчински, а потоа самиот дава одговор: „Тоа не е кога е во мисија, или на друга задача, туку кога треба, по кој било по-вод, да замине од единицата во друга еди-ница, или нешто слично. Сите живееме како еден, и тоа остава неизбришливи траги“


Не случајно народот рекол дека „јунаците се препознаваат по делата“. Оваа народна мисла како да е за припадниците на пСО.Има многу случаи во коишто припадниците на пСО го постигнале она што другите не го можеле. Типични примери за тоа се извлекувањето на телото на рударот од јамата во „Бучим“, а вториот е извлекувањето на телото на давеникот од акумулацијата „Мавровица“, потоа извлекување планинари од места каде што никој друг не се нафаќа и многу други познати и непознати за јавноста акции.


Пролетта 2010 година на, со тимот од бСН, предводен од тогашниот командант Орце Јордев, учествуваше во извлекувањето на телото на рударот од рудникот „Бучим“ кое веќе 5 дена се наоѓаше за-главено во рударското окно. Претходно тоа се обидоа да го направат и припадниците на МВР и на ЦУК, но неуспешно.
„Тогаш преку ‘Сител’ беше изнесено дека во ‘Македонија нема маж што може тоа да го направи, вели мајорот Велков. Тоа беше предизвик за нас во бСН. Направивме план, се опремивме со маски и со боци од ПП бригадата на Скопје и пристапивме
кон реализација на задачата. Во тешко достапната дупка, тимот од четворица влегуваше на двапати, во текот на два дена. Првиот пат, за да го
извлечеме телото на несреќниот рудар, а вториот пат за обезбедување на потребните докази“. За овој потфат припадниците на тимот од бСН добија Орден за храброст од претседателот на РМ.



Припадниците на пСО го направија невозможното и во случајот со извлекувањето на телото на давеникот во вештачката акумулација „Мавровица“. И таму тие настапија тогаш кога се откажаа припадниците на МВР и припадниците на Заштита и
спасување. „Условите за извлекување на телото, вели капетанот Тони Темелков, офицер за борбена готовност во бСН, учесник на многу меѓународни вежби
на нуркачи од специјалните единици,беа извонредно тешки. Немаше никава
видливост во студената вода во езерото, а имаше и многу природни и вештачки препреки“.Инаку, капетанот Темелков, како и другите нуркачи од тимот на бСН
кои го извлекоа телото на давеникот, претходно имаат поминато макотрпна обука со странски инструктори. Нуркачкиот тим располага и со современа скуба-опрема за нуркање врз база на воздух, како и со борбена нуркачка опрема со чист кислород.
„Успеавме за многу кратко време, кога почнавме да го пребаруваме вториот сектор, да го најдеме телото на несреќникот“. Нашите соговорници додаваат дека телото го нашол токму тој, Темелков, и дека е премногу скромен за да го каже ова.
И во оваа акција, како и во сите други, до израз дојде снаодливоста на припадниците на пСО. Доволно е да им се даде задача и потоа тие самите ја планираат и ја
реализираат. За тоа не случајно за нив се вели дека се „најдобри меѓу најдобрите“.
За припадниците на пСО има уште многу што да се каже и да се пишува.
Кај нив секогаш има нешто ново, дотогаш невидено. Овојпат се обидовме да претставиме само дел од нивните активности.
Другите активности и онака, како и кај сите специјални сили, се држат во најстрога тајност.



А во 41 број од Штит има за специјалностите и специјалистичката обука на БСН
Разгледајте ги има сигурно информации кои не сте ги знаеле

41 број Врвни Мајстори на Занаетот

996520_267063913431781_913019702_n.jpg 1002710_267063720098467_824574452_n.jpg 1010271_267063903431782_117393959_n.jpg 1044787_267063930098446_1433303553_n.jpg 1045050_267063973431775_1828380384_n.jpg
--- надополнето: 16 септември 2013 во 17:53 ---
Поз до 1 член знае кој М Д.В
526404_298923020178487_108659124_n.jpg

1240094_517413594996094_1253200666_n.jpg
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Им се фалиме на комшиите.
Туку како што е ред да кажам сликите се од ФБ профилот на единицата.
Игор ако имаш информации за настните те молам пиши збор два оти нај веројатно се 2 настани не еден.
 
Член од
26 септември 2011
Мислења
539
Поени од реакции
2.371
Им се фалиме на комшиите.
Туку како што е ред да кажам сликите се од ФБ профилот на единицата.
Игор ако имаш информации за настните те молам пиши збор два оти нај веројатно се 2 настани не еден.
И двата настани се од припадниците кои беа одликувани само различни год тука е и командандтот на Волците на 1 слика,а некои од припаднициве на сликава не се веке дел од БСН ВОЛЦИ (мишко е еден од нив кој го знае ке го види на сликите)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom