Македонски серии

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541
Не знам дали знаете но филмот Златна петорка МРТ 1 почнаа да го прикажуваат како серија. Гледам во вторникот давале две епизоди а разбрав дека другите две следни епизоди ќе одат во петок. На МРТ сајтот нема никаква најава за серијава нити има во програмската шема пишано.

Серијата оди пред House of Cards некаде 21 часот. Деновите на емитување не знам кога се точно затоа што нема никаде на сајтот на МРТ информација за серијава. Ова се дознав од trackermk и таму пишаа дека ќе ги ставаат епизодите торент.
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.719
Поени од реакции
1.475
Не знам дали знаете но филмот Златна петорка МРТ 1 почнаа да го прикажуваат како серија. Гледам во вторникот давале две епизоди а разбрав дека другите две следни епизоди ќе одат во петок. На МРТ сајтот нема никаква најава за серијава нити има во програмската шема пишано.

Серијата оди пред House of Cards некаде 21 часот. Деновите на емитување не знам кога се точно затоа што нема никаде на сајтот на МРТ информација за серијава. Ова се дознав од trackermk и таму пишаа дека ќе ги ставаат епизодите торент.
Вчера и денес се емитувани уште две околу 14,25 утре ќе биде последниот дел и јас случајно ја начекав враќајќи ја куќа од карти да ја гледам :)
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ако ти ја прифатат серијата некаде, очекувам да ме викаш за главниов лик што ќе ја заведе забранетава.
 
Член од
25 септември 2008
Мислења
342
Поени од реакции
63
Дали знаете каде може да најдам торент или да ја гледам онлајн Преспав? На јутуб има само неколку епизоди, ја нема целата серија.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541

Краткиот игран филм „Пепи и Муто“, по сценарио и режија на Георги М. Унковски е комедија која го следи запознавањето и првиот заеднички случај на искусниот полициски инспектор Пепи (Петар Мирчевски) и кадетот Муто (Сашко Коцев).
Со оваа петиција се бара овај квалитетен краток игран филм да прерасне во серијал.

Вклучете се на петицијата - кликни тука
 

razbirashh

No puedo,tengo nobio.
Член од
11 мај 2014
Мислења
983
Поени од реакции
2.202
Колку само е прозирна и се познава од кој е спонзорирана серијата Преспав. Се исмејуваат со верата и традицијата додека се пропагираат европските "вредности" како што се педерлукот, атеизмот, глобализмот... :гомце::гомце::гомце:
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541
Ќе има ли серија од ова Пепи и Муто ? Гледам на петицијата собрано е доста подршка.
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.220
Поени од реакции
6.658
Нова македонска серија од 4-ти септември,На терапија...Никола Ристановски главна улога
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Само што сакав да пишам, ме претрка.
Прочитав во едно интервју за хрватски весник пред некое време дека Никола Ристановски трчал од проби во театар до снимање на серијата На терапија, фаќање на лет за Загреб и играње на Иванов таму.

По малку гуглање наидов на израелскиов оригинал, али не ми се веруваше дека може и нашите да направат римејк. Ама...

„На терапија“ е првата македонска ТВ серија снимена според странска лиценца, во продукција на КИНО ОКО. Емитувањето на серијата ќе започне на 4-ти септември 2017 година на Сител.

Си имаат и сајтче, како што треба секоја профи серија да има. А ги има и на ФБ.

За почеток одлична екипа имаат соберено. Никола Ристановски, Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Висар Вишка, Драгана Костадинова, Бедија Беговска, Тони Наумовски и Ангела Димитрова. Стискам палци да биде добра.

Ако сака некој повеќе да дознае за серијалов, бујрум спојлер.

Серијата, во која глумат домашни актери, содржи 45 епизоди адаптирани од македонски автори и реализирани со екипа од македонски ТВ и филмски професионалци.

Оригиналната серија „На терапија“ потекнува од Израел и е креирана од Нир Бергман, Ори Сиван и Хагаи Леви. Леви е познат и по работата на серијата „The Affair“ наградена со неколку Златни глобуси.

Дејствието на серијата се одвива околу приватниот и професионалниот живот на психотерапевт кој во текот на петте работни дена работи со своите пациенти на нивните проблеми, за во слободното време и самиот да побара стручна психијатриска помош. Секоја епизода е фокусирана на ликот на одреден пациент и неговиот однос со главниот лик: суицидална пливачка на тинејџерски години; професионален војник кој ги преиспитува своите постапки; жена која има еротска фиксација кон терапевтот; брачен пар кој не може да се соочи со обврските на родителство; како и сопругата на психотерапевтот која се обидува да го спаси нивниот брак кој е во криза.

Серијата постигнува огромен успех во матичната земја и освојува награди за најдобра драмска серија, најдобар актер, најдобра актерка, најдобро сценарио и најдобра режија од израелската Акедемија за филм и телевизија.

Во 2008 година лиценцата за серијата ја откупува американската мрежа „HBO“ која продуцира три сезони. Во улога на психотерапевтот се појавува познатиот актер Гебриел Брн, а епизодните улоги ги играат популарните глумци Мишел Форбс, Дајен Вест, Миа Васиковска, Мелиса Џорџ, Дебра Вингер и други.

Серијата веднаш се здобива со популарност, ласкави критики и неколку високи признанија, вклучувајќи ги наградите „ЕМИ“ за најдобар актер и актерка, наградата „Златен глобус“ за најдобар актер и наградата за нова серија на Синдикатот на писателите на Америка (Writers Guild of America).

Концептот на серијата доживува планетарен успех и се снимаат посебни верзии за Канада, Аргентина, Бразил, Јапонија, Чешка, Полска и Италија.

Во Балканскиот регион досега се снимени романска верзија (HBO Central Europe), словенечка верзија (POP Brio) со Игор Самобор во главната улога, српска верзија (Fox Television) со Мики Манојловиќ во главната улога и хрватска верзија (HTV).

Во македонската верзија на хит серијата игра исклучителна актерска екипа предводена од Никола Ристановски во улогата на психотерапевт, заедно со Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи, Тони Наумовски, Ангела Димитрова, Драгана Костадиновска, Висар Вишка и Бедија Беговска.

Широката популарност и гледаност на серијата „На терапија“ се должи на интелигентниот концепт и на маестрално изградените карактери со чии уникатни животни приказни може да се идентификува секој гледач.

Низ призма на личното, „На терапија“ ги отсликува колективните потешкотии со кои се справуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 45-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од граѓански активизам и човекови права, полова нееднаквост, семејно насилство, ксенофобија, корупција, слобода на медиуми, право на сексуална ориентација, однос кон децата и тинејџерите во општеството, традиционален наспроти модерен начин на живот, и ред други прашања.

„Оваа серија ќе ги поттикне луѓето да почнат да разговараат за проблемите кои се поврзани со секојдневниот живот на македонскиот граѓанин, и можеби ќе пронајдат одговори за личните дилеми и прашања. Се надевам дека серијата ќе придонесе за отворање на дијалог на сите актуелни теми во нашето општество“.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.852
Поени од реакции
7.541
Teлма ќе има уште една серија со наслов Инсајдер. Ќе глумат Ирена Ристиќ, Сашко Коцев, Јордан Симонов а другите актери не знам кој се. Што содржина е ни тоа не знам.

Видов фотки на профилот на фејсбук од Ирена Ристиќ.[DOUBLEPOST=1503870748][/DOUBLEPOST]http://tvpaket.com.mk/serii/5789-23-24-27-08-2017
 
Последно уредено:
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Се снима „Инсајдер“ - серија за новинарите и нивната работа.

Главен сценарист на серијата е Сашо Кокаланов, а во пишувањето на сценариото учестувале и Елеонора Венинова и Драгана Лукан. Главен режисер е Игор Иванов- Изи, а со него режираат Вардан Тозија и Даријан Пејовски. По една серија режираат и Дина Дума и Марија Апчевска. Директор на фотогарфија е Димо Попов, а директор на серија е Никола Мадиќ. Костимогаф на серијата е Илина Ангеловска.

Главните улоги ги толкуваат Светозар Цветковиќ (Лазар), Ирена Ристиќ (Наталија), Јордан Симонов (Тихомир), Дејан Лилиќ (Дрраган), Силвија Стојановска (Кристина), Ѓорги Нешовски (Александар), Горан Ников (Дејан), Габриела Петрушевска (Мирела), Јана Стојановска (Антонија) и Сања Арсовска (Мери). Во епизодни улоги се појавуваат: Сашко Коцев, Драган Спасов Дац, Славиша Кајевски, Јелена Јованова, Оливер Митковски, Васил Зафирчев, Трајче Георгиев, Борче Начев, Сабедин Селмани, Горан Стојановски и други.

Автори на сценографијата се Михаил Панев и Игор Тошевски.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom