Македонски новинари

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
577
Нема ваква тема, а сметам дека и новинарите потребно е на некој начин да имаат фидбек од нивната работа. Тие секојдневно следат, информираат, критикуваат.
Мислам дека е време оние пак кои нив секојдневно ги гледаат на телевизија и ги читаат во весниците, да ги оценат и искритикуваат.
Ова не е тема каде новинараите ке се жалат од плати, работодавачи, туку тема каде ке се разгледува работата на новинарите, со тоа каква е и каква треба да биде.
Мојот став за новинарите во Република Македонија ќе го дадам подоцна:)
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
12.997
Поени од реакции
7.599
1. фидбек
2. Мојот став за новинарите е дека тие си ја вршат работата доволно добро. Не одлично, не лошо - доволно. Тоа што извртуваат наслови и цитати е само дел од нивната работа и не ги судам за тоа.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.875
Сите играат како што им свири газдата, сите вестите ги прават да изгледаат во полза на политичката партија која е поврзана со нивниот медиум, а бидејќи сите се поврзани со некоја политичка партија следи фактот дека не постои објективно новинарство во Македонија
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
765
Додека не ни свирнат некој куршум во глава - добро аргатиме. Плати плафон, услови прекрасни, гледачи - благодарни до немајкаде.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.875
Додека не ни свирнат некој куршум во глава - добро аргатиме. Плати плафон, услови прекрасни, гледачи - благодарни до немајкаде.
Па незнам за убиен новинар, знам за натепани во едно друго време, знам за закани во ова сегашно време, а платите и тоа колку аргатите имате нели здружение кое не функционира, а и сами сте се пријавиле за работа таму никој под нож не ве ставил за него да работите.
Гледачите, читателите... спрема партиската определеност па така и благодарноста. Неутралните се за сеир и потсмев на глупостите кои секојдневно се сервираат по медиумите и црните сценарија.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
765
Новинарството е најубава професија! Само што треба на време да се напушти. :)

Во принцип сум задоволна од се` горенаведено, т.е. од возбудата и одговорноста што ја дава влијанието на новинарите врз јавното мислење. Моќта на медиумот е непроценлив адреналин за секој што сака да направи општествени промени.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
11.474
Поени од реакции
7.765
Новинарството е најубава професија! Само што треба на време да се напушти. :)

Во принцип сум задоволна од се` горенаведено, т.е. од возбудата и одговорноста што ја дава влијанието на новинарите врз јавното мислење. Моќта на медиумот е непроценлив адреналин за секој што сака да направи општествени промени.

Навреме...кога навреме, на која возраст..или кога ќе загусти. И што после би работел еден новинар,кој пола живот поминал во некој весник или телевизија ?
 
?

..........

Гостин
Погледнете ги само (вестите) настаните на денот на едната и настаните на денот на другата телевизија, разликата е како да сме земја голема колку Русија со милијарда луге, ете толку се нашиве „новинари“ новинари...
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
12.362
Поени од реакции
4.669
За новинари, добри се добар дел од нив. Се трудат чесно да ја работат својата професија. Малкумина се среќни да работат во колку-толку независни куќи и бидат објективни во своето пишување. Од друга страна пак имате момци и девојки кои понесени на крилјата на својот медиум фураат турбо кампања и влажнат во гаќи затоа што она што ќе го напишат ќе излезе во официјален медиум со тираж над 10.000 примероци.

Јас највеќе би ги пофалил македонските фото-репортери, затоа што сите до еден се врвни мајстори на својот занает. Им се случува понекогаш на некои да донесат обична, стереотипна фотографија, но во глобала се ѕверови. Моментално ме мрзи да барам по нетов колку се награди и насловници на светски весници имаат добиено.

Но и покрај сето тоа, уредниците на македонските весници знаат да си „позајмат“ фотографија без претходно да го консултираат авторот. Се додека го имаме тој момент напредок во МК новинарството не гледаме.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.108
Поени од реакции
765
Проблемот во Македонското новинарство не лежи во новинарите... тие си се ок, ни многу добри-ни нешто катастрофално лоши... таман си се.
Проблемот во новинарството е на врвот на хиерархиската поставеност: сопствениците, финансиерите, спонзорите, уредништвото... по тој редослед.
Прво правило на секоја сериозна медиумска куќа е јасна дистинкција помеќи информативниот/новинарскиот дел од медиумот наспроти сопственичкиот/ менаџментскиот/маркетиншкиот дел...
Просто ова би изгледало дека новинарите си ја работат својата работа и одговараат пред нивниот уредник, а маркетинг и менаџмент секторот си ја работат својата работа и за тоа одговараат пред акционерите/сопственикот... допирање помеѓу овие два сектора по правило несмее да има (освен за некои оперативни/стратешки прашања).
Токму тука настануваат неколку проблеми:
Првиот проблем во македонското новинарство доаѓа токму овде. Уредниците секојдневно се под притисок на финансиерите и сопственикот, кои суптилно ја насочуваат уредувачката политика на медиумот... Диктираат кои настани да добијат поголемо внимание а кои помало или воопшто да не се објавуваат.
Новинарите потоа се наоѓаат во небрано, ставајќи ја на ризик својата објективност, етика и ангажираност тие по задача на уредникот (кој е нивен “работодавач“) покриваат настани кои се тенденциозни, конструирани и нереални/нерелевантни. Се потпишуваат на текстот и целата таа “илузија на информација“ добива свој лик, автор и историја... Сите го посочуваат новинарот како одговорен, и никој не е вмешан очигледно во процесот!
Вториот проблем доаѓа преку “авто-цензурата“ на самите новинари... Кога уредникот два-три пати ќе им врати или нема да објави одреден нивен текст (независно кои причини ќе ги наведе) кој аргументирано критикува одредена политика, дејства или личности... новинарот сваќа дека неговиот текст никогаш нема да биде објавен во таков облик. Тој или ја прилагодува веста како поприфатлива за уредникот/медиумот или ги извртува фактите или премолчува некои битни информации... што впрочем е и суштината на автоцензурата. Во иднина новинарот плашејќи се за своето работно место рутински се прилагодува на одредениот политички или бизнис “курс“ на медиумот што претставува новинарско “самоубиство“ и конечно губење на неговиот новинарски идентитет/етика/објективност...
Третиот проблем го лоцирам во преголемата зависност на медиумите од спонзорите/финансиерите (не дека светските медиуми немаат спонзори... но сепак...). Така што информација дека некое големо претпријатие/фирма/политичка партија направила корупција/криминал/фалсификат веројатно нема да биде објавено во медиум кај кого се рекламира или финансира. Новинарот кој можеби направил совршена истражувачка сторија со која го дознава сето тоа може приказната да си ја згужва и изеде, бидејќи уредникот- под влијание на сопственикот/акционерите никогаш нема да дозволат таа приказна да се објави ризикувајќи губење на големи пари (...тука се враќам на странските медиуми... кои секојдневно се борат за тираж, и оваа вест би била поголем приход не само финансиски туку и за нивниот имиџ и репутација отколку било која реклама).

Не се сите новинари цветови, и тие имаат голем удел во генерално бледата слика на македонското новинарсто... Но како и во секоја професија така и во оваа дел од луѓето ги ставаат парите и моќта пред својата лична автономија, професионалност, морал и објективност... Новинарите само полесно се проѕираат од другите... поради нивната јавна работа и секојдневен мониторинг од (критичката) јавност. Најголема штета е што најдобро познатите новинари во Македонија се истовремено и најлошите професионалци (чест на многу малкуте исклучоци)... оние вистинските, чесни и професионални новинари никој не ги познава... бидејќи денес сме навикнати дека вест е кога нешто се обвинува/брани/напаѓа... а не кога нешто се соопштува онака како што се случило.
Македонското новинарство е на апарати... можеме да му ги скратиме маките (еутаназираме), или да му помогнеме да се врати во живот. Изборот е само наш... како единствениот субјект кој навистина вреди во новинарството... Јавноста!

--- надополнето ---

Навреме...кога навреме, на која возраст..или кога ќе загусти. И што после би работел еден новинар,кој пола живот поминал во некој весник или телевизија ?
Фразата всушност истакнува дека новинарот треба да замине од професијата кога ќе ја доживува како рутина, кога нема да му биде гајле за “желбите“ на јавноста и за одговорноста пред нив... Кога ќе се загуби желбата да се бори против пукотините на системот и да помага за нивно исправање...
Впрочем новинарот треба да ја напушти професијата кога ќе почувствува дека повеќе не помага туку одмага на општеството практикувајќи ја... (иако сите знаеме новинар останува новинар до неговата смрт:))
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
577
Поради големото влијание врз новинарите од страна на уредниците, всушност и не можеш да видиш какви се. Се борат за самостојност, се жалат од власта, а немаат храброст да му писнат на уредникот. Малите плати од кои се жалат, им значат повеќе од сопствените ставови.
И сето тоа би било во ред, под услов да не би им била таа професијата. Тие кои се залагаат за слободен говор, го немаат.Побитна им е читаноста и тиражот за кој се фалат како они да се сопственици, отколку квалитетот на напишаното.
Секоја чест за оние, иако малубројни, но квалитетни новинари, кои прашуваат вистински прашања во вистинско време, кои не ги извитоперуваат говорите.
Второ, кое сметам дека е битно да го знае секој новинар, е која е неговата функција. Во последно време мислам дека забегаа малку, па мислат дека се стручни лица за секоја тема. Без да се консултираат со било кој вистински стручен човек, м-р. д-р, тие изнесуваат ставови и што е полошо заклучоци.
Јас новинарот го сметам за некој кој ќе ги пренесе точните информации, кој ќе истражува, ќе бара одговори, ќе загатнува, но не и да си прави приказна за свое мислење. Таквите се ужас, продолжена рака на уредникот.
Сметам дека треба многу да се преиспитаат за тоа кое им е работното место.
Уште повеќе пак новинарите презентери, без основа за правилен говор, дикција, кои ставаат запирки кај што не треба....ужас. Треба да се сменат мноооогу работи.
Но пак ке повторам, има и такви новинари кои се вистински извор на информации, и кои се одлични.
 
Член од
17 јули 2006
Мислења
3.104
Поени од реакции
18
vo makedonija nema slobodno novinarstvo... vo makedonija ima montirani procesi..:vozbud:
 
На врв Bottom