Проблемот во Македонското новинарство не лежи во новинарите... тие си се ок, ни многу добри-ни нешто катастрофално лоши... таман си се.
Проблемот во новинарството е на врвот на хиерархиската поставеност: сопствениците, финансиерите, спонзорите, уредништвото... по тој редослед.
Прво правило на секоја сериозна медиумска куќа е јасна дистинкција помеќи информативниот/новинарскиот дел од медиумот наспроти сопственичкиот/ менаџментскиот/маркетиншкиот дел...
Просто ова би изгледало дека новинарите си ја работат својата работа и одговараат пред нивниот уредник, а маркетинг и менаџмент секторот си ја работат својата работа и за тоа одговараат пред акционерите/сопственикот... допирање помеѓу овие два сектора по правило несмее да има (освен за некои оперативни/стратешки прашања).
Токму тука настануваат неколку проблеми:
Првиот проблем во македонското новинарство доаѓа токму овде. Уредниците секојдневно се под притисок на финансиерите и сопственикот, кои суптилно ја насочуваат уредувачката политика на медиумот... Диктираат кои настани да добијат поголемо внимание а кои помало или воопшто да не се објавуваат.
Новинарите потоа се наоѓаат во небрано, ставајќи ја на ризик својата објективност, етика и ангажираност тие по задача на уредникот (кој е нивен “работодавач“) покриваат настани кои се тенденциозни, конструирани и нереални/нерелевантни. Се потпишуваат на текстот и целата таа “илузија на информација“ добива свој лик, автор и историја... Сите го посочуваат новинарот како одговорен, и никој не е вмешан очигледно во процесот!
Вториот проблем доаѓа преку “авто-цензурата“ на самите новинари... Кога уредникот два-три пати ќе им врати или нема да објави одреден нивен текст (независно кои причини ќе ги наведе) кој аргументирано критикува одредена политика, дејства или личности... новинарот сваќа дека неговиот текст никогаш нема да биде објавен во таков облик. Тој или ја прилагодува веста како поприфатлива за уредникот/медиумот или ги извртува фактите или премолчува некои битни информации... што впрочем е и суштината на автоцензурата. Во иднина новинарот плашејќи се за своето работно место рутински се прилагодува на одредениот политички или бизнис “курс“ на медиумот што претставува новинарско “самоубиство“ и конечно губење на неговиот новинарски идентитет/етика/објективност...
Третиот проблем го лоцирам во преголемата зависност на медиумите од спонзорите/финансиерите (не дека светските медиуми немаат спонзори... но сепак...). Така што информација дека некое големо претпријатие/фирма/политичка партија направила корупција/криминал/фалсификат веројатно нема да биде објавено во медиум кај кого се рекламира или финансира. Новинарот кој можеби направил совршена истражувачка сторија со која го дознава сето тоа може приказната да си ја згужва и изеде, бидејќи уредникот- под влијание на сопственикот/акционерите никогаш нема да дозволат таа приказна да се објави ризикувајќи губење на големи пари (...тука се враќам на странските медиуми... кои секојдневно се борат за тираж, и оваа вест би била поголем приход не само финансиски туку и за нивниот имиџ и репутација отколку било која реклама).
Не се сите новинари цветови, и тие имаат голем удел во генерално бледата слика на македонското новинарсто... Но како и во секоја професија така и во оваа дел од луѓето ги ставаат парите и моќта пред својата лична автономија, професионалност, морал и објективност... Новинарите само полесно се проѕираат од другите... поради нивната јавна работа и секојдневен мониторинг од (критичката) јавност. Најголема штета е што најдобро познатите новинари во Македонија се истовремено и најлошите професионалци (чест на многу малкуте исклучоци)... оние вистинските, чесни и професионални новинари никој не ги познава... бидејќи денес сме навикнати дека вест е кога нешто се обвинува/брани/напаѓа... а не кога нешто се соопштува онака како што се случило.
Македонското новинарство е на апарати... можеме да му ги скратиме маките (еутаназираме), или да му помогнеме да се врати во живот. Изборот е само наш... како единствениот субјект кој навистина вреди во новинарството... Јавноста!
--- надополнето ---
Навреме...кога навреме, на која возраст..или кога ќе загусти. И што после би работел еден новинар,кој пола живот поминал во некој весник или телевизија ?
Фразата всушност истакнува дека новинарот треба да замине од професијата кога ќе ја доживува како рутина, кога нема да му биде гајле за “желбите“ на јавноста и за одговорноста пред нив... Кога ќе се загуби желбата да се бори против пукотините на системот и да помага за нивно исправање...
Впрочем новинарот треба да ја напушти професијата кога ќе почувствува дека повеќе не помага туку одмага на општеството практикувајќи ја... (иако сите знаеме новинар останува новинар до неговата смрт
)