не сум сигурна дека Мики нема направено ниеден фалш, дајте бидете малку пореални, сите фалширале и можам минимум на секој по 10 да им најдам, ама тоа не е поентата. А мислам дека не ти е поента ниту тебе да го напаѓаш Нико тука и да го оцрниш зошто знаеш дека нема да можеш. Барем за луѓево кои троа се разбираат од музика.
Е ај баш најди да те видам.
И според мене Мики и Виктор треба да се во финалето. На Виктор не ми се допаѓа понашањето, иако во последно време се поправи, ама барем знае да пее и има многу убав глас, за разлика од недефинираното суштество.
Сепак, Мики е дефинитивно број 1, уживам кога го слушам како пее, прв пат го приметив дека пее супер кога ја изведуваше Feel, а пред тоа мислам дека Hello ја пееше, исто така супер. Но, после изведбата на Sex on fire, тој стана мој фаворит и со секоја наредна гала се потврдува дека единствена конкуренција може да му биде Виктор, ако гледаме реално.
Нико кога фантастично ја испеа I'ts my life сите на форумот го пофаливме, но со Молитвава се усра до крај. Сепак, неговиот настап беше трет најлош таа вечер, ако ја вклучиме и убавината на гласот... требаше Ивица и недефинираното суштество да испаднат, ама тоа е.