Ај све по ред...
1.
Ивица - Дечково си е стандарден. Ништо вон нормалата до сега. Не знам дали му е тоа тактика или стварно не може да пее подобро од ова, ама сепак мислам дека треба малце да ризикува ако сака да остави поголема трага. Мала дамка остави тоа што кога Иван беше во црвената соба и збореше со Ивана, овој се избаци пред камера и почна да упатува бакнежи кон неа. Многу лош потег.
2.
Јана - Конечно се ослободи од тремата, добро е. Заслужено си ја доби и втората обетка од Калиопи. Иако мислам дека можеше да испее уште подобро, кривицата ќе ја барам во тоа што си имала женски проблеми и не и било добро. Ама затоа очекувам следниот понеделник да гази!
3.
Дејан - Позитивно изненадување и од него. Се опушти и ја презентираше песната на одличен начин. Некако многу убаво му легна, а и он мислам дека се реши да изризикува малце вечерва што му се исплатеше. Еден од најдобрите настапи вечерва.
4.
Христијан - Како и што очекував, се усра детево. Што е уште полошо жирито овојпат го оцени позитивно, а он ко и секогаш "јас сум задоволен од својот настап". Се шушка дека Јован Јованов решил да го земе кај него во продукција, а и А1 му понудиле да биде водител, така да очигледно има загарантиран ангажман после идолов. Затоа и не му се пее. Не дека умее да пее, ама па ептен е очигледно дека не се ни труди. Многу сакам да испадне.
5.
Емилија - Ми се свиѓеше тоа што си избра совршена песна за неа. Не поседува којзнае колку добри вокални способности, па затоа без ризик, опуштено, си избра солидна песна која и' одговара и одлично ја испеа.
6.
Виктор - Без конкуренција најслабиот кандидат вечерва. Мислев дека ако ја испее песнава дефинитивно треба да биде идол, ама сепак беше преголем залак за него. Ова е преголем залак за женски вокал, а не па за машки. Сепак ме израдува тоа што си ја призна грешката што ја направи со песната. Се виде дека беше разочаран од својот настап. However, има огромна подршка од публиката која на него му фрли повеќе играчки отколку на сите останати кандидати заедно. Реално заслужува да испадне, ама во случај да остане (а мислам дека ќе се случи тоа), очекувам следниот понеделник да блесне ко што знае и умее.
7.
Иван - Можеби и најдобриот настап вечерва. Последниве 2 настапи на Иван се перфектни. Избра песна што му одговара и што ја пее одамна (како што кажа самиот) и не погреши. Одличен настап.
8.
Билјана - Се гледа дека е одличен вокал, ама и дека песнава беше голем залак за неа. Не ја долови 100% иако се надевав на тоа, направи неколку грешки, ама и тоа што го покажа беше прилично солидно. Важно имаше многу убав стајлинг.
9.
Нико - Си мислев дека Билјана избрала досадна песна, ама на оваа малку ми фалеше да заспијам. Ме нервира тоа што Нико цело време бира песни во кои ги демонстрира своите вокални способности, а од пеење ни "П" нема. 5 збора ги слушав 4-5 минути, па сафра ме фати. Знаеме дека има убав глас, ама дај малце нека покаже и дека знае да испее поп песна. До сега во овој жанр најлошо се снаоѓа.
10.
Мики - Проблемот со слушалките не му влијаеше ни малку, си испеа перфектно (со некои ситни грешки). Сепак мислам дека песнава не беше за него. Не само за него, туку воопшто за машки вокали, спротивно од тоа што го рече Игор. Без разлика, Мики е одличен пејач и може далеку да стигне. Има све што е потребно за да биде Идол.
11.
Јулијана - За разлика од минатиот понеделник кога не можеше да се пронајде во песната, оваа ја испеа 10 пати подобро. Имаше најдобар сценски перформанс од сите кандидати, и' лежеше интонацијата и се' на се' - одлично испеа.
Забелешка: Жирито се повеќе и повеќе прави големи грешки околу кандидативе.