Лелеј, некој да ве чита а да не го отвори менито на Гурмет ќе помисли дека таму се служи фрути ди маре и шиш кебаб, а не шарска, ајдучка, увијач, тавче гравче и останато.
А и споредбава ти вришти...можам одма да ти најдам неколку италијански ресторани тука од италијанци каде се служи пица со ананас.
Абе те разбирам што сакаш да кажеш, у реду е.
Ама еве, бујрум ако те носи еден ден патот навака, ќе седнеме и ќе посматраме што нарачуваат нашите тука. Или е шопска, или е грчка за со ракивчето.
Па ја незнам ресторан во Скопје да не ја служи грчката салата.
Очигледно е дека Гурмет не е традиционален македонски ресторан, ама служи македонска храна и како таков, местото му е тука.
Особено знаејќи дека нема таков ресторан низ светот каков што бараш ти.
Пицата со ананас,воопшто не е пица,и не е итаљанско јадење,али тоа у друга прилика.
Прво не ги нареков куварите опинци,а го нареков шефот на гурмет у Малта опинок,затоа што составил такво мени.
Незнам дали е истиот газда со скопскиот гурмет.Али ако е истиот,тој не да е опинок.Тој е тешко копито.Не не сум работел за него,немој да помислиш.Во Скопје, во два ресторани имам само работено.Дур учев.А само што завршив средно,кога видов што се дешава по кујниве на пракса кога одев,му ја дувнав надвор.
Газдите,никаков концетп,никаква стратегија.Екстремно лоша структура!Се на се,тешка импровизација!
А занеш зашто?
Затоа што не се угостители друже,не се џентлмени.Алчни се,не ценат,персонал.Не инвестираат у развој на персонал.Во обуки,во тренинзи.
Се дур мислат дека ресторан е бакалница,така ќе биде.
И си бираат раководители слични на нив,винклери! Ова мениво у Малта,некој виклер го составувал,не професионален кувар.
Дури и мени не е македонски збор,карта на јадења е правилно.Ама ајде.
Кулинаријата и професионалниот кувар,не е сецкање салата,и вртење ќебапи на скара! Па главен кувар,тоа е цела наука.
Но нејсе.Ако те интересира можам да ти раскажам.
Како се пишува мени се учи у прва средно угостителско,по кој редослед,по кој правила.Не е проблем скарата,ама се знае скара,грил,барбикју кај се пропишува.Дури и оделно мени,со грил/скара се печати.
Си има и таму правила,не е плукни залепи.Ама кој да учи,90% запишуваат угостителско затоа што не им се учи.И бираат 3 години средно,побрзо да го скинат с курца школото.
Бургерите и скарата ги лупнале централно.А националните јадења,доле таму на маргините,кај што не чита никој.
Griiled Mushroom место у side dishes го стаиле у hot starters. Chicken fingers место у hot starters, во chicken dishes го лупнале.Pork ribs in owen место у roast во grill ги натопориле. Па уште и ги наредиле сhicken dishes,pork dishes...А се тоа ти е A-la carte,или јадења по порачка.
Си има наука друже,и за тоа,се учи по светов,се нарекоува menu engeneering, па имаш статистика,па психологија на гости... Ама тоа за успешен проект.
А за ваква заебанција ко у Малта,добро е и ова...
Абе не е муабетот што нарачуваат нашите таму.Ја у Скопје само у ќебапчилници одам.
Странци има друже што му влагаат у локал.Каков впечаток создава онкај нив?? Ќе си речат еј абе ова македонскава кујна само скара е,глеј 20 поиции скара,и 4 позиции традиционални јадења.А скара се праи од Трст до Гевгелија.Само што словенците имаат 6 мишелин ресторани со национална кујна,а ние пунета вешалица!Е тука е борбата за идентитетот!
И не ми кажувај како у Малта нема пастрмка,смуѓ,крап,сом, те молам.
Бев preopening team во Kepmpinski во Гозо!
па салатата Хориатики, таква ко што ја знаеме,нивна си е,грчка.Нема ние шо да претендираме на нејзе.Има две убави салати од тој Беломорскиот крај.Жетварска,и воденска..
па салатата Хориатики, таква ко што ја знаеме,нивна си е,грчка.Нема ние шо да претендираме на нејзе.Има две убави салати од тој Беломорскиот крај.Жетварска,и воденска..
Ве молам, да не идеме офф топик, темата е за Македонските/Балканските ресторани по светов, да препорачате по некој, кој со кого може да се најде и да си седнеме како да сме дома.
vo UK ima makedonski restaurant Vardar se naoga vo Littlehampton, prekrasen ambient i vrvna usluga. Sum bil nekolku pati i navistna sum prijatno iznenaden. @galaxys treba da go posetish dokolku te nosi patot natamu, momentalno rabotat samo take away.
Toplo go preporacuvam mestovo, ima ubava atmosfera i da koristat nasi zacini i hranata go dolovuva vkusot na nasiot kraj. Plus organiziraat balkanski zabavi, citajte ubavo, balkanski , da nw naletam na nekoj patriot sto ke otide ke ja cue Ceca i ke me .....
Sahara bar and restourant ... Босанци газди, има добри кебапи. Тераат босанско/турска шема.
Next door cafe and taverna... Хрватско место, има ражњичи, плескавици, кебапи, бурек. Добра селекција на балкански вина.
Имаше уште неколку места ама низ годините се изредчија.
Манила
Balkan - Ова е веќе институција во Манила, со 3-4 ресторанти низ градов. Газда е бивш српски кошаракар што играл на Филипините па останал. Во Макати му работи некоја куварка од војводина, мислам дека и таму имале кафана на времето па практично префрлил се на филипините.
Покрај Макати има и во Тагиг и мислам на уште едно место.
Dobro Restorant & Konoba ... Хрватски ресторант. Легендиве имаа фјужон јапонско балкански јадења на времето. Суши со кебапче и теријаки сос... ЗАКОН
Не е веќе тоа тоа, порано и вработените беа се хрвати сега некако слабо, али друго нема...
Иако веќе не постои, посилно е од мене така да мора да го спомнам и легендариот БАЛКАНИКА во Бали...
Ова е баш она што го кометиравте погоре. Кога некој без угостителство ќе отвори ресторант... Вложија доста ама лоша локација (до главната улица на Кута ама во лош дел) плус фокус он многу други работи место храната...
ПС... Не е ресторант, ама ќе го спомнам пошто друго нема а тешко дека во Тајланд би прошол балкански ресторант...
Serbian Beer Bar - Токсик сити Патаја... Убутан во „тивката страна“ на пеколот ако ви скурчи од другите места и сакате да испиете пиво со ју рок или цеца у позадина. Имаат и ракија. Храна поима немам дали има, обично ако овде завршам не ми е веќе до јадење.
Типичен BMD (buy me a drink) бар така да очекувајте секој 5 мин девојчиците да ве молат да им купите пијачка, сепак ова е Патаја.
Автоматски споено мислење:
Мелбурн
Ќе пишувам само за македонски и тоа угалвно на северната страна... Има премногу балкански места овде би рекол барем 30тина активни.
Le lee Authentic Macedonian - Кусо и јасно ова е најдобар македонски ресторант надвор од Македонија. Сликиве доле дури и не се нешто посебно. Релативно нов, година и пол како работат, ваљда коронава нема да ги скине... Главната готвачка мислам дека работеше во Александар Палас, јадењата се наши македонски... Има малку скара, али мислам тоа ќе мора повеќе, за жал народ тоа сака и бара овде.
Местово е во Норкот, што важи за населба каде доминира грчката заедница и угавно за млада популација, луѓе пред брак што трошат доста на ресторанти... Конкуренција цел куп на улицата 10+ ресторанти дури и Estella на Scott Pickett еден од најпознатите австралиски кувари со мишелин ѕвезди и сепак си газат дечките. Да не испадне дека рекламирам еве ви линк доле кој сака видете, али мислам дека ова е она што го збореше шефот, ресторант со осмислен концепт со таргетирани муштерии со идеја да се излезе од МК скара шемите и да се привлечат други нации.
Showcasing the warmth, charm and heartiness entailed in Macedonian culture, translated into a wondrous dining experience in the heart of Northcote
www.leleemacedonian.com.au
Kaneo - ова место смени премногу газди низ годините и секоја година некако послабо ми е... Почетокот беше супер, имаа одлична пастрамјалија ама сега ни скара веќе немаат како треба. Добро средено, убав интериер со Тга за југ напишана на ѕид... Фаќа на носталгија ама тоа е.
Zegov - Местово е забутано, ефтина кирија, така да „просперира“ сеуште... Ова е уште еден пример кога некој што поима нема води ресторант. Незнам како да го опишам, доаѓа нешто како МКД кујна со АУС примеси така да гледаат ем да се ослонат на МАК заедницата ем да првилечат некој друг... Имаат 5 врсти мешана скара и чуда комбинации така да дур се разбереш со келнер и со уште 3-4 другари на маса прошол првиот пола саат... Сепак ОК храна, дека може и треба подобро, може а бога ми и треба.
Macedonian Old House - Не сум бил ама го фалат.
DD's Charcoal Grill - Ова е сендвичара со неколку маси, бар јас така го доживувам. Растураат, забутано место со никаква кирија ама долго време активно и си работи турбо. Ефтино за тукашни услови, фокусирано на МКД менталитет, дај му еден тон храна за ефтино, заеби квалитет и тоа е тоа... Мене ми е нешто како лоша верзија на 7мица со поасално месо и производи, со неколку маси и ракија... Тука кога ме канат треба ептен да го поштувам тој што ме кани па атер ради него да идам...
Sahara bar and restourant ... Босанци газди, има добри кебапи. Тераат босанско/турска шема.
Next door cafe and taverna... Хрватско место, има ражњичи, плескавици, кебапи, бурек. Добра селекција на балкански вина.
Имаше уште неколку места ама низ годините се изредчија.
Манила
Balkan - Ова е веќе институција во Манила, со 3-4 ресторанти низ градов. Газда е бивш српски кошаракар што играл на Филипините па останал. Во Макати му работи некоја куварка од војводина, мислам дека и таму имале кафана на времето па практично префрлил се на филипините.
Ова е баш она што го кометиравте погоре. Кога некој без угостителство ќе отвори ресторант... Вложија доста ама лоша локација (до главната улица на Кута ама во лош дел) плус фокус он многу други работи место храната...
ПС... Не е ресторант, ама ќе го спомнам пошто друго нема а тешко дека во Тајланд би прошол балкански ресторант...
Serbian Beer Bar - Токсик сити Патаја... Убутан во „тивката страна“ на пеколот ако ви скурчи од другите места и сакате да испиете пиво со ју рок или цеца у позадина. Имаат и ракија. Храна поима немам дали има, обично ако овде завршам не ми е веќе до јадење.
Типичен BMD (buy me a drink) бар така да очекувајте секој 5 мин девојчиците да ве молат да им купите пијачка, сепак ова е Патаја.
Ќе пишувам само за македонски и тоа угалвно на северната страна... Има премногу балкански места овде би рекол барем 30тина активни.
Le lee Authentic Macedonian - Кусо и јасно ова е најдобар македонски ресторант надвор од Македонија. Сликиве доле дури и не се нешто посебно. Релативно нов, година и пол како работат, ваљда коронава нема да ги скине... Главната готвачка мислам дека работеше во Александар Палас, јадењата се наши македонски... Има малку скара, али мислам тоа ќе мора повеќе, за жал народ тоа сака и бара овде.
Местово е во Норкот, што важи за населба каде доминира грчката заедница и угавно за млада популација, луѓе пред брак што трошат доста на ресторанти... Конкуренција цел куп на улицата 10+ ресторанти дури и Estella на Scott Pickett еден од најпознатите австралиски кувари со мишелин ѕвезди и сепак си газат дечките. Да не испадне дека рекламирам еве ви линк доле кој сака видете, али мислам дека ова е она што го збореше шефот, ресторант со осмислен концепт со таргетирани муштерии со идеја да се излезе од МК скара шемите и да се привлечат други нации.
Kaneo - ова место смени премногу газди низ годините и секоја година некако послабо ми е... Почетокот беше супер, имаа одлична пастрамјалија ама сега ни скара веќе немаат како треба. Добро средено, убав интериер со Тга за југ напишана на ѕид... Фаќа на носталгија ама тоа е.
Zegov - Местово е забутано, ефтина кирија, така да „просперира“ сеуште... Ова е уште еден пример кога некој што поима нема води ресторант. Незнам како да го опишам, доаѓа нешто како МКД кујна со АУС примеси така да гледаат ем да се ослонат на МАК заедницата ем да првилечат некој друг... Имаат 5 врсти мешана скара и чуда комбинации така да дур се разбереш со келнер и со уште 3-4 другари на маса прошол првиот пола саат... Сепак ОК храна, дека може и треба подобро, може а бога ми и треба.
DD's Charcoal Grill - Ова е сендвичара со неколку маси, бар јас така го доживувам. Растураат, забутано место со никаква кирија ама долго време активно и си работи турбо. Ефтино за тукашни услови, фокусирано на МКД менталитет, дај му еден тон храна за ефтино, заеби квалитет и тоа е тоа... Мене ми е нешто како лоша верзија на 7мица со поасално месо и производи, со неколку маси и ракија... Тука кога ме канат треба ептен да го поштувам тој што ме кани па атер ради него да идам...
Секоја чест пријателе за информациите и критиките кои ги имаш напишано, стварно културно, без значи глупости како што имаше погоре коментирано, вреѓа братот али нема врска. Значи ова што си го пишал исто како да гледам емисија на ТВ на критичар. Секоја чест.
За Леле се слеагам дека менито им е мало и дека треба да поработат на тоа. Не сум сигурен додуше ни дали имаат адекватни услови, сепак станува збор за релативно мало место со капацитет од некој 40-50 души во 2 простории и уште 20тина позади во двор. Кујната ми изгледа прилично мала. Како и да е хранава им е топ.
Дарко не го знам, он живеел подолго во Мелбурн ама на друагата страна. 2-3 пати во Бали сум бил во Балканика ама не го затекнав. Од други наши што живеат таму слушам дека сега вози камион и он и жена му во некој рудник во Западна Австралија, 2 недели работи 2 недели е во Бали. Којзнае сега како му е со коронава, ваљда е во АУС пошто во Индонезија е катастрофа моментално. Штета што не успеа, вложи доста ама најбитните работи го изигнорира. Никаква реклама, никаков маркетинг, на лоша локација... Нашата храна за нив е чудна, мораше да осмисли подобар концепт он се фокусира на македонизам нешто што таму е тотално небитно таму па поготово и на почеток.
Го заборавив и бугарскиот во Шангај...
Vanca's Restourant - Кусо и јасно одлична храна, поготово кофте и ребра. Има шопска и руска за тие што сте по салативе. Му симнувам капа ретко некој успеал да им шитне странска кујна на кинези, овој гази со години... Еве линк подоле
Кано,нема везе друже јас сум цепидлака,и се фаќам за тоа.Иначе си ка завршиле работата на 5.
Никој денес,у цивилизираниов свет,не оди у ресторан да јаде и да пие,сите одат за experiance.
Они продаваат продукт,услуга,diferent kind of experiance, јадењето е само еден сегмент у целиот,концепт,продукт.
Нашата храна за нив е чудна, мораше да осмисли подобар концепт он се фокусира на македонизам нешто што таму е тотално небитно таму па поготово и на почеток.
Националниот ресторан мора да биде ID card,на нацијата.
Еве,Прага ќе ја земам за пример,пошто,Прага ми е пример за hospitality и сервис.Работев у LaBdelM,Ambiente,и La casa Argentina,сите они нудат одреден вид на латино/креолска кујна,во комбинација со европска.Концептот на 100% национална кујна не работи никаде.
У Јапан е најдобриот французки рестпран,надвор од Франција. Le.Socier,а имаат и сашими и роли во менито.
Туку дај најди некој инвеститор,да отвориме едена меана у Оустрелија,да им го искинеме гзот на тие со таверните и конобите.
Одлична скара, дури и боље од МКД... Практично подобар квалитет месо на наш начин печено... Ме врати ко во СК, ко кај стариот жабар. Редовно порано пред уткамица или после наминувавме така да за мене ова беше полн погодок.
ОК цени, 20тина долари, одлична скара, штета што не сум почесто во Бризбен али еве со Леле ова би биле најдобрите од наши места во АУС. Синот го надмина стариот...
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.