Не ми изгледаше на ефе повише ми идеше нагоре па падна доле, може ја сум видел лошоНе е knuckle ball ова. Класичен слободен пласирана со е-фе .
Па не би рекол дека ни лежат. Може да се каже дека на Боби му лежи Ерменија. Имавме 4-0 пораз од нив на оние ЛН кога отидовме на ЕП, а и 1-0 во другите ЛН на Кипар што се играше (Мрме им ја даде утакмицата, ги одмараше сите, а можеше Македонија во Лига Б да игра). И со Јонуз имавме 4-1 пораз, а дома со пенал во последна минута 2-2. Имаме и со Дончо пораз од нив дома 1-2 во 90-тите.Само заради пожртвуваноста на Барди заслужија да се обезбедат овие три бода, искина денеска, одигра како Сколс и Лампард заедно во најдобрите денови.
Стандардно ги плескаме на Ерменија, кога играат против нас, неможат со топка да се состават, очигледно воопшто не им лежиме.
Не е поентата да бидеме први, туку требаше да бидеме најдобри први во C лигата, за да имаме шанси за бараж за Светско. Моментално по нерешениот со Фарски Острови, Шведска и Романија се подобри од нас. Вака првото место ќе биде само пирова победа - ќе влеземе во B лига, и таман и за Европско следната Лига на нации да немаме никакви шанси.Suma sumarim, lesna e grupava, steta ako ne bideme prvi.. Gi gledav Farjanite igraat samo na kontri, baska pri kontra ni imaa 2-3 sansi da dadat gol ama babanite ne znaeja da sutnat topka.. ermencive se katastrofa protiv nas, epten ne im lezime kako ekipa, veruvam deka pak ke gi tepame i na gosti.. so farjanite i letonija mora da se dobie doma i ete ti 1vo mesto.. posle i nereseno u gosti so letonija ni e dovolno
Прво пласираните екипи од Ц дивизија играат полуфинале па финале меѓусебе, победникот обезбедува пласман на светско. Ите како битно е да завршиме први во група.Не е поентата да бидеме први, туку требаше да бидеме најдобри први во C лигата, за да имаме шанси за бараж за Светско. Моментално по нерешениот со Фарски Острови, Шведска и Романија се подобри од нас. Вака првото место ќе биде само пирова победа - ќе влеземе во B лига, и таман и за Европско следната Лига на нации да немаме никакви шанси.
BTW, пуштаа со чадори, не пуштаа со вода.
Не знам кај си го видел ова, ама не е така. Првопласираните екипи идат директно во Б дивизија. Второпласираните играат бараж со третопласираните од групите во Б дивизија и победниците од тие баражи идат во Б дивизија.Прво пласираните екипи од Ц дивизија играат полуфинале па финале меѓусебе, победникот обезбедува пласман на светско. Ите како битно е да завршиме први во група.
Ако е така променет системот тогаш навистина киксот со Фарски ќе не кошта многу.Не знам кај си го видел ова, ама не е така. Првопласираните екипи идат директно во Б дивизија. Второпласираните играат бараж со третопласираните од групите во Б дивизија и победниците од тие баражи идат во Б дивизија.
За Светско:
-12 победници од групи од регуларните квалификации одат директно на Светско.
-12 второпласирани од групите од регуларните квалификации одат во бараж заедно со 4 НАЈДОБРИ ПОБЕДНИЦИ НА ГРУПИ ОД ЛИГА НА НАЦИИ КОИ ЗАВРШИЛЕ НА 3, 4 ИЛИ 5 МЕСТО ВО РЕГУЛАРНИ КВАЛИФИКАЦИИ.
Значи - постои можност тие 4 да се сите од Б дивизија, ама се надевам нема да бидеме толкави малери и барем еден победник на група ќе биде од Ц дивизија. Затоа е многу важно да бидеме најдобри победници на група во Ц дивизија, за дури и ако завршиме 3 или 4 во квалификациите, да одиме во бараж за Светско. Моментално сме трети во Ц дивизија. Значи за да имаме шанси да влеземе во бараж, треба минимум 7 од 8 победници на групи од дивизиите А и Б да обезбедат учество на Светско или бараж преку регуларните квалификации.
Еве, за појасно. Ова се победниците на групите во претходната Лига на нации што беше линкната со Светското:
Прегледај го приврзокот 428914
Од А дивизија сите 4 победници на групи обезбедиле пласман на Светско или во бараж преку квалификации. Од Б дивизијата само Велс обезбедил. Тогаш само 2 победници на групи од Лига на нации одеа во бараж, па така Австрија и Чешка од Б дивизија отишле. Сега одат 4, значи плус би оделе и најслабиот победник на група од Б (Унгарија била тогаш) и најдобриот победник на група од Ц (Словенија била тогаш). Ете затоа е многу важно да сме најдобар победник на група во Ц дивизија.
Не е променет, за Светско така беше и за претходното, само наместо 4, само 2 одеа во бараж од Лига на нации. Ти сигурно мислиш на првата Лига на нации, преку која ние се пласиравме на Европско. Да, тогаш така беше, ама тоа беше one time only. Тоа беше дури и од Д дивизија, не од Ц, значи тогаш имавме огромна среќа. После уште од втората Лига на нации веднаш го сменија форматот.Ако е така променет системот тогаш навистина киксот со Фарски ќе не кошта многу.
Иако јас тука пред се ги гледам Романија како фаворити за прво место со оглед на то шо веќе го победија Косово во гости и е многу веројатно да ги освојат сите бодови до крај во нивната група, додека Шведска доппрва игра на гости кај Словачка. Значи треба да се надеваме на кикс на Шведска, и да тепаме се до крај па и да билдаме гол разлика за да имаме шанса да сме 2ро пласирани во Ц дивизија.
Реално можиме да се носиме со неколку од постојните репрезентации од шешир 2 за потенцијално второ место во група преку квалификации.Инаку, ете, за квалификациите за Светско 100% ќе бидеме во 3 шешир, па така избегнуваме неколку појаки од нас репрезентации како Шкотска, Словенија, Финска, Ирска... Ама Ерменија е во 4 шешир, па така пак може да ни се падне.
Прегледај го приврзокот 428933
Па и јас истото го мислам. Не дека го бранам Милевски, ама реално со младите репрезентации има и прво и второ место во квалификации, башка и баражот за СП 2022 (дури мислам дека ако ја водеше У21 екипава, сега веројатно би биле втори или поен пократки за второ место, што би било и те како надежно во дуелите со Молдавија и Грузија). Пехот е на начинот на кој беше поставен после ЕП и смената на Мрме. И за Чеде согласен исто. Кога не водеше баш изгледавме како солидна екипа. Може и треба смена, а Боби најубаво да го постават пак за У21 (Цапар под итно да се пензионира) затоа што му одговара да ги води младите екипи. Ако има промени во ФФМ, Седло за селектор - не фала!Доттогаш треба да имаме ново раководство во структурите на ффм, дали тоа ќе значи и смена на Милевски (па можеби и враќање во репрезентација на Ристовски и Адеми)?!
Кој би бил потенцијална замена за Милевски?
Многу нема да се согласат со мене но јас сметам дека Милевски заедно со Чеде Јаневски се најдобри македонски тренери во моментов.
Ама воопшто не сум фан на имиња кој се шпекулираат како Седлоски.