Македонска фудбалска репрезентација

Член од
17 декември 2019
Мислења
2.435
Поени од реакции
4.178
Suma sumarim, lesna e grupava, steta ako ne bideme prvi.. Gi gledav Farjanite igraat samo na kontri, baska pri kontra ni imaa 2-3 sansi da dadat gol ama babanite ne znaeja da sutnat topka.. ermencive se katastrofa protiv nas, epten ne im lezime kako ekipa, veruvam deka pak ke gi tepame i na gosti.. so farjanite i letonija mora da se dobie doma i ete ti 1vo mesto.. posle i nereseno u gosti so letonija ni e dovolno
 
Член од
17 април 2024
Мислења
591
Поени од реакции
1.372
Браво за играта во второ полувреме, можеби заслуживме гол и во прво. Барди не е баш најстандарден во Трабзон, ама е класа. Дечково има движење како Меси и преглед на игра како Сколс/Лампард/Иниеста. После долго време да дочекам победа на Градски. Те Вардар губи, те Македонија... Еве денеска се погоди :D
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Само заради пожртвуваноста на Барди заслужија да се обезбедат овие три бода, искина денеска, одигра како Сколс и Лампард заедно во најдобрите денови. :)
Стандардно ги плескаме на Ерменија, кога играат против нас, неможат со топка да се состават, очигледно воопшто не им лежиме.
Па не би рекол дека ни лежат. Може да се каже дека на Боби му лежи Ерменија. Имавме 4-0 пораз од нив на оние ЛН кога отидовме на ЕП, а и 1-0 во другите ЛН на Кипар што се играше (Мрме им ја даде утакмицата, ги одмараше сите, а можеше Македонија во Лига Б да игра). И со Јонуз имавме 4-1 пораз, а дома со пенал во последна минута 2-2. Имаме и со Дончо пораз од нив дома 1-2 во 90-тите.
А потполно согласен за Барди. Дечково дава 100% на терен на секоја утакмица, максимално професионален. Другите може да земат да учат од него!
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.385
Поени од реакции
4.336
Јас сум разочаран што и на трибина губиме посед. Барди кога даде гол, цела Северна аплаудираше. Кога пеевме нешто за Македонија, само 5 души викнавме ради-реда.

Шконтари колку сакаш. Од полиција, до вработени, до публика. Срамота!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Suma sumarim, lesna e grupava, steta ako ne bideme prvi.. Gi gledav Farjanite igraat samo na kontri, baska pri kontra ni imaa 2-3 sansi da dadat gol ama babanite ne znaeja da sutnat topka.. ermencive se katastrofa protiv nas, epten ne im lezime kako ekipa, veruvam deka pak ke gi tepame i na gosti.. so farjanite i letonija mora da se dobie doma i ete ti 1vo mesto.. posle i nereseno u gosti so letonija ni e dovolno
Не е поентата да бидеме први, туку требаше да бидеме најдобри први во C лигата, за да имаме шанси за бараж за Светско. Моментално по нерешениот со Фарски Острови, Шведска и Романија се подобри од нас. Вака првото место ќе биде само пирова победа - ќе влеземе во B лига, и таман и за Европско следната Лига на нации да немаме никакви шанси.

BTW, пуштаа со чадори, не пуштаа со вода. :D
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937

Прво пласираните екипи од Ц дивизија играат полуфинале па финале меѓусебе, победникот обезбедува пласман на светско. Ите како битно е да завршиме први во група.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Прво пласираните екипи од Ц дивизија играат полуфинале па финале меѓусебе, победникот обезбедува пласман на светско. Ите како битно е да завршиме први во група.
Не знам кај си го видел ова, ама не е така. Првопласираните екипи идат директно во Б дивизија. Второпласираните играат бараж со третопласираните од групите во Б дивизија и победниците од тие баражи идат во Б дивизија.

За Светско:
-12 победници од групи од регуларните квалификации одат директно на Светско.
-12 второпласирани од групите од регуларните квалификации одат во бараж заедно со 4 НАЈДОБРИ ПОБЕДНИЦИ НА ГРУПИ ОД ЛИГА НА НАЦИИ КОИ ЗАВРШИЛЕ НА 3, 4 ИЛИ 5 МЕСТО ВО РЕГУЛАРНИ КВАЛИФИКАЦИИ.

Значи - постои можност тие 4 да се сите од Б дивизија, ама се надевам нема да бидеме толкави малери и барем еден победник на група ќе биде од Ц дивизија. Затоа е многу важно да бидеме најдобри победници на група во Ц дивизија, за дури и ако завршиме 3 или 4 во квалификациите, да одиме во бараж за Светско. Моментално сме трети во Ц дивизија. Значи за да имаме шанси да влеземе во бараж, треба минимум 7 од 8 победници на групи од дивизиите А и Б да обезбедат учество на Светско или бараж преку регуларните квалификации.

Еве, за појасно. Ова се победниците на групите во претходната Лига на нации што беше линкната со Светското:
Screenshot_20240911_010243_Chrome.jpg
Од А дивизија сите 4 победници на групи обезбедиле пласман на Светско или во бараж преку квалификации. Од Б дивизијата само Велс обезбедил. Тогаш само 2 победници на групи од Лига на нации одеа во бараж, па така Австрија и Чешка од Б дивизија отишле. Сега одат 4, значи плус би оделе и најслабиот победник на група од Б (Унгарија била тогаш) и најдобриот победник на група од Ц (Словенија била тогаш). Ете затоа е многу важно да сме најдобар победник на група во Ц дивизија.
 
Прегледај го приврзокот 428914

Ако е така променет системот тогаш навистина киксот со Фарски ќе не кошта многу.
Иако јас тука пред се ги гледам Романија како фаворити за прво место со оглед на то шо веќе го победија Косово во гости и е многу веројатно да ги освојат сите бодови до крај во нивната група, додека Шведска доппрва игра на гости кај Словачка. Значи треба да се надеваме на кикс на Шведска, и да тепаме се до крај па и да билдаме гол разлика за да имаме шанса да сме 2ро пласирани во Ц дивизија.
 
Не е променет, за Светско така беше и за претходното, само наместо 4, само 2 одеа во бараж од Лига на нации. Ти сигурно мислиш на првата Лига на нации, преку која ние се пласиравме на Европско. Да, тогаш така беше, ама тоа беше one time only. Тоа беше дури и од Д дивизија, не од Ц, значи тогаш имавме огромна среќа. После уште од втората Лига на нации веднаш го сменија форматот.

Ама, ко што реков, не дека е се загубено и да сме трети победници во група, како сега, само ќе треба да ни се поклопат коцките така да останатите победници на групите, од А и Б дивизија сите да бидат први или втори во регуларните квалификации, што исто е изводливо.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.718
Поени од реакции
36.572
Инаку, ете, за квалификациите за Светско 100% ќе бидеме во 3 шешир, па така избегнуваме неколку појаки од нас репрезентации како Шкотска, Словенија, Финска, Ирска... Ама Ерменија е во 4 шешир, па така пак може да ни се падне. :D

1726052572680.png
 
Член од
17 август 2014
Мислења
3.704
Поени од реакции
5.937
Инаку, ете, за квалификациите за Светско 100% ќе бидеме во 3 шешир, па така избегнуваме неколку појаки од нас репрезентации како Шкотска, Словенија, Финска, Ирска... Ама Ерменија е во 4 шешир, па така пак може да ни се падне. :D

Прегледај го приврзокот 428933
Реално можиме да се носиме со неколку од постојните репрезентации од шешир 2 за потенцијално второ место во група преку квалификации.
А од шешир 1, против репрезентација како Хрватска, Данска имаме шанса и за поени на домашен терен.
Но најпрво треба да си го средиме дворот дома.
Првиот натпревар се игра на 22 март 2025.
Доттогаш треба да имаме ново раководство во структурите на ффм, дали тоа ќе значи и смена на Милевски (па можеби и враќање во репрезентација на Ристовски и Адеми)?!
Кој би бил потенцијална замена за Милевски?
Многу нема да се согласат со мене но јас сметам дека Милевски заедно со Чеде Јаневски се најдобри македонски тренери во моментов.
Ама воопшто не сум фан на имиња кој се шпекулираат како Седлоски.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.095
Поени од реакции
3.837
Шкотска да може да влезе во втор шешир би било убаво, затоа што како екипа баш ни одговараат. Ќе чекаме на Велс евентуално. Има и други екипи со кои можеме, ама има екипи кои би било убаво да ги избегнеме.

Доттогаш треба да имаме ново раководство во структурите на ффм, дали тоа ќе значи и смена на Милевски (па можеби и враќање во репрезентација на Ристовски и Адеми)?!
Кој би бил потенцијална замена за Милевски?
Многу нема да се согласат со мене но јас сметам дека Милевски заедно со Чеде Јаневски се најдобри македонски тренери во моментов.
Ама воопшто не сум фан на имиња кој се шпекулираат како Седлоски.
Па и јас истото го мислам. Не дека го бранам Милевски, ама реално со младите репрезентации има и прво и второ место во квалификации, башка и баражот за СП 2022 (дури мислам дека ако ја водеше У21 екипава, сега веројатно би биле втори или поен пократки за второ место, што би било и те како надежно во дуелите со Молдавија и Грузија). Пехот е на начинот на кој беше поставен после ЕП и смената на Мрме. И за Чеде согласен исто. Кога не водеше баш изгледавме како солидна екипа. Може и треба смена, а Боби најубаво да го постават пак за У21 (Цапар под итно да се пензионира) затоа што му одговара да ги води младите екипи. Ако има промени во ФФМ, Седло за селектор - не фала!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom