Македонска фудбалска репрезентација

Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Што сте се фатиле за овие тројца што не ја пеат химната, нивна работа си е тоа. Само ние и србиве од тоа не пеење на химна направивме којзнае што. Безброј примери има низ светов каде фудбалери не ја пеат химната, и многу поголеми играчи од нашиве.
Со тоа само они си докажуваат дека не чувствуваат ништо спрема земјата во која пораснале и живееле, а мене искрено ме заболе долниов за тоа. Важно нека даваат максимум на терен.
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.665
Поени од реакции
9.250
Си правиме филмови само за пласман на ЕП или СП. Треба сериозен проект, работа со млади, управување на првенството во преден план. Новава гарнитура на ФФМ колку толку работи на нешто, се планира, но нереално е да очекуваме во рок од 7-8 месеци резултати. Ако се работи според овај план резултати треба да се очекуваат во наредните 5 години. Еве баш репрезентацијата на Белгија која е во моментов е планирана во таков проект пред 4-5 години, со промени во нивната федерација и тие дури во моментов немаат таков притисок да бидат дел од наредново СП во Бразил, туку нивен приоритет е пласман на ЕП 2016 и СП 2018 каде оваа репрезентација ќе им биде далеку позрела и подобра. Ние ќе победиме во 2-3 натпревари, ќе се одигра добро и одма еуфорија...имаме шанси за пласман, ако не сега, на наредното 100%...и оп ќе дојде ваков пораз...овај е крив оној е крив. Ваква работа се гради со трпение пред се и со добра структура на луѓе. Ние во моментов го имаме Чеде кој треба да добие подршка за ова што го работи сега и да очекуваме резултати во наредниот период, а исто и ФФМ прави реформи кои колку толку би можеле да ни значат во иднина. Летавме во еуфорија и со ракометарите и кошаркарите по серија добри натпревари, им се створи таков притисок од јавноста и оп сите ни беа сите криви.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.493
Rale абе ти ја сфаќам поентата тебе ама ти не ми ја сфати мојата. Сакав со други зборови да го потенцирам истото што го кажа еден член вчера, кога едни Сан Марино се надеваат и не губат надеж, трчаат полни 90 минути, се трудат, зашто ние да не се надеваме. Поготово сега, кога видовме дека имаме селектор со авторитет што е најбитно и играчи кои иако примиле 2 гола не се предаваат. Па Македонија на Тошак и на Јонуз ми беше срам да упалам телевизор да ја гледам.
 
G

Geezer

Гостин
Ама не се етнички Македонци бе, за да ја пејат химната. И јас да сум Македонец и да играм за Албанија, нема да пејам. Плус, да сакаат да отворат уста, има нивните да ги запалат. Со будали да немаш работа.
Мене ми е битно што играат. А, Ибраими е класа бољи од цела репрезентација, со се големиот уна маџиа жими топкиве, Пандев.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Што бидна со нарачување на официјални дресови?
 
Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Треба да се брка 3-то место за подобар шешир при следни квалификации за ЕП, кое ќе брои 24 репрезентација, скоро секоја 2 репрезентација у Европа. Тука треба да се бара шансата.
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.496
Поени од реакции
2.407
Ај некој нека ми објасни, иако знам некои работи али би било поубаво некој што повеќе знае, зошто на стадион не идат Комитите и Чкембарите, кои навивачки групи идат, и такви работи...?
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Не ја гледав вчера многу утакмицата,ама од она што го видов е дека Пандев моментално кога игра за репка е вистински труп,воопшто не се труди,не се труди на пример колку еден Ибраими.
За овој вториов секоја чест,на секоја утакмица го дава максимумот од себе.
Од кога Чеде ја презеде репрезентацијата,играчите како да се повампирија и играат најдобро што можат да одиграат,знае Чеде како да ги измотивира до крај,како да го даваат максимумот од себе,но сеуште ни фали шпиц во нападот,кој ќе дава голови.Јаховиќ уште се уходува со останатиот дел,вчера не беше ништо посебно,да не речам отсечен од останатите,а ни Белгија пак не беше нешто посебно.
Јас искрено,рака на срце мислев дека ќе не отворат како паштети кога го видов почетниот состав,небаре финале на светско играат,ама нашиве одлично им парираа,дури и ствараа шанси за гол,Пандев трупчето што промаши кога беше 0-1 за гостите,ми идеше да му влезам преку телевизор и да го убијам на сред стадион :facepalm:

Тоа што треба да не радува е дека нема да останеме вечно онаа “ебана“ репрезентација од некои “светски“ тренери како Катанец,Ташак и таквите како нив.
Мислам дека конечно Македонската репрезентација го пронајде својот Мурињо,а тоа е Чеде Јаневски,кој одлично се покажа од кога ја презеде репрезентацијата,знае што прави,знае што сака,знае како да им пренесе на играчите што сака од нив,знае како да ги измотивира играчите.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
......................

И јас мислам така. За разлика од порано, сега имаме содржајна игра и тоа го покажавме во сите 5 натпревари до сега од овој циклус. За жал, за резултат треба многу повеќе од добра игра. Ако продолжиме вака, за 2-3 години можеби и ќе имаме нешто поконкретно.
--- надополнето: 24 март 2013 во 02:22 ---

Schürrle

can't be touched
Член од
19 ноември 2008
Мислења
3.024
Поени од реакции
2.060
Pa kako sakate Pandev da se istakne koga vo reprezentacija igra najisturen..toa ne mu e prirodna pozicija.
 
Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Pa kako sakate Pandev da se istakne koga vo reprezentacija igra najisturen..toa ne mu e prirodna pozicija.
Не игра најистурен, туку повеќе повлечен е отколку во Наполи. Сериозен си?
 
Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
И јас мислам така. За разлика од порано, сега имаме содржајна игра и тоа го покажавме во сите 5 натпревари до сега од овој циклус. За жал, за резултат треба многу повеќе од добра игра. Ако продолжиме вака, за 2-3 години можеби и ќе имаме нешто поконкретно.

Играта за разлика од времето на Сантрач,Катанец,Ташак и другите е како на Манчестер Јунајтед во најдобри денови,за наши услови.
Ако пред тоа играта ни се базираше на *дај му на Пандев,тој знае што треба*,денеска ни за базира на разновидност,значи противниците не го гледаат само Пандев како главна закана,туку целиот тим.Ибраими избива пред Пандев според игрите за репрезентација,никој не може да ми го докаже спротивното.Многу ми се допаѓа како игра Ибраими,без разлика дали му е денот или не,остава секогаш срце на терен.И остатокот од тимот е океј,цврста одбрана со брз среден ред кој брзо ја префрла топката до напаѓачите,но пак ќе кажам,сеуште ни фали тој убиствен напаѓач во напад.Се надевам Адис ќе биде тоа,во иднина.Момакот ги има сите предиспозиции да стане главен играч во нашата репрезентација во иднина.

и баталете ви веќе муабетите за Пандев,факт е дека не го дава максимумот за репрезентацијата.Крај на муабетот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom