Не ја гледав вчера многу утакмицата,ама од она што го видов е дека Пандев моментално кога игра за репка е вистински труп,воопшто не се труди,не се труди на пример колку еден Ибраими.
За овој вториов секоја чест,на секоја утакмица го дава максимумот од себе.
Од кога Чеде ја презеде репрезентацијата,играчите како да се повампирија и играат најдобро што можат да одиграат,знае Чеде како да ги измотивира до крај,како да го даваат максимумот од себе,но сеуште ни фали шпиц во нападот,кој ќе дава голови.Јаховиќ уште се уходува со останатиот дел,вчера не беше ништо посебно,да не речам отсечен од останатите,а ни Белгија пак не беше нешто посебно.
Јас искрено,рака на срце мислев дека ќе не отворат како паштети кога го видов почетниот состав,небаре финале на светско играат,ама нашиве одлично им парираа,дури и ствараа шанси за гол,Пандев трупчето што промаши кога беше 0-1 за гостите,ми идеше да му влезам преку телевизор и да го убијам на сред стадион
Тоа што треба да не радува е дека нема да останеме вечно онаа “ебана“ репрезентација од некои “светски“ тренери како Катанец,Ташак и таквите како нив.
Мислам дека конечно Македонската репрезентација го пронајде својот Мурињо,а тоа е Чеде Јаневски,кој одлично се покажа од кога ја презеде репрезентацијата,знае што прави,знае што сака,знае како да им пренесе на играчите што сака од нив,знае како да ги измотивира играчите.