Добро е 5 натпревари без порази по ред, на некој начин убедлива победа, но не така убедлива, игра џабе посед на топка кога нема идеја и завршница(иако повеќето шанси беа искористени).
Најмногу ме изнервираа Ѓоргиевски и малку поради примениот гол Шумоликоски.И двајцата "калпазани" што вика дедо ми.
Инаку браво за Тричковски покажа и докажа дека вреди повеќе отколку што другите мислат (незнам дали Азербејџан беа послаби или "ТриКовски" беше појак):tv:.
Ѓуровски со голот ги испра неколкуте киксови, но покажа дека е син на порашен легендарен фудбалер и дека ги поседува речиси истите квалитети како и татко му.
За Илијоски нема што да коментирам појма нема дали заради "трема" (демек) или заради нешто друго, но се надевам дека нема да игра повеќе.
Се на се задоволен сум од резултот, па и од играта.Поздрав!