Македонска фудбалска репрезентација

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
Одбиена понудата на Саудиска Арабија за пријателски меч

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја одби понудата на Саудиска Арабија за пријателски натпревар со нашата репрезентација во Австрија. Саудијците предложија мечот да се одигра на 19 мај, термин што не беше прифатлив за нас од причина што најголем дел од репрезентативците имаат клупски обврски и не се во можност да отсуствуваат од своите средини 15 дена.

Македонија веќе закажа два теста со Азербејџан на 29 мај и Романија на 2 јуни, па затоа и неможноста да се престојува толку долго во едно место и непотребно да се прават хотелски трошоци за сместување. Неприфатлива беше и втората опција, да се одигра средбата со Саудиска Арабија, фудбалерите да се вратат во своите клубови, па повторно да се собираат за Азербејџанците и Романците.

Што се однесува до претстојните контролни дуели со селекциите на Азербејџан и Романија дојде до промена на местата на нивно одигрување. Наместо во Кернтен како што беше првично најавено дуелот со Азербејџанците ќе се одигра во Бишофсховен, познатото австриско зимско туристичко место, една од станиците во Новогодишната турнеја „Четири скокалници“, со почеток во 18.30 часот. Натпреварот, пак со Романија, наместо во Вилах, ќе се одигра во Кернтен на 2 јуни во 19 часот.

Покрај овие два дуела, до почетокот на квалификациите за Европското првенство во Полска и Украина во 2012 година, македонската фудбалска репрезентација ќе гостува и во Ла Валета на селекцијата на Малта на 11 август. Циклусот за ЕП 2012 ќе го започнеме на 3 септември на гости кај Словачка. Четири дена подоцна, на националната арена „Филип Втори“ во Скопје, ќе ја пречекаме репрезентацијата на Ерменија, во третото коло, на 8 октомври, ќе гостуваме кај аутсајдерот, Андора. Квалификациските обврски за 2010 година ќе ги завршиме на домашен терен против Русија, на 12 октомври.

Јонуз на Кипар ќе гледа сé, само тоа што треба не!



И покрај еуфоријата која владее на Кипар поради формата на Тричковски и борбата на најголемите екипи да го купат, македонскиот селектор упорно одбива да смета на напаѓачот, а згора на тоа нема да го гледа ниту викендов, иако оди на „снимање“ на интернационалците кои настапуваат на грчко-турскиот остров

И покрај тоа што е прогласен за еден од најдобрите напаѓачи во кипарското првенство, македонскиот интернационалец Иван Тричковски не е ниту блиску до А-тимот на Мирсад Јонуз, а згора на тоа, не е ниту во агендата на македонскиот селектор кој викендов ќе оди на Кипар, во посета на нашите интернационалци кои настапуваат на грчко-турскиот остров.

Јонуз денеска ќе отпатува кај македонската колонија на Кипар, во живо да се увери во квалитетите на нашите интернационалци таму, но веројатно ќе ја пропушти единствената причина за која треба да биде таму - формата на Тричковски. Така, Јонуз утре ќе го гледа стандардниот репрезентативец Бобан Грнчаров во дресот на АПОЕЛ на дербито со Анортозис, а в недела ќе го следи мечот АЕЛ - Етникос Ахна, за да ги види и Влатко Грозданоски, Един Нурединоски, Ванче Шиков и можеби Славчо Георгиевски, кој се наоѓа во немилост на тренерот Зоран Шапуриќ и не игра стандардно за Етникос.

Но сите овие фудбалери горе-долу му се добро познати на селекторот, зашто тие се стандардни во дресот на А-тимот на последните четири натпревари. Единствено што може да види е каква е формата на Грозданоски, кој долго отсуствуваше, прво поради административни пречки, а потоа и поради повреда. Но Јонуз нема да биде на мечот Енозис - АПОП, каде што покрај Тричковски, би можел да го види и бранителот Бојан Марковски, кој го продолжи договорот со тимот од Паралимни, како и голманот Петар Милошевски, кој е еден со најдолг стаж на Кипар. Згора на тоа, Јонуз би можел да има средба со тренерот на Енозис, Македонецот Чедомир Јаневски и од прва рака да дознае за Тричковски, за кого АПОЕЛ веќе преговара за откуп на договорот од Црвена звезда (Тричковски е на позајмица во Енозис), а интерес покажа и украинскиот гигант Металург Доњецк.

Тричковски уште отсега е најавен за главна ѕвезда во летниот преоден рок, зашто интерес за него покажуваат и другите силни кипарски екипи. Во сета оваа работа зачудува само фактот што македонскиот селектор Мирсад Јонуз досега воопшто не помислил да го повика младиот напаѓач на тест во А-тимот, со оглед на слабата форма на голгетерите во националниот состав. Особено што Тричковски е фудбалер, кој може да игра и малку поповлечено во нападот и би бил добар дует со Горан Пандев, кој во последно време игра најистурен репрезентативен напаѓач.

Тричковски имаше неколку повици во А-тимот кога селектор беше Среќко Катанец, но тогаш ситуацијата во Црвена звезда беше очајна, клубот нижеше порази и не можеше да се види вистинската форма на напаѓачот. Јонуз пред неколку месеца најави дека Тричковски е пикиран за повик во А-тимот, но тоа остана само на зборови. Следна шанса за фудбалерот на Паралимни да добие репрезентативен повик ќе бидат двата тест-дуела кон крајот на мај и почетокот на јуни, кои Македонија ќе ги одигра со Азербејџан и со Романија на неутрален терен во Австрија. Но, според најавите од стручниот штаб, тешко дека и сега Тричковски ќе биде повикан во А-тимот.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Слушам во Кипар имало бомбашки напад... Абрамович нарачал убиство на скаутите на Манчестер Јунајтед кои сакале да го донесат во своите редови :pos:
Сега сериозно, мислам дека Тричковски е супер играч, но премногу е форсиран од некои други медиуми, има време, младо дете е тој.
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.913
Поени од реакции
1.567
Слушам во Кипар имало бомбашки напад... Абрамович нарачал убиство на скаутите на Манчестер Јунајтед кои сакале да го донесат во своите редови :pos:
Сега сериозно, мислам дека Тричковски е супер играч, но премногу е форсиран од некои други медиуми, има време, младо дете е тој.
Не би ми било криво, ако тие млади деца немаат простор од нивните постари и подобри колеги. Али, еден Тричковски и Ристќ да не ги вика, а да играат цепеницине Стојков и Мазнов, неможе да сфатам.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Стојков е во подобра форма од Тричковски и Ристиќ, не читајте новини, новините си форсираат играчи, играчите лажат. Ристиќ врска си нема, во неговиот тим главно е резерва, Сколари кажува дека е надвор од форма. Патем, пред година или две излажал и дека наместо само еден гол, на натпреварот постигнал два гола и тоа било објавено тука кај нас. Да беше добар играч, Ристиќ немаше да има проблеми со наоѓање на екипа во странство и сигурно немаше да игра во некое мизерно првенство во Узбекистан, па макар играл и со дедото Ривалдо во ист тим. Да не зборам за неколкуте шанси кој тој ги доби за репрезентација кои не ги искористи, сам со голман и тој наместо да ја забие во гол, со атрактивен карате зафат ќе го нокаутираше противничкиот играч :)
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Скок од 5 позиции на Фифа ранг листата на нашата репрезентација :tv:
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
Првотимецот на австрискиот прволигаш Аустрија Виена Емин Сулимани ќе ја засили конкуренцијата во нашата фудбалска репрезентација. Селекторот Мирсад Јонуз при последната посета во Австрија разговараше со Сулимани, кој прифати да игра за македонскиот нацинален тим. Сулимани по татко е по потекло од Куманово и прифати да земе македонски пасош. Се работи за 24-годишен фудбалер од средниот ред кој е стандарден во екипата на Австрија.
Погодокот на Емин Сулимани (Австрија Виена - Вердер 1-2)



 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.154
Поени од реакции
4.038
Се надевам ќе го биде, дефинитивно ни требаат нови играчи за среден ред! :)
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
119
Поени од реакции
7
Нашата најдобра селекција од 17 до 22 мај ќе биде дел од турнирот кој ќе се одржи во Јемен. На овој турнир селекторот Мирсад Јонуз не информираше дека ќе бидат повикани дванаесет фудбалери од странство како и седум фудбалери од нашето првенство кои ќе бидат потенцијални кандидати за "А" селекцијата.

" На овој турнир ќе бидат повикани нашите интернационалци од странските екипи кои немаа доволно минутажа во А селекцијата, потоа неколку фудбалери од домашното првенство, како и дел од нашиот младински репрезентативен погон. На турнирот во Јемен треба да одиграме два меча, имињата на репрезентациите со кои ќе се сретнеме ќе ги имаме за неколку денови. Во секој случај ова ќе биде убава можност да 'се снимат' квалитетите на сите фудбалери за кои што сметаме да бидат дел од нашата најдобра селекција", истакна селекторот Јонуз.

Инаку, фудбалерите кои ќе се наметнат со својата игра на турнирот во Јемен ќе бидат дел од двете престојани пријателски средби против Азербејџан и Романија, кои ги играме на 29 мај и на 2 јуни. Списокот на репрезентативците кои ќе бидат дел од овој турнир како што не информираше селекторот Јонуз ќе се знае за неколку денови.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Нели прво од Јемен треба да ни ги платат билетите :)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
Миле Ристов ке настапи за репрезентација на Македонија под 19 години


10 May 2010



Полека но сигурно челниците на Македонската репрезентација ги поправаат грешките кој направија во минатото кога не го повикаа Саша Огненовски да настапи на Македонската репрезентација, тое сега се случи со младиот Миле Ристов од Милпарк Лејкс од Мелбурн кој настапува за Хјум Сити и беше повикан од страна на тренерот на Македонската репрезентација опод 19 години и ке настапи во Охрид против Ирска.



Миле Ристов ке биде во Македонија до 13 мај а после тоа заминува во Фракфурт Германија каде ке настапи со тимот на Ф.К. Мелбурн на турнит во Германија.
При нашата посета кај него во минатат среда Миле со гордост ни ја покажа поканата за настап за Репрезентацијата на Македонија а ова ке биде втор настап за Македонија а првиот пар било кога имал 17 години, му посакуваме се најдобро и да не преставув анајдобро затоа што се гордееме со него.
http://informator.ws/makedonska-zaednica-avstralija/13400----------19-.html
 

BOBI_KOSA

Ишишан, Заклан
Член од
16 април 2008
Мислења
359
Поени од реакции
9
Вчера на ,,Билјанини Извори‘‘ во Охрид, Македонија - Ирска под 17 год 1-0 за нас. Значи во целост доминиравме не е случаен резултатов. Нуриши во второ полувреме украде една топка изби сам пред гол и со удар по земја за наше водство. После се повлековме но нашево голманче ѕвер, мислиш Касилјас е дојден за Македонија да бранит. Браво за дечкиве, аку не друго барем ќе ги заплашиме Ирциве сега за кфалификацииве. ;)
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.489
Поени од реакции
8.647
Македонија против Буркина Фасо во стартот на турнирот во Јемен

Мечот ќе се одигра утре во 14,45 ч., во истиот термин в четврток и в сабота ќе играме со Оман, односно Јемен
Сашко Ѓ. Димовски
Утре против Буркина Фасо (14.45 ч.), во четврток со Оман (14.45 ч.) и во сабота против домаќинот Јемен (14.45 ч.). Ова е распоредот на натпреварите на фудбалската Б репрезентација на Македонија на „Јемен Јунификејшн Куп“ турнирот во Сана, престолнина на Јемен, што ќе се одржи од 16 до 22 мај. Турнирот ќе се игра по систем секој со секого, а не како што беше првично најавено со две полуфинални двојки, меч за трофеј и за трето место.

Македонија со комбиниран состав отпатува во Јемен предводен од селекторот на фудбалската репрезентација до 21 година, Бобан Бабунски. На пат поведе 20 играчи кои денеска ќе одработат и еден тренинг во време на утрешниот дуел со селекцијата на Буркина Фасо. Најголем број од нив, 13, доаѓаат од клубовите од домашното првенство, останатите седум се интернационалци, членови на нашата млада селекција. Боите на Македонија на турнирот во Сана ќе ги бранат голманите Андреја Ефремов (Металург), Столе Димитриевски (Македонија Ѓ.П.), за дефанзивната линија ќе конкурираат Даниел Георгиевски (Меџимурје/Хрватска), Владимир Димитровски (Металург), Александар Лазевски (Телеоптик/Србија), Седат Бериша (Милано), Дарко Глишиќ (Вардар), Горан Богдановиќ (Скопје), Владица Брдаревски (Пелистер), за креација на играта ќе бидат задолжени Стефан Ристовски (Парма/Италија), Јани Урдинов (Рода/Холандија), Милован Петровиќ (Победа), Филип Дурански (Славија Прага/Чешка), Александар Вељановски (Пелистер), а голови ќе се очекуваат од Самир Фазли (Херенвен/Холандија), Маријан Алтипармаковски (Пелистер), Илија Несторовски (Словачко/Чешка), Горан Сиљановски (Вардар), Филип Петров (Вардар), Теран Хасани (Шкендија).

Турнирот во Јемен е надвор од термините за одигрување на пријателски натпревари на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА). И затоа ваквиот комбиниран, и малку чуден состав, на Бабунски. Дел од фудбалерите што ги одведе во Сана, поради возраста, немаат право за настап во младата репрезентација на Македонија.

Враќањето на нашата фудбалска експедиција од Јемен е предвидено на 23 мај.



Вооружен напад врз конвоЈ

возила на претседателот на Јемен




Фудбалскиот турнир во Јемен во кој, покрај домашната селекција, Оман и Буркина Фасо, учествува и комбинирана репрезентација на Македонија, падна во сенка на вооружениот напад врз конвој на претседателот на таа земја. Во инцидентот животот го загуби еден припадник на претседателската гарда, а тројца се потешко повредени. Според Касим Ал Афифи, заменик гувернер на провинцијата Ал Дале, во конвојот возила врз кои беше отворен оган не бил претседателот на Јемен, Абдула Салех.



Пусти хари за пари и во авганистан ќе ги пушти да играат па уште ако наместат една 1-2 или2-1 стално ќе си ги зема па и првенството со скрати за ова патување а купот не сакаше:tapp:
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.983
Список на играчите шо ќе играат на пријателските со Азербејџан и Романија

1. Пачовски Томе Жерминал Бершот / Белгија
2. Нурединоски Един Етникос Aхнас / Кипар
3. Николовски Јане АЕП Пафос /Кипар
4. Шиков Ванче Етникос Aхнас / Кипар
5. Грнчаров Бобан АПОЕЛ / Кипар
6. Седлоски Гоце Матерсбург / Австрија
7. Митрески Игор ЦСКА Софија/Бугарија
8. Новевски Николче Мајнц 05 / Германија

9. Тодоровски Александар Рад / Србија
10. Алими Арменд Истра - Пула / Хрватска
11. Шумуликоски Величе Престон Норт Енд / Англија
12. Деспотовски Филип Ворскла / Украина
13. Грозданоски Влатко АЕЛ Лимасол/Кипар
14. Попов Горан Херенвен / Холандија
15. Георгиевски Славчо Етникос Ахнас / Кипар
16. Ѓуровски Марио Војводина / Србија
17. Тричковски Иван АПОЕЛ / Кипар
18. Лазаревски Владе Ријека / Хрватска

19. Ристиќ Стевица Бунјодкор/ Узбекистан
20. Пандев Горан Интер / Италија
21. Куртиши Менсур Магна / Австрија
22. Савиќ Душан Брашов / Романија



Дали конечно ќе го видиме и Ѓуровски да настапи за нас....
Иначе Стојков и Наумоски се повредени,затоа не се на списокот xD
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.332
Поени од реакции
15.595
Зашто на ффм.цом.мк пишува Б репрезентација? Знае некој кои играчии играа?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom