Македонска фудбалска репрезентација

Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
не се секирајте сигурно ке има стримови на интернет , еве ко сто глеам на резултати.цом веќе стој дека на 365 ке има пренос :) така да сигурно ке има и на други
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
1-2 vodime :D

2-2 kraj steta so ne pobedivme
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Ќе не даваат на Al Jazeera Sport +1, RTP 1, RTP Africa, RTP Internacional, RTP Madeira. Али чим не не даваат на МТВ сигурно ќе е нешто матно, па вака помалце луѓе да видат. Не дека ги брига али сепак...
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Ќе не даваат на Al Jazeera Sport +1, RTP 1, RTP Africa, RTP Internacional, RTP Madeira. Али чим не не даваат на МТВ сигурно ќе е нешто матно, па вака помалце луѓе да видат. Не дека ги брига али сепак...
Неофицијално ќе се играло со две топки в терен за да можиме и ние да поиграме со топка....
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
нека стават бе некој видеа да ги видиме барем головите :(
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Значи утре 1/2 тип ?
 
Член од
11 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
34

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Голема надеж ми се врати во фудбалот со генерацијата до 21 година и Давид Бабунски во неа, штом не ни го земаа Шпанците, сега полесно се дише, го очекуваме и во првиот тим наскоро.
http://balkan-sport.net/2012/05/david-babunski-presrecan-sam-zbog-gola-i-asistencije/
Шпанците ако сакаат може да го земат уште...
Ама не им е потребен играч како Бабунски, тие играчи како него имаат на кило.
 
Член од
11 мај 2012
Мислења
68
Поени од реакции
34
Шпанците ако сакаат може да го земат уште...
Ама не им е потребен играч како Бабунски, тие играчи како него имаат на кило.
Битно е да дебитира во првиот тим, желбата ја има , а и талентот е неспорен. Проблемот би бил доколку не сака да игра, што во овој случај не е така.
 
Член од
18 февруари 2011
Мислења
53
Поени од реакции
23
ФУДБАЛ - МАKЕДОНСKИОТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕЦ ДОЧЕKАН СО ДИСЦИПЛИНСKА ПОСТАПKА ОД ФФМ
Пријавите не го пишманат Наумоски

Немам намера да учествувам во „монтирани“ процеси за моите јавно кажани ставови, кои сите ги гледаат од авион, само не и актуелното раководство на ФФМ, враќа репрезентативецот по одлуката да биде ставен на списокот со лицата против кои се води постапка
Не ги менувам ставовите во зависност од дневните игри. Состојбата во која се наоѓа македонската фудбалска репрезентација не е добра. Ја гледаат сите дури од авион, само не и актуелното раководство на Фудбалската федерација на Македонија на чело со претседателот Харалампие Хаџи-Ристески, кој со сила и инает сака да го сврти вниманието во друг правец, само за да останат на своите позиции. Нема да ме пишманат. Не се плашам од ваквата валкан игра, борец сум и тоа безброј пати го докажав на теренот - вели со горчина Илчо Наумоски, до неодамна стандарден репрезентативец на Македонија во изминатите десет години.

Враќањето во татковината да го искористи одморот по успешно завршената сезона во Австрија каде беше избран во тимот на сезоната, со настапите за Матерсбург, беше непријатно за темпераментниот напаѓач. Наместо добредојде, беше шокиран со информацијата оти ФФМ му поднела дисциплинска пријава за неодамна изнесениот став во медиумите за изборот на селекторот Џон Тошак на репрезентативците кои треба во Португалија да одиграат два контролни натпревари, денеска со домаќинот и три дена подоцна со Ангола.

- Наместо на разговор за натпреварите, ме дочекаа информацијата дека сум ставен на тапет во ФФМ. Официјално за таквиот потег никој не ме известил. Да се казнува за јавно кажан став досега не сум сретнал пример. Па нели сме демократска држава и секој има право на свое мислење. Вистината не треба никого да го боли. Па зарем ние фудбалерите треба да водиме судски спорови со новинарите кога не критикуваат за лошите настапи. Чиста лудост, немам намера да учествувам во „монтирани “ процеси - вели Наумоски, и се навраќа на забелешки што ги упати на сметка на луѓето кои се грижат околу репрезентацијата.

- Фудбалот ни е таков каков што е. Го гледаме сите. Резултатите не можеме да ги преправиме. Треба да го види тоа и Хаџи-Ристески и ако нема решение како да го смени, а очигледно нема, треба да отстапи од претседателската фотелја. Така е во Австрија, каде што растев и играв. Таквите погледи за најважната работа на светот ги прифатив како нормална работа и немам намера да ги адапитирам во нашите фудбалски неприлики - додава Наумоски.

Македонија е на околу 100. позиција на ФИФА рејтинг-листата. Во квалификациите за ЕП-2012 заврши како петтопласирана. Во последниве години стана пациент на аматерските селекции како Андора, Луксембург... Тоа се фактите кои ни ФФМ не може да ги дрибла. Со ангажманот на скапоплатениот Џон Тошак во пакет со неговиот син Kамерон, кој беше направен во август изминатата година, почна да расте тензијата за изборот што го направи Хаџи-Ристески, а го одобрија неговите соработници во УО. Ситуацијата почна да врие по пролетниот пораз на Македонија на тестот од Луксембург (1-2), а ескалираше со изборот на кандидатите за двомечот во Португалија, меѓу кои се најдоа дури шестмина младинци. Атмосфера во и околу репрезентацијата нема.

- Немам ништо против моите колеги им посакувам успешни настапи и добри резултати. Се гордеам кога Македонија победува. Ако, некој најмногу сака да играме на завршница од ЕП или СП, тоа се играчите. Но, за такво нешто, покрај квалитет, организација, потребен е и амбиент, што, за жал, луѓето од ФФМ не го прават, а тоа го потврдуваат со последниот потег да поднесуваат дисциплински пријави против репрезентативци - вели Наумоски.

Наумоски во државниот дрес дебитираше како тинејџер кај тогашниот селектор Никола Илиевски - Џиџи. Сега на 28 годишна возраст има 45 настапи и 9 пати се има запишано во листата на стрелците.

- Од репрезентацијата нема никогаш да се откажам додека играм активно фудбал. Со сите мои добри и лоши страни секогаш сум го давал максимумот на теренот според моите можности. Не сум калкулирал. Се чувствувам горд и тоа неможе никој да ми го земе - враќа Наумоски.

Запрашан дали би се вратил во репрезентацијата ако Тошак се премисли и повторно го покани да го облече државниот дрес Наумоски без размислување вели: Да. Не играм за Тошак, ќе играм за Македонија. Па, јас се откажав од австрискиот пасош само за да играм за Македонија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=3F359B526BFA7041911EE25F9AB11B3C

http://www.idividi.com.mk/sport/fudbal/773149/index.html
--- надополнето: 26 мај 2012 во 11:16 ---
И Тошак е зрел за дисциплинска

Изненадувањата од ФФМ немаат крај. По репрезентативците, потписниците од десетте ОФС за свикување вонредно собрание, кое незадоволните од работата на Харалампие Хаџи-Ристески го закажаа за 23 јуни во Скопје, зрел за дисциплинска е и селекторот Џон Тошак. И велшкиот стручњак го навреди мак-фудбалот. На јавен настап.

Македонскиот селектор на прес-конференција кажа дека домашното првенство е на ниски гранки, со лоша инфраструктура, поради што е полошо дури од лигата во соседна Албанија, па затоа нема репрезентативни кандидати од македонските екипи. И никому ништо.

Очигледно челниците на ФФМ не се видоа во огледалото што им го извади од торбата Велшанецот и не презедоа правни санкции. Ако има правда, не треба да има и двојба. Но, во ФФМ тој збор е избришан од Статутот, кој не им е и запишан.

Со последниот непромислен потег да се спасуваат со покренување дисциплински пријави, ФФМ само го зголеми незадоволството и ги направи поделбите подлабоки. Го турна фудбалот во поголема криза. Ова не е првпат неистомислениците со претседателот Хаџи-Ристески да бидат елиминирани од фудбалската сцена. Ако, добро ме служи сеќавањето, само последниве три години од неговиот трет мандат, повеќе од десетина делегати од редовите на највисокиот раководен орган Собранието добија воспитни мерки. Ги издржаа, но не ги сменија различните погледи за фудбалот со Хаџи-Ристески.

Битката да се спаси пред да потоне заплисканиот македонски фудбалски брод продолжува.


http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C913A9E6F25DDF49A97974F47D298886
 

Kajgana Shop

На врв Bottom