Македонскиот фудбалски селектор Џон Тошак реши во првиот состав за дуелот со Португалија да стави во игра дури четири фудбалери од тимот до 21 година и тоа Стефан Ристовски, Јани Урдинов, Стефан Спировски и Самир Фазли.
Според информациите од Леириа, против Кристијано Роналдо и останатите, Македонија ќе се спротистави со следниов состав:Богатинов – Шиков, Грнчаров, Новески, Ристовски, Урдинов – Глигоров, Спировски, Тричковски, Пандев – Фазли.
Според имињата, оваа формација ќе биде ултрадефанзивна, со тоа што Тричковски и Пандев ќе бидат поддршка на средината на теренот, а Урдинов и Ристовски од крилните позиции ќе им помагаат на трите бранители пред голот на Богатинов. Првпат во улогата на главни креатори на играта ќе бидат Глигоров и Спировски, а во нападот осамен ќе биде Фазли.