Македонска фудбалска репрезентација

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.396
Поени од реакции
883
Од последните 5 мислам.
Се избришале некои порази од пред 5 години, па затоа се смениле резултатитe :)
Или поточно кажано тој 1 месец што е избришан од пред 5 години, ние сме имале послаби резултати од тие што биле до 97 место :), а после тој месец имаме подобри резултати од тие до 97 :D
Страшно нешто... до кај пропадна Мак фудбалов :(
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
Или поточно кажано тој 1 месец што е избришан од пред 5 години, ние сме имале послаби резултати од тие што биле до 97 место :), а после тој месец имаме подобри резултати од тие до 97 :D
Страшно нешто... до кај пропадна Мак фудбалов :(
Или поконкретно - избришан е натпревар против Босна и Херцеговина (одигран на гости) кој завршил нерешено (1-1 или 2-2 мислам)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Imaš makedonsko poreklo, makedonsko državljanstvo. Da li si ikada razmišljao o nastupu za nacionalni tim Makedonije?
Kaćaniklić: Nisam, igrao sam za mlade reprezentacija Švedske. Posedujem i srpsko državljanstvo. Igrao bih svakako za Švedsku, ali bih voleo da zaigram i za Srbiju ukoliko bi mi se ukazala prilika.

Еве ви го Качаниклиќ, да не замарате со него више :)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.053
Поени од реакции
74.643
Или поконкретно - избришан е натпревар против Босна и Херцеговина (одигран на гости) кој завршил нерешено (1-1 или 2-2 мислам)
2-2 беше, губевме 2-0 и се вративме без никаква игра :D
Го заебавав после другар од средно (Босанец) како во било кое време сме можеле да ги тепаме :pos:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.010
Поени од реакции
5.666
Imaš makedonsko poreklo, makedonsko državljanstvo. Da li si ikada razmišljao o nastupu za nacionalni tim Makedonije?
Kaćaniklić: Nisam, igrao sam za mlade reprezentacija Švedske. Posedujem i srpsko državljanstvo. Igrao bih svakako za Švedsku, ali bih voleo da zaigram i za Srbiju ukoliko bi mi se ukazala prilika.

Еве ви го Качаниклиќ, да не замарате со него више :)
Од кој извор... Србиве можат и да си измислат интервју, макар да логично е тоа што го кажува за Шведска.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.711
Поени од реакции
22.852
2-2 беше, губевме 2-0 и се вративме без никаква игра :D
Го заебавав после другар од средно (Босанец) како во било кое време сме можеле да ги тепаме :pos:
И тоа сите 4 гола беа постигнати во прво полувреме. Ех, времиња беа тоа, кога сеуште гледавме натпревари на репрезентацијата и дури се надевавме дека можат да направат нешто. :rolleyes:
 
Член од
8 јули 2011
Мислења
265
Поени од реакции
202
<a HREF="http://ad.httpool.com/click.ng/site=mkmkdmk&targetsite=mkmkdmk&AdSize=728x90&PagePos=1&subcat=entry" target="_blank"><img SRC="http://ad.httpool.com/image.ng/site=mkmkdmk&targetsite=mkmkdmk&AdSize=728x90&PagePos=1&subcat=entry" border="0"></a>
Пет факти дека мечот со Луксембург не е наместен и пет причини зошто мора да има промени во ФФМ

01мар 201222:19

Поразот од Луксембург веднаш ги подгреаја сомневањата дека мечот бил наместен „два во еден“, дека огромни пари се уплатени на коефициент 35, а на социјалните мрежи кружи тикет уплатен во Куманово на кој се гледа уплата од 50 и добивка од 1.750 денари, како и коментари дека којзнае колку такви ливчиња се уплатени… Но, да се намести меч на национална репрезентација, уште и сениорска, со играчи кои вредат милиони евра е невозможно!


Момент од срамниот меч во Луксембург
Еве ви пет факти зошто е тоа така:
1. Се нема родено маж што ќе излезе пред фудбалер од рангот на Пандев (дневната заработка му е 16 илјади евра) и ќе му рече „мечот е наместен, мора да заврши два во еден“.
2. Не постои обложувачница во светот која лесно ќе прифати „милионска“ уплата на пресврт на дуелот Луксембург- Македонија, а притоа да не ја информира УЕФА дека мечот е сомнителен. Последен пример – кипарскиот-куп дуел Арис – Етникос беше одложен поради тоа што некој уплатил 200.000 евра на победана гостите на коефициент три. УЕФА била алармирана, а мечот одложен.
3. Ако мечот е наместен, никој нема да чека пресвртот да дојде во 92. минута за да прими или да даде гол, тоа ќе биде направено многу порано и многу понеспретно (сетете се на мечот Победа-Пјуник како прилепчани бегаа од топката за да примат гол).
4. Никогаш не може тајната да остане тајна, зашто има 19 фудбалери и пет тренери во цела експедиција, а секогаш ќе се најде некој што ќе се „излае“
5. За мечот да заврши со пресврт, мора да биде запознаен и противничкиот тим, што значи дека и Луксембург би бил замешан во евентуална местенка „два во еден“.

Сепак, поради овој срамен резултат, но и поради долгите години лошо менаџирање на репрезентацијата и на домашноот првенство, во ФФМ мора да дојде до промени. Но, не само да заминат еден или двајца, туку целокупната структура која во овие 10 години е воспоставена. Од претседателите на оштинските сојузи, до делегатите во Собранието, Управниот одбор, генералниот секретар и на крајот претседателот. Народот и природно се засити од едните те исти ликови кои го водат фудбалот, нема свежи луѓе, нема познати спортски фаци. На крајот на краиштата, синоќа на дуелот Хрватска-Шведска имаше само пет илјади публика, поради бојкотот спрема раководството на хрватската федерација. А Хрватите се речиси редовни учесници на сите големи натпреварувања, но ете, ниту тоа не е доволно за раководството да биде мирно.
Пет причини зошто мора да има промени во ФФМ:
1. Актуелната власт смени шест селектори, од кои тројца странци (Слободан Сантрач, Среќко Катанец, Џон Тошак), а националниот тим не мрдна ни место погоре. Напротив, тонеме како Конкордија.
2. ФФМ стана гнездо на непотизам, каде што се напикани сите што се некому роднини, кумови, браќа, сестри… без разлика дали се добри и образовани кадри или родени под среќна ѕвезда (читај: да имаат близок да ги пикне во ФФМ).
3. Домашната лига одамна е за потсмев, иако во последните неколку години нема големи скандали. Нередовни плати, неплаќање на судии и лиценци, немање синдикат на фудбалери.. на сето ова ФФМ упорно мижи, само за мир во куќа.
4. Зависноста на челниците на Федерацијата од албанските гласови на делегатите, што најмногу се гледа во домашното првенство каде што клубовите како Ренова и Шкендија се најзаштитени и покрај тоа што редовно на нивните стадиони нема основни услови за фудбал. Последната одлука за пролонгирање е токму нивната желба за подолги подготовки, зашто во Тетово имало снег и „не се тренирало“.
5. Актуелната фудбалска власт одамна им е здосадена на народот и никој веќе не им верува ниту на малкуте добри проекти. Дури и доаѓањето на Шпанија на пријателска средба не беше спектакл, туку излезе скандал поради билетите (прво се продаваа ненумерирани, а потоа се менуваа за нумерирани, по што имаше огромни турканици пред билетарата).
Златко Крстевски

--- надополнето: 20 април 2012 во 01:47 ---
Виси пријателската со Португалија поради срамот со Луксембург

01мар 201210:51

Закажаната пријателска средба со Португалија за на 26 мај во Лисабон е доведена во прашање поради срамот на македонската фудбалска репрезентација на дуелот со Луксембург. Иако ФФМ минатиот четврток објави дека Македонија ќе одигра тест-дуел со Португалија, меч што ќе биде генерална проба на Кристијано Роналдо и другарите пред ЕП во Полска и Украина, сепак, работата може да се изјалови, зашто договорот се уште не е потпишан, а сега постои сомнеж од другата страна за „исплатливоста“ на таа контролка.


Колку голови може Роналдо да ни даде за 45 минути?
Иако од ФФМ најавуваат дека работата е сигурна иако не е ставен потпис на договорот, дознаваме дека сега, Португалците имале сериозни негодувања за одигрување на натпреварот, токму поради поразот на Македонија синоќа. Реакциите биле во насока дека на селекцијата на Португалија не и треба тест со репрезентација која губи од Луксембург, кој патем, е во иста група со нив за квалификациите за пласман на СП во Бразил.
Исто така, поразот од Луксембург им направи мечкина услуга на сите македонски репрезентативци кои се надеваат дека со нивниот репрезентативен статус полесно ќе направат трансфер летово. Веројатно, и дестинациите како Казахстан, Азербејџан, Кина и Кипар веќе нема да бидат толку сигурни како што беа досега. А за лигите како англиската Премиер, италијанската Серија А и германската Бундес, воопшто и да не споменуваме…

http://www.mkd.mk/16763/sport/prijatelskata-so-portugalija-visi-poradi-sramot-so-luksemburg/
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
Незнам што имаше потреба да ја објавиш веста дека пријателскиот дуел со Португалија е уште неизвесен и не е сигурно дали ќе биде договорен кога таа вест е повеќе од месец и пол стара и уште одамна е официјализирано од двете страни дека натпреварот ќе се одигра и месец ипол стои веќе на календарот на фифа...
 
П

Паспарту

Гостин
Без разлика кога е напишан, овој дел од текстот според мене е сосема реален:

Веројатно, и дестинациите како Казахстан, Азербејџан, Кина и Кипар веќе нема да бидат толку сигурни како што беа досега. А за лигите како англиската Премиер, италијанската Серија А и германската Бундес, воопшто и да не споменуваме…


Саша Ќириќ беше одличен играч во Германија, Тони Мицевски исто, а денеска "талентите" од рангот на Хасани не можат да се изборат ни да го гледаат мечот од трибини, ете до каде отиде репрезентацијата. Сеуште имаме неколку просечни играчи, тешко нас ќе биде кога за неколку години и тие просеци ќе си отидат па ќе треба некој од "талентираниве" да ги замени. Сега кружиме околу дното, а наскоро и ќе влеземе во истото...
 
M

MrzaRules

Гостин
немој така за Хасани,дечкото направи трансфер(одмор) во Волфсбург II
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
Мојсов суспендиран во војводина, нема да игра до крајот на сезоната и му е забрането да направи трансфер пред да му истече договорот, што е тек идното лето... Идиотска работа....
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.759
Поени од реакции
9.539
Мојсов суспендиран во војводина, нема да игра до крајот на сезоната и му е забрането да направи трансфер пред да му истече договорот, што е тек идното лето... Идиотска работа....
Причина?
 

thisisnoizy

Good things take time
Член од
29 јули 2010
Мислења
2.010
Поени од реакции
2.043
Агим Ибраими шампион во словенското првенство со Марибор. Убедливи беа оваа сезона. Стандарден првотимец е нашиот репрезентативец во Марибор.
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.149
Поени од реакции
4.033
Излегоа гласини дека потпишал за Партизан по кризата која завладеа во Војводина, и одма си дсоби казна од сегашниот клуб :)
А гласините не ни беа точни, и онака беа тоа измислици...

Агим Ибраими шампион во словенското првенство со Марибор. Убедливи беа оваа сезона. Стандарден првотимец е нашиот репрезентативец во Марибор.
Браво за него, ама искрено мене не ми е тоа некое големо достигнување во Словенија да бидеш редовен и да освоиш титула, нивната лига е на исто ниво како нашата... Уствари и се гледа по неговите настапи во репрезентацијата колку се тие негови успеси за Марибор реален показател за неговите квалитети - таму е еден од најдобрите играчи во тимот и секој натпревар дава голови, а во репрезентација ни е убедливо најслаб играч, барем од овие редовниве репрезентативци годинава (бетер и од Хасани е кој прво играше во Шкендија а сега со месеци само дреме на трибина во Германија)...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom