Против Словачка на стартот на евро-квалификациите
Фудбалската репрезентација на Македонија квалификациите за Европското првенство 2012 година ќе ги почне и ќе ги заврши против репрезентацијата на Словачка.
Првиот натпревар од овој циклус квалификации Македонија ќе го одигра на 3 септември во Словачка. Четири дена подоцна македонската репрезентација ќе и биде домаќин на Ерменија.
Во октомвриските термини најпрвин на 8-ми избраниците на Мирсад Јонуз ќе и гостуваат на Андора, а потоа на 12-ти ќе бидат домаќини на Русија.
Следната година натпреварите ќе започнат на 26 март кога Македонија ќе и гостува на Република Ирска, а истите две репрезентации на 4 јуни ќе играат во Скопје.
На 2 септември идната година ќе играат Русија – Македонија, а по четири дена Македонија - Андора.
Последните два натпревара од овие квалификации македонските репрезентативци ќе ги одиграат во октомври 2011 година. На 7 октомври Македонија ќе игра на гостински терен против Ерменија, а на државниот празник 11 Октомври Македонија ќе ја пречека Словачка.
Првиот впечаток на селекторот Мирсад Јонуз е дека 70 проценти од желбите се исполнети. Првите четири средби според него даваат убава можност репрезентацијата на Македонија да го покаже вистинското лице и да собере бодови кои можат да обезбедат одлична позиција за продолжението од квалификациите.
- Најважно за нас е стадионот да биде подготвен за првите две средби, што значи јужната трибина заедно со северната и потребното осветлување да функционираат беспрекорно.
Побарав од нашата делегација во Тел Авив да разговара со руската делегација за поместување на средбата Македонија – Русија ако е можно во ноемврискиот термин токму од овие причини, а и за да избегне тежок натпревар по напорното патување за Андора. Секако за ваков епилог е потребна и согласност од останатите селекции во групата, е првиот коментар на селекторот Јонуз веднаш по денешната ждребка во Тел Авив.
Види почна мирсад да мисли со главата да се надеваме дека ќе се сложат русите и нама да иам проблем од другите да игарме покасно со нив оти од андора дури се вратат ќе немаат време да се спремат одморат за со русите и според мене нај важни утакмици ќе бидат првата со словачка и последната ако победиме на првата се ќе биди полесно потоа :smir: