Македонска фудбалска репрезентација

Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Имам едно прашање: порано некој на форумов постираше листа (мислам дека од википедија беше страната) со сите стрелци на нашата репрезентација, ама сеа неможам да ја најдам, ја има ли некој да ми ја прати, односно линкот од страната?
--- надополнето: Nov 1, 2011 3:35 PM ---
Имам едно прашање: порано некој на форумов постираше листа (мислам дека од википедија беше страната) со сите стрелци на нашата репрезентација, ама сеа неможам да ја најдам, ја има ли некој да ми ја прати, односно линкот од страната?
Види на ффм страната,мислам дека и они имаа ваква статистика.
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
А да да, на нивната страна може и ќе најдеш некоја информација лол

Види им го само моменталниот состав на репрезентацијата: пола играчи фалат а стојат некои што веќе година дена не биле повикани, а тие што се ставени на пола им е згрешена позицијата во тимот (Александар Тодоровски го рачунаат за напаѓач на пример, а он игра десен бек ЛОЛ и уште едно 5-6 вакви примери ги имаат) и на пола им се грешни имињата/презимињата (ај за некој од типот на Усеини што еднаш се појавил на клупа да не знаат како точно му е името разбирам, ама за играчи како Новески и Митрески кои 10 години играат и се едни од најважните играчи што сме ги имале, 10 години по ред стандардно грешно да им ги пишуваат имињата и да не научат еднаш веќе како се викаат тоа е стварно срамота и знак за крајна непрофесионалност), а не па уште да најдеш такви статистики од типот сите стрелци во историјата на репрезентацијата...

Само за пример кои резил се ФФМ кога станува збор за статистики: на последниов натпревар, нели Митрески се збогуваше од репрезентацијата, му дадоа дрес со број 71 демек толку настапи имал... А човекот (ти гарантирам) има точно 69 настапи (можам сите да ти ги набројам), просто неверојатен резил се, па коа веќе немаат податоци барем на википедија да провереа (јес да и таму стои грешно, пишува 70) или на некоја страна да се информираа, а не од рака да тресат и да нагаѓаат кога очигледно си немаат појма...
 
П

Паспарту

Гостин
Тошак броеше до 24, ама пак го заборави Ристиќ

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Џон Тошак, соопшти список од 24 фудбалери за пријателскиот меч со Албанија на 15 ноември во Прилеп. Во опширниот состав повторно го нема напаѓачот Стевица Ристиќ кој е во голгетерска форма во првенството на Јужна Кореја. Се враќа Илчо Наумоски, исто како и Бајрам Фетаи во нападот, а во средниот ред освежувања се Филип Деспотовски и Никола Глигоров. Тројца играчи се повикани на позицијата десен бек, вклучувајќи го сега и повратникот Александар Тодоровски.

Во составот е вклучен и Горан Попов, тој ќе треба да се појави на подготовките. Откако ги санираа повредите и се вратија во натпреварувачки ритам, во нападот се вклучени стандардните репрезентативци Горан Пандев и Агим Ибраими. Засилена е и голманската позиција со трет чувар на мрежата, повратникот во националниот тим, Един Нурединоски.

На списокот од 24 фудбалери за натпреварот со Албанија, има само двајца играчи од домашното првенство, Ферхан Хасани од Шкендија и Филип Деспотовски од Работнички, без ниту еден од лидерот на табелата Вардар. Овојпат нема повик за Влатко Грозданоски и за Филип Ивановски, како и за Роберт Петров кој настапува во Азербејџан.

Подготовките на националниот тим почнуваат на 9 ноември во 19 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, за кога е закажан првиот собир, а следниот ден наутро репрезентацијата заминува во базата „Инекс Горица“ во Охрид.

Еве го изборот на селекторот Џон Тошак за пријателскиот натпревар со Албанија на 15 ноември во Прилеп.
http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=2238
 
Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Излезе списокот...

Доста играчи се повикани, што е и малку чудно со оглед на тоа што играме само еден натпревар. Претходните месеци по два игравме па помалку повикуваше ама нема везе.

Мислам дека пак ќе играме со формација 4-2-3-1:

-------- CF --------

- LW --- АМ --- RW -

---- DМ ---- DМ ----

-LB -- CB -- CB -- RB-

Кај голманите како што се очекуваше, повикани се Богатинов и Пачовски но овој пат вратен е и Нурединоски, па интересно ќе биде да се види кој од овие тројца ќе стартува и кој друг ќе добие шанса да влезе како замена, а кој ќе го гледа натпреварот од публика...

Голмани (GK): Мартин Богатинов, Томе Пачовски, Един Нурединоски

Во одбраната едина новост (за која веќе се знаеше) е враќањето на Тодоровски (вухуу), и исто така Роберт Петров (третиот лев бек од претходните натпревари) е заменет со Владимир Димитровски. Другото се е исто како и на претходниот натпревар, освен што нормално изоставен е Митрески кој се збогува со репрезентацијата, што значи вака изгледа одбраната

Леви бекови (LB): Горан Попов (кој нема да може да игра поради повреда), Александар Лазевски, Владимир Димитровски
Централни бекови (CB): Николче Новески, Ванче Шиков, Даниел Мојсов
Десни бекови (RB): Александар Тодоровски, Даниел Георгиевски, Владе Лазаревски

Во средниот ред покрај стандардните Шумуликоски и Демири повторно е повикан Ѓуровски, како и Деспотовски и Глигоров. Последниве двајца веројатно неочекувано, особено за Никола Глигоров кој последен пат беше повикан пред точно година дена, но искрено не верувам да добијат шанса овие двајца.

Дефанзивен среден ред (DM): Величе Шумуликоски, Мухамед Демири, Филип Деспотовски, Никола Глигоров

Во нападот главни новости се враќањето на Наумоски и Фетаи (за Фетаи не очекував) додека изненадувачки, иако беше најавен, повторно не е повикан Ристиќ!

Лево крило (LW):Иван Тричковски
Офанзивен среден ред (AM): Горан Пандев, Марио Ѓуровски, Бајрам Фетаи
Десно крило (RW): Агим Ибраими, Ферхан Хасани
Центарфор (CF): Илчо Наумоски, Мирко Ивановски
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.629
Поени од реакции
22.654
Дали на почетокот на ова видео се појавува селекторот Тошак или јас лошо гледам? Со оглед на тоа шо постојано е во Барселона, веројатно е он тоа. Барем имал можност на натпреварот Барса-Сити(младинците) да го гледа Давид Бабунски. :)

Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323

Тој е, да се надеваме дека че просперира Давид, како и брат му Доријан (кој си замина од школата на Барса во Реал ЊТФ), итекако надежни играчи и тоа за кај шо сме најтенки - средината!
 
П

Паспарту

Гостин
Темава за македонска фудбалска репрезентација е активна и интересна колку и страната за македонскиот бејзбол...

До кое дереџе дојдовме, фудбалот едноставно ни цвета!
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.629
Поени од реакции
22.654
Тој е, да се надеваме дека че просперира Давид, како и брат му Доријан (кој си замина од школата на Барса во Реал ЊТФ), итекако надежни играчи и тоа за кај шо сме најтенки - средината!
Значи Тошакот и Бабунски си се најдобри другарчиња. 100% Бабунски и ја завршил работата за Тошак да стане селектор. Бабунски често е во Барселона, Тошак исто така на неколку пати кажуваше дека често престојува во Барселона(дури и договорот со Хари беше склучен во Барселона). Еве и на видеото на претходната страна и Бабунски е заедно со Тошак на трибините и си го гледаат Бабунски џуниор. Во наредните пријателски или наредниот циклус, ништо чудно ако заигра Давид во репрезентацијата. :)
 
Абе ако се покажува подобро од Тасевски - Шумахер - Демири зошто да не, ама ако ништо не го бива и го форсираат, маф ни е работава
 
Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.629
Поени од реакции
22.654
Абе ако се покажува подобро од Тасевски - Шумахер - Демири зошто да не, ама ако ништо не го бива и го форсираат, маф ни е работава
Детето е едно од најголемите таленти на неговата генерација во школата на Барселона(пу, пу, да не го урочам), летово тренираше и со првиот тим, имаше и слика заедно со Меси во соблекувалната. :) Пред неколку дена тренираше и со младите од репрезентацијата на Каталонија, чиј селектор е Јохан Кројф. :)
 
Член од
23 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
16

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Значи Тошакот и Бабунски си се најдобри другарчиња. 100% Бабунски и ја завршил работата за Тошак да стане селектор. Бабунски често е во Барселона, Тошак исто така на неколку пати кажуваше дека често престојува во Барселона(дури и договорот со Хари беше склучен во Барселона). :)
Или Бабунски е сеуште тренер и го кажува ростерот, а Тошак само ја посетува Македонија ко што ја посетува Барселона... парите ваљда по пола ги делат... :)
 
Tiveriopol

Струмичанец
Член од
23 декември 2007
Мислења
1.198
Поени од реакции
959
Дали на почетокот на ова видео се појавува селекторот Тошак или јас лошо гледам? Со оглед на тоа шо постојано е во Барселона, веројатно е он тоа. Барем имал можност на натпреварот Барса-Сити(младинците) да го гледа Давид Бабунски. :)

Па види при седнувањето од кој е придружуван. Малку се гледа но доволно никој друг туку маестро Бобан Бабунски
 
Kajgana Shop

На врв Bottom