Македонска фудбалска репрезентација

П

Паспарту

Гостин
Македонија - Турција 1:1

Во првиот претквалификациски дуел, попладнево во Турново, селекцијата на Македонија до 17г. одигра 1-1 со фаворитот број еден во групата , Турција. Гостите први го отворија резултатот со голот на Чичек во 9м. Македонија израмни во 25м со автоголот на Ибрахим Ајдин.
Вредно е да се истакне дека од 64м игравме со играч помалку по исклучувањето на Наумоски поради втор жолт картон.
Македонија настапи во следниот состав: Илиев, Саити(Маркоски,Зибери) Трајковиќ, Спиркоски(Златанов), Зајков, Сулејмани , Имери, Д.Велкоски, Д. Бабунски, Аврамоски и Наумоски.
- Лично сум задоволен од резултатот, но не и од играта бидејќи некои играчи потфрлија особено на тактички план. Навистина сум разочаран бидејќи седум дена работевме токму во тој правец но се надевам дека до следниот натпревар со Шкотска ќе ги поправиме тие недостатоци. Денеска бевме подобар противник иако 30-тина минути игравме со играч помалку. Жал ми е што одличните 4 шанси на стартот Аврамовски, Бабунски и Спиркоски не ги искористија. Мислам дека многу ни попречи и лошиот терен. Од Турција како фаворит број 1 во групата повеќе очекував но дури по исклучувањето на Наумовски направија некоја шанса. Останува да се поправиме до дуелот со Шкотска и со победа го визираме учеството во вториот круг бидејќи имаме добра генерација, 5-6 извонредни играчи и доколку и другите ги сфатат моите совети ќе стигнеме многу далеку во овој циклус- изјави селекторот Горан Петрески.
Во втората средба во Струмица, Шкотска го совлада Сан Марино со 3-0.
2.КОЛО
26.10.14ч Струмица Шкотска-Македонија
14ч. Турново Турција –Сан Марино

http://ffm.com.mk/reprezentacijau17/u-17-odlichno-izdanie-protiv-turcite-2070
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Добар резултат... Инаку ова со Наумоски, нешто сомнително ми е во презимето :D
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Хахаха и јас баш се мислев кој е тој Наумоски :)
 
Член од
23 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
16
Да разјаснам само нешто, јас ги наведов овие фудбалери од странство како можности за напредок бидејќи се сите одлични играчи, многу подобри од оние што моментално ги имаме, но и самиот наведов ако се нафатат да играат! Јас не им облеков Македонски дрес, само ги споменав дека постојат и се додека не облечат дрес на друга сениорска репрезентација постојат шанси какви такви да заиграат за нас. Што треба ние да направиме? Да не ги забораваме, да ги споменуваме и гледаме како наши играчи бидејќи тоа може да донесе резултат, а не како досега се споменуваат некои "наши" кои исто немаат заиграно за нас а играат во далеку послаби лиги и тимови а овие ги забораваме, па како сакаме тие да играат за нас !
Malku ke vi si ufrlam vo diskusijata, se slozuvam so tebe treba site tie decki da se soberat na kup i so nekolkute kvalitetni reprezentativci ke imame top selekcija, ama treba da se deluva a ne samo prazni muabeti. Koga mehmedi pocnuvase da se afirmira vo cirih kako prvotimec sakase da igra za makedonija ne go sobraa i sega si igra za swiss, lma i takvi sto ne sakaat ama mora da se napravi strategija kako do niv. Za kraj dzabe ke ja napraime taa selekcija koga temelite lezat vo prvenstvoto koe ni e ocajno po kvalitet a klubovite nemaat strategija i ziveat od denes za utre
 
П

Паспарту

Гостин
Репрезентативецот Фазли не игра за Херенвен ниту во Купот против нисколигаши

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Самир Фазли, кој беше прв напаѓач на националниот тим на дуелот со Словачка, не играше за својот тим Херенвен ниту во холандскиот куп со нисколигашот Харкемасе бојс (6-1). На официјалнит веб сајт на Херенвен нема информација ниту дека Фазли е повреден, а досега во сезоната 2011/12 тој одиграл само пет натпревари и постигнал еден гол за резервниот тим на Херенвен.

Овие информации сериозно го доведуваат во прашање кредибилитетот за избор на репрезентативци во А-репрезентацијата на Македонија, од страна на селекторот Џон Тошак и неговиот асистент Бобан Бабунски, ако се очекува во нашата најдобра фудбалска селекција да играат најподготвените и најквалитетните фудбалери. Со оглед дека не настапува воопшто за првиот тим на Херенвен, Самир Фазли дефинитивно се уште не е кадар за А-селекцијата, иако се работи за млад и талентиран фудбалер. Тој е еден од носителите на играта во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, но се чини дека премногу брзо добива шанса во најдобриот сениорски состав, заедно со уште неколку фудбалери од младата селекција до 21 година.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1951
 

Jap Mak Sun

Регент
Член од
19 октомври 2011
Мислења
155
Поени од реакции
45
Репрезентативецот Фазли не игра за Херенвен ниту во Купот против нисколигаши

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Самир Фазли, кој беше прв напаѓач на националниот тим на дуелот со Словачка, не играше за својот тим Херенвен ниту во холандскиот куп со нисколигашот Харкемасе бојс (6-1). На официјалнит веб сајт на Херенвен нема информација ниту дека Фазли е повреден, а досега во сезоната 2011/12 тој одиграл само пет натпревари и постигнал еден гол за резервниот тим на Херенвен.

Овие информации сериозно го доведуваат во прашање кредибилитетот за избор на репрезентативци во А-репрезентацијата на Македонија, од страна на селекторот Џон Тошак и неговиот асистент Бобан Бабунски, ако се очекува во нашата најдобра фудбалска селекција да играат најподготвените и најквалитетните фудбалери. Со оглед дека не настапува воопшто за првиот тим на Херенвен, Самир Фазли дефинитивно се уште не е кадар за А-селекцијата, иако се работи за млад и талентиран фудбалер. Тој е еден од носителите на играта во младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, но се чини дека премногу брзо добива шанса во најдобриот сениорски состав, заедно со уште неколку фудбалери од младата селекција до 21 година.

http://ekipa.mk/News.aspx?newsId=1951
Искрено го пратам Фазли уште додека беше во Македонија Ѓорче Петров и уште тогаш видов дека момшето е преисфорсирано.Фазли може да игра највеќе во Првата Македонска Фудбалска лига. За во репрезентација ни во краен случај, нема завршница, спор е, слабо игра со глава, лош прием на топка, дриблинг никаков, само забележувам дека е доста цврст, ама тоа е премалку за еден репрезентативен напаѓач. А во Херенвен отиде само поради тоа што има добар менаџер и според фамата што ја кренаа медиумите дека демек Сампдориа го барала, па Херенвен наседнаа мислејќи дека е некој талент, Попов кажал свое мислење како тогаш најдобар играч во тимот, пратиле снимки со исочоци од неговите најдобри потези(не е битно против какви тимови), и Самир Фазли замина во Холандија.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
16
I taka sredniot red ni e tinja(go nemame) zosto ne mu se ukaza sansa na emin sulimani svoevremeno najavuvan deka ke zaigra za nas ili dragan stojkov koj do pred nekoja godina igrase za u21 reprezentacija ili pak sevdailj selmani. Ne sum zapoznaen so nivnite kvaliteti megjutoa polosi od ovie sega tesko da se
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
974
Македонија u17 5-0 Сан Марино u17

Гол на Велковски од пенал, два гола од Аврамовски и два гола од Имери.
 
П

Паспарту

Гостин
Уште само тоа ни остана, да се радуваме на успеси над репрезентации како Сан Марино...
 
Член од
23 март 2011
Мислења
88
Поени од реакции
16
Mislam deka orhan mustafi bi bil odlicno osvezuvanje vo napadot vo ovoj moment. Znam deka veke ne odbi ama bidejki sega ne go forsiraat tolku za swiss bi mozel da prifati a i uste ne zaigral za seniori
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Младинскиот репрезентативец,поранешниот играч на Шкендија,Џелил Абдула кој игра во холандски Де Графшап го постигна 5-иот гол во победата на својот тим од 5-1.

Голот тука од 2.40

http://videobb.com/watch_video.php?v=JgZeJPzKbBgB
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Попов и Новески отпаднаа од списокот за натпреварот против Албанија - и двајцата се повредија викендов.

Што значи ќе играме со Б одбрана и ќе се ослободи место за нови играчи во тој ред, со оглед на тоа што Новески и Попов ни се баш најстандардните во таа линија...

Најверојатно ќе стартуваме со оваква одбрана:

Лазевски - Мојсов - Шиков - Тодоровски

Покрај нив, едина сигурна резерва е Даниел Георгиевски кој ќе биде резервен десен бек, но најверојатно ќе повика и уште еден лев и централен бек, па интересно е да видиме за кого ќе се реши. Се очекуваше Новески, Шиков и Мојсов да биде централната тројка, но штом Новески отпадна ќе се бара четврт. Митрески (кој до сега ни беше четврт) веќе се збогува со репрезентацијата по последниот натпревар така да можно е враќање на Бобан Грнчаров или некој од У-21 репрезентацијата... Што се однесува до левата бековска позиција каде што стандарден е Попов а Лазевски негова резерва, овој пат Лазевски ќе стартува а најверојатно (али се надевам не) Роберт Петров пак ќе биде повикан да биде резерва за таа позиција, или евентуално може ќе се реши да го проба Владимир Димитровски со оглед на тоа што на Петров веќе му даде шанса, башка реално гледано не е тој играч на кого може да рачуна за опција за следните квалификации...
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Имам едно прашање: порано некој на форумов постираше листа (мислам дека од википедија беше страната) со сите стрелци на нашата репрезентација, ама сеа неможам да ја најдам, ја има ли некој да ми ја прати, односно линкот од страната?
--- надополнето: Nov 1, 2011 3:35 PM ---
Имам едно прашање: порано некој на форумов постираше листа (мислам дека од википедија беше страната) со сите стрелци на нашата репрезентација, ама сеа неможам да ја најдам, ја има ли некој да ми ја прати, односно линкот од страната?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom