Игра стандардно во Хрватска, ама не се добива Италија со играчи од хрватско првенство.Која е оваа превара 17ката, Елези? Овој грам памет и техника нема, од каде го извадија овие политичкиве гомна у ФФМ?
И ја го спомнав во еден претходен пост, нема врска од игра, типот треба да се тргне од тимот што поскоро
Не е само до него напротив има многу работи што треба да се средат почнувајќи од федерацијата па до тренери и играчи, зар некој очекува да се носиме со силни селекции со ликови што на сила се ставани да играат во тимот? Од овие квалификации се виде дека е толку уште по тоа со Украина и нема да имаме никаков напредок се додека не се решат некои работи и не се стават на место.Ако е само до него ке беше феноменално... Ова е можам да кажам најлошо полувреме кое некогаш го имаме одиграно... Никаква игра во напад никаква поставеност во одбрана... Буквално ништо не играме... Италијанците ако стиснат у второ мислам дека 10 ке ни дадат... Боби очигледно е само марионета кој не знае кај тера... Не дека играчите се сјајни далеку од тоа, но толку лоши не сме биле ни во времето на Величе Шумуликоски и компанија...
Истиот универзум што ја сврти со Украина во Скопје.Само еден Господ знае како дадовме 2 гола денес. Некад универзумот не е баш најјасен.