Македонска фудбалска репрезентација

Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.551
Поени од реакции
1.547
У лига Б го јадеме немиен и можеме да заборавиме на квалификација за Мундијал преку ЛН. Погледни ги репрезентациите што се таму не се заебавај. Лига Б е озбилна работа и мислам дека може да влеземе од куриозитет ама да се надеваме на пласман преку неа мало сутра. Може да си ја искористиме за влез па после ако испаднеме преку лига Ц пак лабаво влез на уште едно Европско. Треба да се бидне паметен со циклусиве и да се менаџираат соодветно истите.

Реално да збориме Мундијал е голема работа и за исто треба апла квалитет кога си од Европа. Треба да го бркаме преку нормални квалификации а не преку Лига на Нации за да не си реметиме шанси за влезови на ЕП преку Лига на Нации.
кој рече одиме Лига Б за да освојуваме? одиме за да играме јаки и интересни натпревари. пласман во мундијалски бараж може да биде само бонус, а од Ц секако не можеш до таков бараж да стигнеш затоа што не е форматот како за на ЕУРО и одат многу помалце. така да ништо не губиш, може само да добиеш. ама далеку е Мундијалот, уште ни форматот не е воспоставен и може Лига на нации и целосно да ја одвојта од Мундијалите особено ако ја спојат со Јужна Америка (уште еден плус од играње во Лига Б пошо јужноамериканците ќе бидат распоредени само во А и Б).
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
Шо знам колку е добро воа. Да не го закотват на клупата во Барса па да му падне формата.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.866
Поени од реакции
2.845
Шо знам колку е добро воа. Да не го закотват на клупата во Барса па да му падне формата.
Замисли Македонец во гигантот Барселона, колку убаво звучи.
Ќе биде прв Македонец кој настапувал во Реал или Барса.
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
662
Поени од реакции
1.344
Замисли Македонец во гигантот Барселона, колку убаво звучи.
Ќе биде прв Македонец кој настапувал во Реал или Барса.
Супер ќе биде тоа доколку го стават и прв голман да е, сепак ќе видиме.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.277
Поени од реакции
5.530
Супер ќе биде тоа доколку го стават и прв голман да е, сепак ќе видиме.
Сериозен си за напишаново? Столе има свои квалитети, си го почитувам ептен како кумановец ама прв голман пред Тер Штеген може само на утакмици со нисколигаши во шпански куп да бидне.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.444
Поени од реакции
11.365
Сериозен си за напишаново? Столе има свои квалитети, си го почитувам ептен како кумановец ама прв голман пред Тер Штеген може само на утакмици со нисколигаши во шпански куп да бидне.
Излегоа шпекулации дека Дортмунд го сака Тер Штеген, може затоа овие рагледуваат опции


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.566
Поени од реакции
5.610
Излегоа шпекулации дека Дортмунд го сака Тер Штеген, може затоа овие рагледуваат опции


Sent from my iPhone using Tapatalk
Научна фантастика ми е тоа. :D
Ако успеат Дортмунд да го земат Штеген тоа ќе биде одлично за нив, иако не верувам баш.


Од друга страна Столе ќе згреши ептен ако прифати било кај да игра а да не е прв голман. Греота е најдобрите години, баш коа фати форма да заврши некаде на клупа.
А би сакал да биде прв голман во екипа како Барса, иако не верувам баш дека тоа би се случило.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom