Ви ги читам коментарите и не ми се верува.
Ајде да молчиме иако сите знаеме дека неспособни идиоти лепаат милиони и се китат со перјата од фудбалерите.
Изгледа вие сте истите тие кои во фирма на работа по цел ден си куцкаат на телефон, а се жалат дека имаат премногу работа и не можат да постигнат.
Да ве чита човек без да знае што се случува ќе помисли дека Пандев крева бунт од финансиски интерес а Мети е жртвено јагне.
Тој Пандев што заработува милиони и е единствена позитивна асоцијација за фудбал во МК низ светот. И тој Мети од Кичево што стана милионер преку местење на лигата во вукојебинава.
Па кога да зборува ако не сега? Кога ќе спласне еуфоријата и некој нема да се интересира? Како кога бевме 200-ти на листа (карикирам, да не се лепите како муви на знаете што
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
).
Мети кога сакаше да го смени Ангеловски, после ЕП? Премии кога си подели раководството? Кога не се симнуваат од тв и медиуми од фалење колку се тие заслужни за пласманот на ЕП, сега или после ЕП?
Излегува дека фудбалерите се најмалку заслужни за она што го направија. Или треба да молчат и да гледаат како неспособни идиоти се фалат со нивниот успех?
Па уште Мрме си бирал фудбалери.
Да, со оглед на тоа што успеа да однесе репрезентација на ЕП и има право да бира кога сака!!! Затоа што има аругмент позади себе! Исто како што во секоја репрезентација има по некој за кој целата јавност се чуди (Англија, Бразил, Германија, Шпанија итн, итн).
Исто како што во клупскиот фудбал еден менаџер си бира играчи без разлика дали тоа некого му одговара.
И на крајот, истиот тој бизнисмен Пандев кој 10 години фрла пари во вукојебинава и изгради академија со фантастични услови за да развива таленти и ги продава низ светот а со тоа го крева и квалитетот на македонскиот фудбал, да е паметен треба да си го згасне клубот бидејќи тоа се фрлени пари во ветер.
И онака во секој момент тие од "горе" може да ја прекинат лигата и да си одредат кој ќе биде шампион и ќе игра во Европа како што направија минатата сезона. Или да се игра само еден меч по снег а останатите да се одложат поради истите причини.
Исто како што политиката го уништи Вардар.
А потоа кога ќе бидеме во рангот на Белизе како што и до скоро бевме, истите вие кои сега крекате дека Горан е политички и финансиски поттикнат за ова, ќе ве слушаме како плачете дека нема квалитет и се е наместено.
Пусто македонче ...