без да цитиорам, ќе одговорам директно.
Пандев од ФФМ не бара помош за Академија Пандев, туку бара сите прволигаши да имаат удел во носењето на одлуките, како за лигата, така и глас во ФФМ. тука чашата му се прели со натпреварот на снег од прво пролетно коло кога од ФФМ инсистирале натпреварот да се игра, иако двата клуба биле за одложување. а инсистирале затоа шо на Арена било договорено да иде пренос (беше и на МРТ, ама тие не се проблем и да им се откаже). наредниот ден ги одложија сите останатите натпревари, како што знаете. на Пандев логиката е: мојот клуб не добива ни денар од ТВ права, така да јас не сум обврзан кон никаков пренос, нека си пополнат програма со некоја снимка, шо ги ебам.
друго, еве на пример при претстојниот избор за претседател во ФФМ, клубовите немаат никакво право на глас. они се небитни. тоа е втората работа што ја бара, глас на клубовите. ние сме една од ретките земји која нема здружение на прволигаши, односно лигата стриктно ја води федерацијата и одлучува за се'. во секоја нормална земја лигата е посебно тело кое фукционира во рамките на федерацијата, но е водена од претставници на секој клуб. дури и втората лига има свое тело. кај нас ништо, ФФМ контролира се'. и тоа е така за да можат да прават калкулации, еднаш да му угодувата на еден клуб, после на друг и така сите ги држат, односно мнозинството и куќата е мирна.
Јовчев е тренер на голмани у репрезентација, у стручен штаб е. сите тренери добиваат премија.