Чекај малце сеа, ако добро разбрав, Илко Илија и Берик уште на непочната утакмица ги криват албанските играчи дека ќе не минираат и при неуспех против Косово вечер, они ќе бидат директните кривци.
Е сеа, хипотетички, ако изгубиме 2-1 вечер, гол за нас даде Барди а по некоја случајност еве Боби Николов си дае автогол а другиот гол го примиме по несмасна реакција на Столе. Дали и тогаш албанските играчи ќе ни бидат криви? Уствари што прашувам, па секако дека ќе ни бидат, не се труделе доволно. Берик нема ни да ја гледа утакмицата ама нема да пропушти испишани 4 страни на темава со еден ист досаден муабет. Илко Илија исто, он додуша може ќе ја гледа ама со какви очи и што ќе гледа ќе видиме по коментарите.
Ја сфаќам дека Албанците се поголеми националисти од нас и се гледаат исто без разлика дали некој е од Македонија, Швајцарија, Албанија, Косово, Грција и слично ама не гледам причина зошто нашиве Албанци им напраат услуга на некои странци (да странци пошто ниеден од тие не ни живее нит па некогаш раснел у Косово) да играат на Европско првенство а овие си дремат дома и ги гледаат.
Нашиве Албанци сами си ја одбраа Македонија ко нивна репрезентација баш од овие причини, и сеа да го шитнат сето тоа треба да се глупави.